Китино Кале

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Macedonian archaeology stub icon.svg
Macedonian archaeology stub icon.svg
Археолошки локалитет
Китино Кале
Китино Кале во рамките на aрхеолошки локалитет во Македонија
Китино Кале
Китино Кале
(aрхеолошки локалитет во Македонија)
Основни податоци
Име Китино Кале
Место Кичево
Општина Кичево
Тип
археологија: (портал, проект)  
Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба
археологија: (портал, проект)  


Период бронзено време
железно време
среден век
Портал:Археологија

Китино Кале е археолошки локалитет во Кичево. Локалитето птетставува утврдена населба од бронзеното и железното време и средниот век. Се наоѓа на висок рид со две платоа, кој претставува најдоминантна точка во средишниот дел на градот, каде се гледаат остатоци од темели од бедем и кули. По површината има фрагменти од керамички садови и градежен материјал. Најдени се и монети Македонија.[1]


Содржина

[уреди] Историја

Тврдината (во облик во кој постоела до пред помалку од 150 години) датира од Стар Рим.Податоци за постоењето на Кичево (како Кичавис) добиваме од византискиот император Василиј II.Во тоа време градот бил доста добро утврден и претставувал значаен воено-административен и трговски центар на Самуиловото царство.Се знае дека тука претстојувал и српскиот цар Урош II. Во 1282-1295 за време на војните помеѓу Византија и Србија српскиот крал [Милути]го освојува Кичево.Тогаш конечно византиските војски го напуштаат градот. Под српска власт останува се до 1385 кога го заземаат Турците.Името Китино кале го добива по Кита,сестрата на Крале Марко која живеела во дворецот на Калето. Кичево во ова време го викале и Китинград. Градот го заземаат Турците во 1385 година. Китино Кале потоа служи како седиште на турските власти. Подоцна (околу 1850) ја губи својата улога и е напуштено, по што на околното население му е дозволено да го користи каменот од тврдината за да гради објекти.


[уреди] Карактеристики

Калето некогаш

Се претпоставува дека тврдината (со градот околу) имале три бедеми и неколку квадратни кули. Надворешниот, го окружувал градот. Двете останати служеле за одбрана. Последното ниво било каде што денес се наоѓа спомен костурницата. Таму бил и дворецот. Од овие бедеми се откриени двата внатрешни, кои не се проучени. Третиот не се знае каде е. Портата на последното ниво и денес малку се познава и е на скалите пред паркчето.Тука сѐ уште стои една од кулите.

При градењето на спомен костурницата, голем дел од тој дел е уништен. Тогаш се најдени и пари од времето на Александар Македонски и Јустинијан како и од времето на кралот Волкашин.Останатиот дел е релативно сочуван и се наоѓа под земја.

Делот од градот кој се наоѓа под калето и е една од старите населби се вика Подварош со што се гледа дека некогаш на калето опстојувал град, односно варош.Под тврдините се наоѓале гробиштата на жителите на калето или градот. Некои од откриените гробници се правени на спратови, а месното население тврди дека тоа е така бидејќи слугата е заедно погребуван со господарот.

[уреди] Идна реставрација

Со цел да се реставрира тврдината, се смета дека е потребен проект како реставрацијата на Самуиловата Тврдина во Охрид. Горлива точка е преместувањето на спомен костурницата, за таа цел да се изгради место за борците некаде подолу, а не на врвот. На реставрираното Кале би се одржувале настани од културен карактер. Само по себе Калето би го отсликало Кичево. Ова би било голема туристичка атракција во градот.За големата важност што ја има Кичевското кале може да е потврди секој кој барем еднаш го посетил.За жал во Кичево се променети многу татковци на градот и никој од истите не појави желба истото да се реставрира,да се уреди така што посетителите да имаат што да видат.Покрај големите значења на Кичевското кале и неговата длабока историја во Кичево до денешниот ден не успеа никој да изработи проект кој ќе придонесе вниманието на граѓаните на Кичево а и сите други кои сакаат да го посетат со нетрпение да појдат и да видат што све нуди Кичевското кале.

[уреди] Наводи

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

[уреди] Надворешни врски


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник