Портал:Археологија
Од Википедија
Република Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Философија · Наука · Општество · Технологија
Каменото доба е најстариот период во праисторијата. Според основниот материјал од кој биле направени орудијата - каменот, овој период од праисторијата се нарекува камено доба или камено време. Каменото доба, пак, од своја страна се дели на старо камено доба или палеолит и ново камено доба или неолит.
Палеолитот се карактеризира со користење на груби камени орудија од страна на човекот, а во неолитот тој изработувал поусовршени камени орудија со брусење и стругање. Освен употребата на поусовршени камени орудија, во неолитот луѓето започнале да се занимаваат и со разновидни дејности - од лов и риболов до земјоделство и сточарство. Прочитајте повеќе
Се разбира, економскиот живот, го определил и правецот на општествениот, политичкиот и духовниот развој на популацијата која го има прифатено новиот тек на развиток во новооткриената технологија. Рапидниот економски прогрес резултирал со појава на првите европски градови, како што се Троја, Крит, Микена, кои се забележани во подоцнежните епохални литературни извори, како и градење на тврдини и владетелски палати. Во тие рамки се манифестирало и самото религиско сфаќање во склоп на архитектурата, сликарството и скулптурата. Веќе припитомениот коњ и користењето на колата, како во земјоделството, така и во воените походи, овозможиле ширење на сообраќајот, трговијата и комуникацијата дури и со географски најоддалечените области.
Бронзениот период е носител и на појавата на првото европско писмо, што се јавило на Крит. Временскиот распон од III и II милениум п.н.е. меѓу народите кои живеат во Егејската област, веќе го носи печатот на културно развиениот европски дух, додека северните земји се уште живеат во претходниот стадиум од развојот на човештвото. Прочитајте повеќе
Како хронолошка одредница за почетокот на железното време се земаат последните векови од вториот милениум пне., те. околу 1200 г. пне. Оваа дата е во врска со значајните претумбации кои во тој период го потресле поголемиот дел од медитеранскиот простор т.н. егејски преселби. Поместувањето трае отприлика се до VIII век пне. кога настанува дефинитивно стабилизирање на племињата во географски аспект. Прочитајте повеќе
Археолошки локалитети:
Археолошки артефакти:
Паско Кузман е роден во с.Вапила, охридско на 15.10.1947 год. Гимназија завршил во Охрид, студирал медицина и право во Скопје и Белград, а студии по археологија завршил на Филозофскиот факултет во Белград, Србија и Црна Гора. Од 1979 год. работи во Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид, како советник археолог за праисториска и протоисториска археологија. Вршел теренски истражувања во земјата и во странство. Во последно време се занимава со подводна археологија на Охридското Езеро.
Со свои трудови учествувал на повеќе научни симпозиуми во земјата и во странство, а има објавено околу четириесетина стручни и научни статии и трудови, како и две монографии за некрополата Требеништа, Три Чељусти и Вртуљка (научен труд, 1985) и Уметноста на Требеништа (научен труд, 1998). Прочитајте повеќе
Проектот Археомак 2.0 има за цел да помогне постоечките и новокреираните статии од областа на археологијата и информациите содржани во нив подобро да се организираат, да се координира работата на википедијанците во поглед на категоризација, надополнување и презентација на археолошките информации. Страницата на проектот и соодветните подстраници содржат основни принципи кои би требало да помогнат во насочување на работата на википедијанците.
Ако сте заинтересирани да се вклучите во овој проект, слободно дадете ги своите коментари на страницата за разговор на овој проект, станете активен член на проектниот тим или едноставно дадете допринос во уредувањето на статиите и информациите од оваа област.
|
Пулнабрионскиот долмен во областа Клер, Ирска |
Скалестата пирамида на Џосер се смета за првата голема камена градба во историјата |
Месечевата пирамида, Теотивакан, пример за огромна скалеста пирамида |

