Културен ресурсен менаџмент
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Во поширок смисол културен ресурсен менаџмент (КРМ) е управување со културните ресурси како што се полињата на уметностите и културното наследство. КРМ вклучува истражување, рекогносцирање и ископување за да одреди дека историските и културните ресурси на една општина, реон, регион, град или држава не се уништени од развојот и градењето.
Овој вид на работа познат како културен ресурсен менаџмент е важен дел од археологијата, и е создаден од луѓе кои работат во универзитети, музеи, државни агенции и приватни компании. Развитокот на КРМ доведе до значаен развој на археологијата во државниот и приватниот сектор со создавање државни и федерални агенции, како и приватни компании за раководење и вреднување на овие начела. Различни видови конструкции - резервоари, автопати, системи за отпадни води и далноводи - се јавува потреба од археолошки рекогносцирања и статии за животна средина за кои владите, работодавачите и граѓаните треба да платат за да бидат направени такви анализи.
