Институт за историја на уметност и археологија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Институтот за Историја на уметноста со археологија при Филозофскиот факултет е наследник на Групата за историја и уметност основана во учебната 1946/47 година. Групата привремено била затворена во 1951 година, но наставата по Историја на уметноста во различен обем и степен е одвивана во рамките на Групата за историја. Наставата од почетокот е изведувана со научен кадар од Македонија и од други места на тогашна Југославија. Со време, создаден е наставно-научен кадар кој е вклучен во повторно основаната Наставно-научна студиска група за историја на уметноста со археологија, која започнала со работа учебната 1973/74 година. Таа прерасна во сегашниот Институт за историја на уметноста со археологија.

Библиотека[уреди]

Библиотеката на Институтот за историја на уметноста и археологија е наследник на библиотеката којашто функционирала во рамките на Групата за историја на уметноста при Филозофскиот Факултет во Скопје, оформена во учебната 1946/47 година. Таа располага со специјализирана литература на повеќето светски јазици од областа на дисциплините коишто се изучуваат на Институтот, археологијата и историјата на уметноста, од предеисторискиот период до денес. Таа располага со околу 8000 книги и периодични изданија од домашни и странски издавачи.

Денешни наставници и соработници[уреди]

  • Елица Манева, редовен професор
    • Средновековна археологија
    • Ранохристијанска археологија
  • Елизабета Димитрова
    • Вовед во историја на уметноста
    • Историја на уметноста на македонскиот народ-среден век
    • Ранохристијанска археологија
  • Драги Митревски, вонреден професор
    • Праисториска археологија
    • Протоисториска археологија
    • Методологија на теренските археолошки истражувања
  • Виктор Лилчиќ, вонреден професор
    • Вовед во археологијата
    • Класична археологија II (Римска археологија)
    • Методологија на кабинетските археолошки истражувања
  • Анета Серафимова, доцент
    • Историја на византиската уметност
    • Историја на македонскиот народ од 15.век до 1900.
  • Марјан Јованов, асистент
    • Историја на уметноста на старите народи
    • Класична археологија I