Државен министер на Монако

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Монако
Coat of arms of Monaco.svg

Оваа статија е дел од серијалот:
Политика на Монако



други земји
 Портал „Политика“

Државниот министер (фр. Ministre d'État) е шеф на владата на кнежевството Монако, назначен од Кнезот (или Кнегињата). Во службата тој има должност да ја предводи работата на владата и да раководи со надворешните односи на земјата. Како претставник на кнезот, државниот министер исто така раководи со извршните органи, полицијата, и заседава со Државниот совет, на кој има право да гласа.

Оваа функција е воведена во 1911 г. со усвојвуањето на Уставот на Монако. Сè до преработката на уставот 2002 г., тој морал да биде француски државјанин, одбран меѓу вишите државни чиновници од француската влада. Од 2002 г. наваму, државниот министер може да биде или од Франција или од Монако, а правото на избор и назначување го има самиот Кнез, по претходна консултација со француската влада.

Листа на државни министри[уреди]

Име Стапил Напуштил Партија
Емил Флаш февруари 1911 декември 1917 Непартиски
Жорж Жалустр (вршител) јануари 1918 февруари 1919 Непартиски
Ремон Ле Бурдон 19 февруари 1919 11 август 1923 Непартиски
Морис Пјет 11 август 1923 февруари 1932 Непартиски
Анри Моран (прв пат; вршител) јануари 1932 јуни 1932 Непартиски
Морис Бују-Лафон јуни 1932 јуни 1937 Непартиски
Анри Моран (втор пат; вршител) јуни 1937 август 1937 Непартиски
Емил Робло 15 септември 1937 29 септември 1944 Непартиски
Пјер Бланши (прв пат; вршител) 29 септември 1944 13 октомври 1944 Непартиски
Пјер Де Витас 13 октомври 1944 декември 1948 Непартиски
Пјер Бланши (втор пат; вршител) 4 јануари 1949 12 јули 1949 Непартиски
Жак Реф 12 јули 1949 1 август 1950 Непартиски
Пјер Воазар 1 август 1950 2 септември 1953 Непартиски
Анри Сум 15 ноември 1953 12 февруари 1959 Непартиски
Емил Пелетје 12 February 1959 23 јануари 1962 Непартиски
Пјер Бланши (трет пат; вршител) 23 јануари 1962 16 август 1963 Непартиски
Жан Ремон 16 август 1963 28 декември 1966 Непартиски
Пол Деманж 28 декември 1966 1 април 1969 Непартиски
Франсоа-Дидје Грег 1 април 1969 24 мај 1972 Непартиски
Андре Сен-Мле 24 мај 1972 јули 1981 Непартиски
Жан Ерли јули 1981 16 септември 1985 Непартиски
Жан Осеј 16 септември 1985 16 февруари 1991 Непартиски
Жак Дипон 16 февруари 1991 2 декември 1994 Непартиски
Пол Дижу 2 декември 1994 3 февруари 1997 Непартиски
Мишел Левек 3 февруари 1997 5 јануари 2000 Непартиски
Патрик Леклерк 5 јануари 2000 1 мај 2005 Непартиски
Жан-Пол Пруст 1 мај 2005 29 март 2010 Непартиски
Мишел Роже 29 март 2010 денес Непартиски

Видете исто така[уреди]