Долна Австрија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Долна Австрија (гер. Niederösterreich, е една од деветте сојузни покраини во Република Австрија, која се наоѓа во нејзиниот североисточен дел. Зафаќа површина од 19.177 квадратни километри и тука живеат околу 1.612.000 жители. Главен град е Санкт Пелтен.

Положба[уреди]

Долна Австрија го зазема североисточниот дел на Австрија. Се граничи со:

Географија[уреди]

Со површина од 19.177 квадратни километри, Долна Австрија е најголема покраина во Австрија. Според рељефот, северниот и источниот дел се во склоп на Виенската Котлина, а на југ и запад се протегаат Алпите. Климата е претежно континентална, само во повисоките делови е планинска. Водите ги застапуваат многу реки, од кои најпозната е Дунав која течи во средишниот дел и негова најпозната притока е реката Морава.

Население[уреди]

Со над 1,6 милиони жители и густина на населеност од 86 жители/км2 Долна Австрија е втора по бројност покраина во Австрија. Најголемиот дел од населението го сочинуваат Австријци, но во последните години има и многу доселеници од сите поранешни југословенски републики и од Турција.