Горна Австрија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Горна Австрија (гер. Oberösterreich) е една од деветте сојузни покраини во Република Австрија која се наоѓа во северниот дел на државата. Зафаќа површина од 11.982 квадратни километри и тука живеат над 1.413.000 жители. Главен град е Линц.

Положба[уреди]

Горна Австрија се наоѓа во Северна Австрија и се граничи со:

Географија[уреди]

Со површина од 11.982 квадратни километри, Горна Австрија е четврта по големина покраина во Австрија. Според рељефот, поделена е на три целини: во северниот дел има пониски и средно-високи планини, во средишниот дел се простира висорамнина низ која тече реката Дунав, а пак во јужниот дел е претежно планински. Климата е претежно континентална, само во највисокиот дел има планинска клима. Во средниот дел на покраината течи реката Дунав, која низ покраината има многу притоки од кои најпознати се Ин и Енс.