Ханс Холајн
Ханс Холајн Hans Hollein | |
---|---|
Холајн во 1976 година | |
Роден(а) | 30 март 1934 Виена, Австрија |
Починал(а) | 24 април 2014 Виена, Австрија |
Националност | австриска |
Установа | Уметничка академија Виена |
Ханс Холајн (германски: Hans Hollein), (Виена, 30 март 1934 - (Виена, 24 април 2014) – еден од најважните австриски модерни архитекти и дизајнери[1]. Добитник на Прицкеровата награда за архитектура (1985), познат и како еден од првите автори на постмодернизмот.
Животопис[уреди | уреди извор]
Ханс Холајн е роден во семејство на рударски инженери. Најпрво студирал архитектура на Академијата за ликовни уметности во Виена кај Клеменс Холцмајстер. Работел во неколку агенции со седипте во САД и Шведска. Студиите ги продолжил во Чикаго, каде дипломирал во 1959 година на „Технолошкиот институт Илионис“, а магистрирал во 1960 година на Универзитетот Беркли во Калифорнија.
Во 1964 година се вратил во Виена каде основал сопствена агенција „Ателје Холајн“. Бил уредни на магазинот „Бау“ (Изградба) од 1964 до 1970 година. Покрај тоа, работел како дописник на домашни и странски новини. Пред да стекне меѓународна слава, Ханс Холајн бил гостувачки професор на факултети, како што биле универзитетот Вашингтон во Сент Луис, Јејл, УКЛА и Охајо стејт јуниверзите, Колумбус. Исто така бил професор по дизајн и архитетктура на Уметничката академија во Диселдорф.[2]
На меѓународната сцена бил присутен од уредувањето на музејот Абтајберг во Менхенгладбах (Германија) од 1972 до 1982 година во кој го дефинирал својот постомодерен стил каде „архитектурата ја одредува психичката и физичката состојба“. Со изведбата на зградата Хас-хаус во Виена (1985-1990) ги потврдил своите идеи и ги обогатил со раскошни детали [3].
Дела[уреди | уреди извор]
Холајн во своето дело „Сè е архитектура” (Alles ist Architektur) уште во 1967 година ги објаснил темелите на своето делување при што „човекот ги создава уметничките услови, архитектурата ја одредува физичката состојба”. Имено, тој на архитектурата не гледа низ материјалност и строго ја поткрепува својата теорија дека животот е поттикнат од архитектурата, а не обратно. Затоа тој ги користи сите подрачја поврзани со уметноста, како што се сликарството или дизајнот, што ги збунува и овие дисциплини. Тој го замислил т.н. „мегалитски град“ низ низа колажи, обожава измени на цели, во уметноста како и во архитектурата.
Неговите дела се обележени со изразита смисла за детали и користење племените материјали како мермер или бакар.
Архитектурата е култна, тоа е време, симбол, знак, израз на лицето.
Архитектурата е контрола на телесната температура – заштитно куќиште.
Архитектурата е дефиниција - спецификација – простор на опкружувањето.
Архитектурата е уредување на психичката состојба
—Ханс Холај, Сè е архитектура, 1967
Хронолошки попис на поважните дела[уреди | уреди извор]
- 1964-1965 : Фабрика за свеќи Рети, Виена, Австрија фотографии
- 1967-1969 : Гелерија Фајген, Њујорк, САД
- 1972 : Златара Шулин, Виена, Австрија
- 1972-1982 : Музеј Абтајберг, Менхенгладбах, Германија
- 1977-1978 : Музеј на стакло и керамика, Техеран, Иран
- 1983 : Раухшстрасе, Берлин, Германија
- 1987-1991 : Музеј на модерна уметност, Франкфурт, Германија
- 1990 : Хас-хауѕ, Виена, Австрија
- 1992-2002 : Музеј нз Долна Австрија (Niederösterreichisches Landesmuseum), Санкт Пелтен, Австрија
- 1994-2000 : Кула Генерали медија, Дунавски канал, Виена, Австрија
- 1996.-2000. : Средите интербанк, Лима, Перу
- 1996.-2001. : Австриска амбасада во Берлин, Германија фотографии Архивирано на 21 март 2009 г.
- 1997-2002 : Центрум банк во Вадуз, Лихтенштајн (во соработка со компанијата Баргеце+Партнер)
- 1997-2002 : Вулканија – Европски центар за вулканологија во Оверњ, Франција фотографии
- 2001-2003 : Музеј Албертина во Виена
- 200.-2008 : Хотел Хилтон, Виена
- 2006-2011 : Пезет 515, Лима, Перу
- 2010- : кула СБФ, Шенџен, Кина (планирано завршување до 2014)
- Музеј Гегенхајм ('Музеј во Меншсберг'), Салцбург, Австрија ( во план од 1989)
Галерија[уреди | уреди извор]
-
Австриската амбасада во Берли (1997-2001) -
Центрум банк во Вадуз (1997-2002) -
Музеј Албертина во Виена (2003) -
Музеј на Долна Австрија, St. Pölten (1992-2002)
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ "The 2006 Time 100" Архивирано на 23 август 2013 г., Time, 8 мај 2006 (англиски)
- ↑ Hans Hollein (германски) Preuzeto 16. svibnja 2013.
- ↑ Francis Rambert, Hans Hollein (француски)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|
- Родени во 1934 година
- Починати во 2014 година
- Луѓе од Виена
- Починати во Виена
- Австриски архитекти
- Архитекти постмодернисти
- Добитници на Прицкеровата награда
- Офицери на Легијата на честа
- Членови на Европската академија на науките и уметностите
- Носители на Заповедничкиот крст на Орденот за заслуги за СР Германија
- Постмодерни архитекти
- Членови на Кралската шведска академија на ликовните уметности