Александар Лукашенко

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Александар Лукашенко
Alexander Lukashenko
Аляксандр Лукашэнка
Alyaksandr Lukashenka
Alex Lukashenko .jpeg
Лукашенко во посета на Кремљ, 2010 год.

Во служба
Стапил
20 Јули, 1994 год.
Премиер Вјачеслав Кебич
Михаил Чигир
Сергеј Линг
Владимир Јеремошин
Генеди Новицки
Сергеј Сидорски
Михаил Мјасникович
Претходник Мјачеслав Хриб (Претседател на Врховен Совет)

Претседател на Врховниот Сојуз помеѓу Русија и Белорусија
Во служба
Стапил
26 Јануари, 2000 год.
Претходник Прв на функцијата
Лични податоци
Роден(а) 30 август, 1954 год. (58)
Копис, Советски Сојуз
(денешна Белорусија)
Партија Комунистичка Партија на СССР (до 1991)
Комунисти за Демократија (1991–1992)
Независен (1992–2007)
Белајa Русија (2007–денес)
Сопружник Галина Желнерович (1975–денес)
Деца Виктор
Дмитри
Николај
Вероисповед Православен атеист
Портал Официјален веб-сајт
Поддршката за Лукашенко на изборите 1994 год.
Лукашенко на средба со Владимир Путин
Посетата на Димитриј Медведев во 2009 год.
Лукашенко со синот Николај на воен марш
Лукашенко (втор од лево) на состанок со претседателите на поранешните Советски републики

Александар Григорјевич Лукашенко е првиот и сѐ уште актуелен претседател на Белорусија, по нејзиното осамостојување од СССР во 1994 год. Има завршено земјоделски факултет и служел во војската на Советскиот Сојуз. Пред да ја добие претседателската функција, Лукашенко водел сопствен бизнис со агри-културни фарми. Лукашенко е прогласен како „последниот тврд европски диктатор“ од страна на политичките лидери на САД и западните европски земји. Под негово водство, Белорусија во светот има имиџ на држава во која не се почитуваат елементарните човекови права и слободи. И покрај сите обвинувања и притисоци за негова смена од водечките политички фигури на западот, Лукашенко успева да се одржи на власт во Белорусија до денешен ден. Без оглед на отцепувањето од заедничката држава, Лукашенко негува добрососедски односи со Владимир Путин и Русија, додека неговиот став спрема НАТО членките е крајно ригиден и непријателски настроен.

Политичка кариера за време на СССР[уреди]

Александар Лукашенко е роден на 30 август 1954 год. во Копис, мало белоруско гратче. Детството го минал без татко, а бил воспитуван во духот на традиционалните вредности. Уште во раната младост покажал интерес за социо-политичките науки и за општественото уредување. Има завршено две школи за високо образование, и тоа на универзитетот за историја во Могиљов (1975) и факултетот за агри-култура (1985). Во два наврати се има стекнато со воено искуство на фронтот, периодите помеѓу 1975-1977 и 1980-1982. По воената обука и се придружил на Комунистичката Партија на СССР, каде вршел партиски задачи поврзани со економско-индустриските прашања. Оставил позитивен впечаток кај високите тела во Партијата, па затоа бил награден со претседателско место во Собранието на Советскиот Сојуз (1990).[1]

Претседател на Белорусија[уреди]

Кратко по заземањето на водечкото место во Советскиот Парламент, низ Белорусија се покренаа движења чии лидери бараа безусловно отцепување од СССР. Овие иницијативи беа иснпирирани од протестите за самостојност кои во тоа време се одржуваа во соседните Естонија, Летонија и Литванија. Наведените држави се стекнаа со независност во 1991 год, додека Лукашенко застана во одбрана на Перестројката од Горбачов. Помеѓу нив двајца беше договорено Белорусија да добие делумна независност, во рамките на привремен сојуз со Русија. Оваа конфедерација била формирана во декември 1991 год. За тоа време Лукашенко се повлекол од политичката сцена и отворил сопствен агри-културен бизнис.[2]

Овој сојуз со преостанатите советски републики траел само 3 години. Поради цврстата одлучност и другите помали републики да се здобијат со независност, оваа конфедерација се распаднала. Белорусија станала суверена држава, а истата 1994 год. се одржале и првите избори во оваа земја, кои по многу параметри се сметале за историски. Лукашенко бил номиниран како независен кандидат, а за претседателската позиција се тркал со уште 5 кандидати. Во првиот круг од изборите одржан во месец јули, освоил 45% од гласовите, и за само 6 отсто не триумфирал уште во првиот круг. Втор според бројот на гласовите бил Вјачеслав Кебич со 15 проценти. Лукашенко со 80% убедливо победил во вториот круг и станал првиот претседател на независна Белорусија од поновата историја.

Прв мандат (1994-2001)[уреди]

Кога го преземал кормилото на државата, Лукашенко наишол на анемична економија и низа нерешени социјални проблеми. Реформите кои планирал да ги спроведе вбројувале подобрување во образовниот, здравствениот и индустрискиот сектор. Категорично одбил да изврши приватизација на државните фирми, што резултирало со суспензија од страна на Светската Банка и Меѓународниот Монетарен Фонд, и поради тоа Белорусија не можела да зајмува пари од овие организации. Поради брзиот економски напредок на соседите и неговата стагнација на ова поле, се одржале неколку протести насочени против власта на Лукашенко. Јавно искажаните гнев и лутина биле надминати со посредство на Русија. Летото 1996 год. Лукашенко организирал референдум на кој барал од граѓаните поголема моќ во носење на државни одлуки, а воедно и продолжување на претседателскиот мандат од 4 на 6 години. 70% од гласачите се изјасниле позитивно, па така тој се здобил со поголемо влијание врз процесите кои се одвивале во земјата.[3]

Веднаш по оваа одлука на белорускиот народ, Лукашенко го распуштил Парламентот, и во него поставил пратеници по свој сопствен критериум. Тогашниот премиер јавно изразил негодување и протест поради оваа одлука, која според него ја урива демократијата во земјата. Позади премиерот застанале министрите и неколку судии од Врховниот суд, но сите тие биле разрешени и против нив се повела медиумска кампања за оцрнување на нивното име.

Интересна и е надворешната политика која ја водел Лукашенко во првата деценија независност на Белорусија. Кога избила војната во Косово (1998), му предложил на српскиот претседател Слободан Милошевиќ да ја преориентира нивната политика кон поранешните советски републики. Во истото соопштение ја осудил и воената интервенција на САД во Ирак, со што по којзнае кој пат отишол контра американските интереси. Со тоа само повеќе ги влошил и онака кревките односи со евро-атлантскиот сојуз.

Втор мандат (2001-2006)[уреди]

На вторите претседателски избори Лукашенко имал конкуренција во името на Владимир Гончарик. Вториот мандат го изборил со завидна предност пред вториот кандидат, или поточно 75% од гласачките ливчиња. Земјите од Европската унија ги прогласиле изборите за нелегитимни, а како одговор на нивните обвиненија за лажирање, Лукашенко рекол дека тие држави сакаат да стекнат контрола и врз Белорусија, како што претходно направиле со другите балтички земји. По втората победа следела и една непријатна афера за него. Соединетите Американски Држави се посомневале дека тој соработува со ирачкиот лидер Садам Хусеин и дека тајно го крши меѓународното ембарго кон Ирак, продавајќи му оружје и воена опрема. Сите овие информации биле негирани од самиот Лукашенко и окарактеризирани како провокација од американска страна.[4]

Во 2000 год. со претседателски указ бил намален бројот на пратениците во Собранието, од 260 на 110. Оваа промена била протолкувана како обид за поголема контрола на работата на Парламентот, бидејќи тогаш би бил скратен бројот на евентуални противници на неговата политика. Опозицијата повикала на бојкот на овие избори, како не би му се дало легитимитет на ова решение. Без разлика на нивното спротивставување, изборите поминале без поголеми инциденти, а по пребројување на гласовите излегло дека луѓето на Лукашенко добиле 94 места во скусениот Парламент, а 6 места отишле кај Комунистите, инаку партија многу блиска до претседателот, додека опозицијата собрала само 10 места. Иако разочарувачки резултат за идеолошки спротивставените партии, тоа бил нивни најдобар резултат, бидејќи на наредните пратенички избори во 2004 год. нивниот број ќе падне на 8 пратенички мандати.

Во октомври 2004 год. мештаните на Белорусија уште еднаш излегле на референдум, чие прашање било поврзано со претседателските овластувања. Тој им предложил на своите граѓани претседателот да може да има неограничен број мандати, што би му овозможило по трет пат да се бори за неговата актуелна позиција. Гласачите повторно го поддржале, со што му отвориле пат за нов реизбор. За време на вториот мандат бил донесен и контроверзниот закон за медиуми, во кој највисоката казна за клеветење и објавување непроверени информации била 3-5 години затвор.

Трет мандат (2006-2010)[уреди]

Третите по ред претседателски избори во суверена Белорусија не донеле ништо ново на политичката мапа. Само формално помалите партии испратиле свој кандидат, Александар Милинкевич, кој претрпел катастрофален пораз. Фактот што овој противкандидат добил само 2% поддршка од народот го потврдил високиот рејтинг на Лукашенко, и секако тоа била најголема негова победа во дотогашната кариера. Фантастични 86% од гласовите заминале на неговото конто, што се смета за еден од најголемите триумфи во поновата политичка историја. По продолжувањето на својот престој во претседателската резиденција, Лукашенко го прекршил даденото ветување дека нема да остварува билатерални средби со европските лидери. Во април, 2009 год. направил официјална посета на Ватикан и одржал состанок со папата Бенедикт 16.

За време на третиот мандат, поточно во септември 2008 год. се одржале парламентарни избори во Белорусија. На овие избори опозиционите партии не успеале да освојат ниту едно пратеничко место од можните 110, па затоа следеле масовни демострации. Лукашенко рекол дека не постои незадоволство кај народот и дека резултатите не се фингирани, туку само ја одразуваат волјата на граѓаните. Оваа ситуација се повторила и на неодамнешните избори (23 септември, 2012), каде Лукашенко имал 104 пратеници во белоруското Собрание, додека преостанатите 6 заминале кај Комунистичката Партија, која е негова политичка марионетка. Кога еден новинар го прашал каква е таа демократија без опозиција во законодавниот дом, тој мирно одговорил дека опозицијата е непотребна во Белорусија и дека сите помали идеолошки спротивставени партии се финансирани од Запад се со цел да го соборат неговиот систем.[5]

Белорусија за време на неговото владеење[уреди]

Повеќе од 20 години Лукашенко ја предводи Белорусија низ нејзината независност. Во оваа земја создаде еден вид на неосоцијализам, сличен на државното уредување на Венецуела под водство на Уго Чавез. За време на неговото владеење, Белорусија бележи годишен економски раст од 11% иако сите производствени капацитети се во рацете на државата. Некои економски аналитичари сметаат дека оваа појава се должи на увезувањето ефтина нафта и гас од Русија, кои потоа им се препродаваат на европските земји по повисоки цени. Невработеноста е на најниско ниво во цела Европа, а просечна плата изнесува 600 евра.[6]

Освен позитивните, системот на Лукашенко има и свои слаби страни. По прогласувањето самостојност, Белорусија воспоставила политика на затворање на своите граници и запирање на увозот на странски продукти и добра. Така, денес во маркетите и продавниците може да се најде храна и облека исклучиво од домашните производствени погони. Речиси е невозможно да се добие виза за подолг престој во оваа земја, а уште помалку нејзино државјанство ако сте странски граѓанин. И работничките права се загрозени поради големата експлоатација на нивниот труд и лимитираното право на одмор и штрајк. Според реномирани новински агенции, Белорусија спаѓа во земјите со загрозена медиумска и интелектуална слобода.

Внатрешна политика[уреди]

Лукашенко ужива имиџ на човек од народот помеѓу неговите избирачи. Неговата огромна популарност се гледа и по изборните резултати, каде убедливо ги надгласува своите политички опоненти. Енормната популарност на неговото име му дозволи да спроведе референдум на 7 септември, 2004 год. на кој беше поставено прашањето дали треба да има ограничување на претседателскиот мандат. 80% од гласачкото тело се изјасни позитивно, што му дозволи на Лукашенко да се кандидира за трет последователен претседателски мандат во 2006 год. Овој референдум наиде на остри негодувања од НАТО земјите, кои ја прогласија Белорусија за упориште на последниот комунистички диктатор.

Кога Лукашенко дојде на претседателското место, економијата на Белорусија беше во слободен пад. Тој амбициозно се нафати да спроведе низа реформи со кои би се подобрил стандардот на граѓаните. Надворешната трговија беше многу слаба по стекнувањето незавосност од СССР, пред се поради слабата побарувачка на домашни производи во странство. Лукашенко одлучи голем дел од производните индустриски капацитети да ги остави под државна капа, и со тоа да ја забави приватизацијата. Главната негова цел беше да ја направи Белорусија стабилна и просперитетна земја со квалитетен живот за најзините жители.

Некои светски угледни економисти ќе констатираат дека Белорусија економски доста брзо се развила и осамостоила од Русија. Просечната невработеност во Белорусија изнесува само 1,8%, но затоа нивната средна плата е најмала споредено со останатите балтички соседи. Политиколозите сковаа нов термин лукашенизам, со кој го опишуваат неговиот политички и економски систем, како и начинот на владеење. Нагласуваат дека поддршката од неговиот народ се должи пред се на авторитарната идеологија и култ на личноста кој го ужива кај месното население.

Надворешна политика[уреди]

Како последица на авторитарното владеење и тврдиот став кон опозицијата, Белорусија е во затегнати односи со ЕУ членките. САД и нејзините сојузници не ги признаваат изборните победи на Лукашенко и истите ги сметаат за фалсификувани и нелегални. Поради овие неразјаснети околности во врска со неговиот претседателски легитимитет, ЕУ и НАТО водат политика за изолирање на Белорусија од светската политичка и гео-стратешка карта. Овие нивни активности и иницијативи не даваат плод, најмногу поради високиот рејтинг и углед кој Лукашенко ги има кај белорускиот народ и во помал дел цврстата поддршка од Русија и Кина. Но по добивање на третиот претседателски мандат, малку се заладиле дотогаш добрите односи со Русија. Ова се должи на како што Лукашенко ја нарекува валканата пропаганда на руските медиуми, кои го претставуваат како човек поврзан со криминалните кланови.

Семеен живот[уреди]

Лукашенко е оженет со Галина Желнерович, негова девојка од средношколските денови. Се венчаа во 1975, а една година подоцна го добија и првиот нивни син - Виктор. Вториот син Дмитри се роди во 1980 год. Иако се во брак повеќе од 30 години, тие живеат одвоено по застанувањето на Лукашенко на чело на неговата земја. Галина моментално живее во семејната вила на село близу Могиљов. Интересно, ниту во биографијата, ниту на официјалниот веб-сајт на Лукашенко не пишува дека тој е женет, додека пак неговите два сина се држат подалеку од очите на јавноста. Тој е исто така татко и на вонбрачниот син Николај, но името на мајката сеуште не е откриено. Се претпоставува дека мајката би можела да биде Ирина Абелскаја, личниот лекар на Лукашенко, со која претходно имал љубовна афера.

Контроверзни изјави[уреди]

Изјава на Лукашенко за Би Би Си од август, 2004 година
„Мојата позиција никогаш нема да ми дозволи да станам диктатор. Мојот начин на владеење е автократски, и тоа отсекогаш сум го признавал. Претседателот мора да ја контролира државата, но притоа не смее да го уништи животот на жителите.“
Украински набљудувач на претседателските избори ја коментира големата победа на Лукашенко
„На последните избори Лукашенко победи со 94% од вкупните гласови. Но за да не изгледа тоа како измислена бројка пред европската заедница, ја спуштивме на 86%.“
Берлускони му го честита реизборот на функцијата
„Ти посакуваме среќа, бидејќи конечните резултати покажуваат дека твојата земја те обожава.“
Вол Стрит Журнал го споредува Обама со Лукашенко
„Кога го гледам Обама, мојата прва импресија е згоден, млад човек. Но длабоко во себе го жалам. Во целост ме потсетува на Лукашенко, кога тој дојде на чело на Белорусија. Продавниците и маркетите беа празни, земјата ја тресеше финансиска криза, а луѓето беа задоволни.“

Наводи[уреди]