Ембарго

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија е за економскиот термин. За ембарго на печатот, види ембарго на вести. За задоцнет пристап по издавање, види Ембарго (академско издавање). За ембарго на вооружување, види ембарго на вооружување, список на моменталните ембарга на вооружување. За португалскиот филм од 2010 година, види Ембарго (филм).

Ембарго претставува делумна или целосна забрана на трговската размена со одредена земја, се цел истата да биде доведена до изолација. Ембаргата се сметаат за силни дипломатски мерки наметнати за предизвикување на одреден резултат кој е од национален интерес за земјата која го поставува ембаргото. Ембаргата се слични со економските санкции и се сметаат за правни пречки за трговија, не треба да се мешаат се блокади, кои најчесто претставуваат акти на војна. Ембаргото од 1807 година беше низа закони усвоени од Конгресот на САД во периодот од 1806 до 1808, за време на вториот мандат на претседателот Томас Џеферсон. Велика Британија и Франција биле завојувани земји, САД сакале да останат неутрални и да тргуваат и со двете земји, но ниту од двете земји не сакала својот противник да прави набавки од САД. Американскиот национален интерес бил, преку користењето на новите закони да се избегне војна, да ја казни Британија, и да ја натера да ги почитува американските права.

Еден од посеопфатните обиди за ембарго се случил за време на Наполеоновите војни. Во обид економски да се осакати Обединетото Кралство, бил основан Континенталниот Систем, кој ставил забрана за тргување на европските држави со Обединетото Кралство. Во пракса, забраната не можела да биде спроведена и била штетна повеќе за земјите кои ја наметнувале отколку за Британија.

САД наметнале ембарго врз кубанската влада на Кастро, на 7 февруари 1962 година.Погрешно именуваното американско ембарго врз Куба како“el bloqueo„ (блокадата), останува да биде едно од најдолготрајните ембарга кои некогаш биле наметнати. Покрај преземањето на одредени чекори за ограничена економска размена со Куба, претседателот Барак Обама изјави дека без подобрување на човековите права и слободи од страна на Кубанската влада, ембаргото ќе остане “во националниот интерес на САД„. Ембаргото досега, имаше многу мал успех во Куба, во поглед на промените, ѝ е широко критикувано а дури и отфрлено од многу земји кои се сметаат како верни сојузници на САД.

Најчудно е тоа што законите на САД забрануваат учество во секундарни ембарга. Ова се случува кога една земја прави притисок врз некој бизнис да престане со работата со трета земја поради прашања со кои самиот бизнис не е директно поврзан. Не само што се бара од американскиот бизнис да не учествува во секундарното ембарго, туку и треба да се пријават сите обиди за вклучување на бизнис во секундарно ембарго. Ситуацијата која доведе до овие закони беа обидите на арапските земји да ги спречат американските компании во склучувањето зделки со Израел и Ирак.

Во напор да се казни Јужна Африка за нејзината политика на аперхајд, во ноември 1987 година, Генералното Собрание на Обединетите Нации усвои доброволно меѓународно нафтено ембарго против Јужна Африка, истото беше поддржано од 130 земји.

Ембаргата имаат сложено меѓународно значење. Во одговор на ембаргото, независна економија или автаркија често се развива во областа кон која е насочено ембаргото. На тој начин, ефикасноста на ембаргата е во директна зависност од степенот на меѓународно учество.

Земји под ембарго[уреди | уреди извор]

  • Северна Кореја (од ОН, САД, ЕУ), луксузни добра (и оружје), усвоено 2006 година.
  • Пакистан (од Обединетото Кралство), забрана за извоз на јадрено оружје, усвоено во 2002 година
  • Северен Кипар (од ОН), потрошувачки добра, усвоено во 1975 година.
  • Куба (од САД) оружје, потрошувачки добра, усвоено во 1960 година
  • Грузија (од Русија) земјоделски производи вино, минерална вода, усвоено во 2006 година.
  • Филипините (од Хонгконг), потрошувачки добра, усвоено во 2010 година.

Поранешни ембарга[уреди | уреди извор]