Јицак Рабин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јицак Рабин
יִצְחָק רַבִּין
5-ти Премиер на Израел
На должноста
13 јули 1992 – 4 ноември 1995
Претседател Чаим Херцог
Езер Вајцман
Претходник Јицак Шамир
Наследник Шимон Перес
На должноста
3 јуни 1974 – 22 април 1977
Претседател Ефрим Кацир
Претходник Голда Меир
Наследник Меначем Бегин
Лични податоци
Роден(а) 1 март 1922(1922-03-01)
Ерусалим
Починал(а) 4 ноември 1995(1995-11-04) (возр. 73)
Тел Авив, Израле
Партија Работничка партија
Сопружник Лех РабинRabin
Деца Далија Рабин
Професија офицер
Вероисповед јудаизам
Потпис
Воена служба
Род Хагана
Израелска војска
Траење 1941–1967
Чин Генерал-лејтенант

Јицак Рабин (хебрејски: יצחק רבין) — израелски политичар, премиер на Израел во периодот од 1974 до 1977 како и во периодот од 1992 до неговото убиство во 1995 година.

Рани години[уреди | уреди извор]

Таткото на Рабин, Нехемиа Рубичов е роден во Украина. Како млад работник тој прво дошол во контакт со социјалистичката и синдикалната работа. Во 1905 година се иселил во САД. Кога британската влада ги поставила доброволните баталјони за освојување на Палестина, Нехемиа Рубичов се пријавил но бил одбиен. Својата среќа ја пробал во една друга служба за регрутирање под името Рабин. Нехемиа Рабин добил наредба за преместување во Ерусалим, каде веќе подолг период имало немири меѓу Евреите и арапите. Во Ерусалим ја запознал својата идна сопруга и мајка на Јицак, Роза. Во 1921 тие се жениле и на 1 март 1922 се родил нивниот прв син Јицак.

Првите години Јицак ги поминал во Тел Авив со своите родители. Во овој период Роза Рабин работела за социјалистичкиот синдикат Хистрадут како книговодителка. Јицак и неговата сестра родена 1925 г., Рахел уште рано морале да помагаат во домаќинството. Роза во работничкото движење играла поголема улога отколку што може да сугерира нејзината позиција. Со шест години Рабин бил школуван во една социјалистичка воспитна куќа.

Во октомври 1937 Рабин започнал со учење на земјоделското училиштето и брзо се развил во најдобар ученик во одделението. Уште во текот на првата година на универзитетот неговата мајка починала од рак. На погребот на Роза Коен биле насобрани целата еврејска водечка класа во земјата и илјадници други лица. Во август 1940 Рабин го заврши училиштето како најдобар во одделението.

Во војска[уреди | уреди извор]

Во мај 1941 под водство на Хагана биле составени мали подвижни трупи. Рабин станал член и со една мала трупа од четворица требало да дава поддршка на една австралиска единица, која требало да ја прекине телефонската линија меѓу Бејрут и Либан.

Оваа прва воена акција немала никакво стратешко значење, сепак оваа како и повеќе други акции подоцна биле опишани како „славно марширање во непријателската земја“. По Втората светска војна се продолжиле подготовките за формирање на самостојна еврејска држава. Во 1947 Јицак Рабин бил унапреден во офицер за операции на Палмах.

Планот што Рабин го изработил веднаш по неговото назначување предвидувал арапските села на работ од поврзувачкиот пат да бидат освоени од трупите на Палмах. Бен Гјурион, високиот командант на воените сили не беше подготвен да го прекине снабдувањето со конвои во периодот на операцијата. Сепак, единиците што се наоѓале под команда на Рабин успеале да освојат редица села на работ од патот. Рабин планирал во текот на следните денови да ги освои останатите села. Но, тогаш дошла наредбата од високиот командант: целата бригада требало со конвој да биде префрлена за Ерусалим.

При планирањето за преместување на бригадата Рабин ја поделил трупата на конвој во должина од 15 км. Последицата од ова било што трупата не можела повеќе да се контролира. И покрај малите пукотници со арапските борци, конвојот со преку 300 возила и идниот премиер на Израел, Бен Гјурион добро напредувал. Рабин, кој стигнал на тоа место во текот на борбата го мобилизирал четвртиот баталјон и со помош на дополнителните сили можел да ја стави под контрола ситуацијата. Вечерта конвојот стигнал во светиот град, Ерусалим а целата операција пропаднала.

Независност[уреди | уреди извор]

На 14 мај 1948 израеслката држава за првпат била официјално повикана од страна на Бен Гјурион. Веднаш арапските соседи го нападнале Израел. Бригадата Харел на Јицак Рабин морала да се соочи со големи загуби. Биле убиени 220 од 1300 борци, повеќе од половината биле повредени. Во јули 1948 израелската армија постепено преминала во офанзива и ги осовила градовите Рамалах и Лида. За време на краткиот прекин на огнот во август 1948 г., Јицак Рабин се оженил со својата девојка Леа Шлосберг. Во следните месеци израелската армија ставила крај на запоседнувањето на населбите во пустината Несев од страна на египетските трупи и со освојувањето на градот Елат воспоставиле врска со Црвеното Море.

По ова тој станал командант на 12-тата бригада. Во следните години бил неколкупати унапредуван. Во 1950 г. се родила неговата ќерка Далија, а 1955 неговиот син Јувал. Рабин не учествувал активно во Синајската војна.

Во 1963 Бен Гјурион го завршил својот мандат. Леви Ешкол бстанал неговиот следбеник, а Рабин се искачил на позицијата шеф на Генералниот штаб.

Шестдневна војна[уреди | уреди извор]

Во 1967 година започнала Шестдневната војна. На 23 мај 1967 Насер објавил барикадирање на морскиот теснец на Тиран; Суецкиот Канал исто така бил блокиран. Рабин својата должност му ја понудил на Езер Вајцман кој подоцна станал претседател на Израел, но тој го одбил. Така, армијата била мобилизирана.

Рабин го вовел двојниот напад на Израел, кој довел до контрола на Западен Јордан во период од 48 часа. На последниот ден од шестдневната војна биле освоени височините на Голан и источен Ерусалим. Во тие шест дена Рабин се развил во израелски херој.

Политичар[уреди | уреди извор]

По добиената војна Рабин се повлекол од фунцкијата шеф на Генералниот штаб и станал амбасадор во САД. Во 1969 починал премиерот Леви Ешкол, а на негово место застанал Голда Меир. Во 1972 Рабин се вратил во Израел.

На денот Јом Кипур, најголемиот еврејски празник, арапските трупи го нападнале Израел. Целата армија била потполно неподготвена. а најмалку 2500 израелски војници биле убиени. По војната Рабин се развил како носител на надежта во Работничката партија, бидејќи водечката плејада околу Голда Меир и Моше Дајан претрпела губење на довербата. На 4 март Рабин бил номиниран од премиерката Голда Меир за позицијата министер за одбрана. Со овој чекор, Дајан бил истуркан од својот мандат. Но, кога веста за нов напад на Сирија ги вознемири духовите, Моше Дајан останал министер за одбрана. Рабин пак станал министер за труд. По ова, Рабин станал кандидат за премиерскотоместо на Израел.

Прв премиерски мандат[уреди | уреди извор]

На 3 јуни 1974 израелскиот народ го одбрал Рабин за свој нов премиер, Шимон Перес станал министер за одбрана во кабинетот на Рабин. Првите години на владеењето се одликувале со еврејските населеници. Во овој период се создале многу населби во окупираните територии против волјата на израелската влада.

На 27 јуни 1976 германски и палестински терористи киднапирале авион на Air France, кој се наоѓаше на пат од Париз за Тел Авив. По еден залутувачки лет авионот слетал во угандискиот Ентебе. Иди Амин, угандискиот диктатор барал ослободување на палестинските затвореници во Израел. Владата на Рабин ова го одбила. Така во Операција Ентебе по една недела израелски авиони од типот „Херкулес“ во ослободителната акција биле ослободени заложниците а починале четри израелски командоси.

Владата на Рабин по овој успех се заплеткала во внатрешно-партиски дискусии. Соочувањето меѓу Рабин и Перес се заострило и Рабин се повлекил од мандатот на премиер како и од политичкиот живот.

Враќање во политиката[уреди | уреди извор]

Во 1984 г. Рабин повторно се вратл во политика како министер за одбрана во една голема коалиција со блокот Ликуд. Во текот на неговиот мандат започнало палестинското востание, интифада.

Во 1988 г. била потврдена големата коалиција од страна на избирачите, а Шимон Перес се обидувал да тргне по причините за интифада. Кога во март 1990 големата коалиција се распаднала, Перес се обидел да формира нова коалиција под негово водство. Во 1992 Рабин, кој претходно се пробил против Перес во внатрешно-партиското соочување, повторно станал кандидат за премиер.

Втор премиерски мандат[уреди | уреди извор]

На 23 јуни 1992 се одржале парламентарни избори на кои Работничката партија добила најмногу гласови, но го испуштила апсолутното мнозинство со својот партнер, блокот на Мерец. Така, Рабин во својата коалиција морал да ја прифати партијата на Шас, кој ги претставувала ултраортодоксните, сефардички евреи. На 13 јули 1992 г. Рабин ја создал новата влада на Израел.

Јицак Рабин во текот на својот втор мандат ја спровл одлучувачката пресвртница и им понудил на палестинците договор за автономија, со што требало да се стави крај на судирите меѓу двата народи. Откако преговорите со Палестинците не покажале никаков успех, Шимон Перес ги форсирл разговорите. Кон средината на 1993 дошло до премин меѓу Перес и Арафат. PLO беше призната како легитимен претставник на Палестинците, а ним требало да им се додели статус на самоуправа. За возврат Палестинците ја признале државата Израел и се откажале од формирање на држава и натамошни терористички акти.

Овие договори биле потпишани 13 септември 1994 год. во Белата куќа во Вашингтон.

На 10 ноември 1994 на Рабин, Перес и Јасер Арафат им била доделена Нобеловата награда за мир.

Внатрешно-политички владата се соочила со зголемен број на проблеми, така дошло до повторен судир на крилата на Рабин и Перес, со што се блокирало владиното работење. Во 1995 дошло до напредоци во реализирањето на договорот од Осло, а Рабин повторно се смирил со Перес и мировниот процес. Така, мировниот процес чекорел напред и својот врв го доживеал во септември 1995 г. со вториот израелско-палестински договор за автономија. Во овој договор биле утврдени натамошните чекори до комплетна самоуправа на Палестина.

Атентат[уреди | уреди извор]

Иако ниедна еврејска населба не можела да се предаде во автономните територии, Рабин сẻ повеќе станувал цел на десната опозиција во Израел. Така, постојано доаѓало до насилни ексцеси и при демонстрациите против Рабин и неговата мировна политика. Насилството било насочено и кон Рабин лично, така на пример еден возбуден демонстрант се обидел да се нафрли врз Рабин кој бил совладан.

Во Тел Авив била организирана голема мировна демонстрација. Рабин се појавил како говорител. Кога Рабин ја напуштил трибината за да отиде до неговото службено возило бил погоден од Јигал Амир. Јицак Рабин починал уште на пат кон болница. Амир бил уапсен веднаш и по неколку месеци осуден на доживотен затвор. Рабин, еден од големите државници на Израел бил закопан два дена подоцна во присуство на голем број луѓе и многу шефови на држави.