Антони Гауди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Антони Гауди
Роден(а) 25 јуни 1852
Риудомс, Каталонија Шпанија[1][2]
Починал(а) 10 јуни 1926
Барселона, Шпанија
Националност Бразилец

Антони Пласид Гилем Гауди и Корнет (каталонски: Antoni Plàcid Guillem Gaudí i Cornet; 25 јуни 1852 - 10 јуни 1926) бил каталонски[3] архитект, кој како припадник на каталонскиот модернизам бил познат по својот единствен стил и индивидуалистички дизајн.

Транскрипцијата на неговото име во шпанскиот и во некои други јазици е Антонио Гауди[а][4][5].

Биографија[уреди]

Рани години[уреди]

Гауди се родил во провинцијата Тарагона во јужна Каталонија, но неговото точно место на раѓање е спорно. Според неколи документи, тој се родил во Реус, но според други во Риудомс, место оддалечено на околу 5 km од Реус.[2] Познато е дека бил крстен еден ден по раѓањето.

Неговите родители, Францеск Гауди Сера и Антонија Корнет Бертран потекнувале од семејства на ковачи на бакар.

Во младоста, Гауди често имал ревматски заболувања, кои биле чести во тоа време. Овие заболувања му овозможиле повеќе време да минува во изолација, останувајќи сам во природата.[6] Неговата почит кон природата и љубовта кон природниот свет, подоцна се одразиле во неговите дела.[7][8]

Кога имал 17 години, тој се запишал на специјализирано училиште во Барселона, во кое изучувал архитектура. Заедно со негов добар пријател, Гауди имал во план да го обнови манастирот во Поблет. Одреден период, тој служел војска како член на шпанската пешадија.

Гауди студирал архитектура на Вишото техничко училиште за архитектура во Барселона од 1873 до 1877 година. Поради недостигот на парични средства, додека студирал работел како технички цртач, а понекогаш и скицирал мебел. Неговиот талент го забележале архитектите Џузеп Фонтсере и Џоан Манторељ, кои го вклучиле во некои нивни проекти.

Најголеми дела[уреди]

Гауди дипломирал кога имал 26 години и на почетокот работел како дизјнаер на ентериер и декоратор. Една негова витрина, која ја скицирал за познатата градинка Каса Корнеља во Барселона, била избрана за универзалната изложба во Париз во 1878 година.

Работодавецот Еусеби Гуељ бил импресиониран од елеганцијата и модерниот стил на витрината на Гауди, па станал мецена и редовен клиент на Гауди. Во негова чест, еден од своите најголеми проекти, Гауди го именувал Парк Гуељ.

Гауди бил побожен Католик и се чини својата посветеност кон католицизмот ја изразил преку своето најголемо дело, катедралата Саграда Фамилија. Тој планирал градбата да се состои од 18 кули, од кои 12 за апостолите, 4 за евангелистите, една за Богородица Марија и една за Исус. Во 1912 година, починала неговата внука Роз Егеа, а по две години и неговиот близок соработник Францеск Беренгуер Местрес. По овие трагедии, следувале тешки времиња во Барселона и изградабта на градбата се забавила. Во 1918 година, починал неговиот мецена, Еусеби Гуељ.[9]

Последни години[уреди]

По големите трагедии и непогодите во Барселона, Гауди бил неподготвен да се соочи со репортерите и целосно да се посвети на неговото најголемо дело, Саграда Фамилија.[9]

На 7 јуни 1926 година,[10] Гауди бил згазен од трамвај. Поради запуштениот изглед и празните џебови, таксистите не сакале да го превезат до болница, плашејќи се дека овој нема да им плати. Никој не го препознал, сè додека неговите пријатели не го пронашле идниот ден во болница. Тие сакале да го префрлат во подобра болница, но тој одбил, велејќи им:

Јас припаѓам овде, меѓу сиромашните.[11][12]

Гауди починал на 10 јуни 1926, на 73 години, а тажната вест со оплакување ја примиле многумина во Барселона. Бил погребан во средина на внатрешноста од неговото ремек-дело, Саграда Фамилија.[9]

Архитектонски стил[уреди]

Незавршеното ремек-дело на Гауди, Саграда Фамилија

Првите дела на Гауди биле во стилови карактеристични за готската архитектура и традиционалната каталонска архитектура. Но, во продолжение тој развиј сосптвен скулптурен стил. Францускиот архитект Ежен Виоле ле Дук, кој промовирал и унапредил една форма од готската архитектура, имал големо влијание врз Гауди. Од студент по архитектура, Гауди прераснал во мајстор со оригинални, неправилни и сложени скици. Некои од неговите најголеми дела, како на пример Саграда Фамилија, имаат речиси халуциногена моќ.

На тема за готската архитектура, тој еднаш рекол:

Готската уметност е несовршена и означува решавање. Таа е стил на компасот, формула на индустриското повторување. Нејзината стабилност е заснована со постојана потпора од граници: таа е непотполно тело, кое опстојува со потпора... готските дела создаваат максимална емоција, кога се оштетени, покриени со бршлени и осветлени од месечината.[13]

Гауди поминал 10 години, работејќи на изгледот на Саграда Фамилија, притоа развивајќи нов модел на структурна пресметка, кој се засновал на модел изграден од јажиња и мали вреќи со олово. Скицата на црквата била направена на дрвена табла, во размер 1:10, а потоа била поставена на таванот од една куќа, веднаш до градилиштето. Јажињата биле закачени на местата каде што требале да бидат подигнати столбовите. Вреќите со олово, кои тежеле десет илјади пати помалку од масаат на сводот, виселе околу сводот со помош на јажињата. Потоа следувало фотографирањето на моделот од различни агли. Кога фотографиите ќе се свртеле наопаку, линиите на затегнатост, создадени од јажиањата и вреќите ги откривале линиите на притисок на згмечената структура. Ова е еден од анчините на кој Гауди обезбедувал природни форми во неговите дела.

Истата чувствителна моќ од најголемите дела на Гауди постои и во несекојдневните отмени столови и маси. Архитектурата на Гауди претставува целосно поврзување на материјали, процеси и поезија. Неговиот пристап во дизајнот на мебел се одликувал со структурна чувствителност и продолжувал со целосната архитектонска идеја.[14]

Интереси[уреди]

За време на својот живот, Гауди ги проучувал природните агли и криви и истите ги вклулува во своите дизајни и мозаици. Наместо да се потпира на геомтериските облици, тој создавал облици по примерот на исправен човек. Хиперболоидите и параболоидите, кои ги позајмил од природата биле зацврстени со челични стапови и овозможувале неговите форми да наликуваат на елементи од природата.

Гауди рекол дека не е инспириран од природата, бидејќи:

oние кои гледаат на законите на природата како подршка за нивните нови дела соработуваат со создавачот.[15]

Поради ревматизмот, тој морал да се придржува на строга билна диета, користејќи хомеопатски лекови, поднесувал водна терапија и бил љубител на пешачењето. Долгите прошетки му овозможиле, не само да го задуши ревматизмот, туку и да ја искуси природата.

Гауди сакал неговите дела да бидат создадени од природата, користејќи бетонски елементи и прозорци за да ги оствари неговите идеи за него. Но, неговите дела не биле само за него, туку и за природата исто така.

Популарност[уреди]

На неговата оригиналност, неговите современиц, најпрви гледале со потсмев. Всушност, тој бил подржуван, само од богатиот индустријалец Еусеби Гуељ. Неговите сограѓани, познати во Каса Миља како „каменоломци“ и познатиот англиски писател Џорџ Орвел, кој престојувал во Барселона за време на Шпанската граѓанска војна, не ги прифаќале неговите дела. Како што мунувало времето, со своите дела, тој станал попознат. Денес, Гауди се смета за еден од најоригиналните архитекти.

Општествени и политички влијанија[уреди]

Давањето на можности преку социоекономските и политичките влијанија во Каталонија завршиле. Каталонците, како Антони Гауди често ја прикажувале различната уметничка техника на нивната земја во нивните дела. Со отсликување на природата, некои уметници симболично ја запоставиле брзоразвојната индустрија.

Меѓу другите, Гауди го промовирал каталонското движење за стекнување независност од Шпанија, преку вметнувањето на елементи од каталонската култура во неговите дизајни.[16] Гауди бил вклучен во политиката, откако ја подржал каталонската политичка партија Регионалистичка лига. На пример, во 1924, шпанските власти на чело со диктаторот Мигел Примо де Ривера наредиле сите цркви во Барселона да се затворат на денот на празнувањето на националниот ден на Каталонија (11 септември). Сепак, Гауди ја прекршил наредбата и отишол во црква, пошто бил уапсен од страна на шпанската полиција, на која ѝ одговарал на каталонски.[17]

Во уметноста[уреди]

Британската рок група The Alan Parsons Project, во 1987 го издала албумот Gaudi, кој се засновал на животот на Антони Гауди. Во 1993 година, Ерик Волфсон го обработил албумот како мјузикл.

Американскиот музичр Роберт Рих, во 1991 издал албум, кој исто така бил насловен Gaudí.

Влијанието на Гауди е делн од цртаниот филм Издигнувањето на Даркраи од цртаниот серијал Покемон. Имено, во овој филм, Гауди го инспирирал архитектот Годи да ги изгради вселенските кули на времето, врз основа на изгледот на Саграда Фамнилија.

Значајни дела[уреди]

Многу негови дела се наоѓаат во центарот на Барселона. Осум дела се прогласени за светски културни наследства на УНЕСКО.

Поврзано[уреди]

Белешки[уреди]

  • а  Гауди, кој живеел за време на шпанската диктатура не можел да го запише своето име на каталонски. Наметнатата шпанска транскрипција на неговото име станала популарна во време на периодот на диктатурата на Франциско Франко. Многу објавувања од овој период ја користеле шпанскаат транскрипција. Сепак, неговото каталонско име „Антони“, денес насекаде се употребува.

Наводи[уреди]

  1. Juan Bergós Massó, Gaudí, l'home i la obra, Universitat Politècnica de Barcelona (Càtedra Gaudí), 1974, стр. 17-18, ISBN 84-600-6248-1
  2. 2,0 2,1 „Biography at Gaudí and Barcelona Club, стр. 1“. http://www.gaudiclub.com/ingles/i_vida/i_vida.asp. конс. 5 ноември 2005. 
  3. Antoni Gaudi
  4. „Gaudí, Antonio“. „The AWTmerFSFican Heritage Dictionary of the English Language: Fourth Edition“. Houghton Mifflin Company. 2000. http://www.bartleby.com/61/7/G0060700.html. конс. 11 ноември 2008. 
  5. „Gaudí, Antonio“. „Random House Unabridged Dictionary“. Random House, Inc.. 2006. http://www.RTWRTdictionary.reference.com/browse/gaudi. конс. 11 ноември 2008. 
  6. Antoni Gaudi, www.ezmuseum.com
  7. „Biography at ArteHistoria“ (на шпански). http://www.artehistoria.com/arte/personajes/6764.htm. конс. 9 ноември 2005. 
  8. Antoni Gaudi, www.ezmuseum.com
  9. 9,0 9,1 9,2 „Biography at Gaudí and Barcelona Club, стр. 5“. http://www.gaudiclub.com/ingles/i_vida/i_vida5.asp. конс. 9 ноември 2005. 
  10. Antoni Gaudí, Catalan Modernist Architect - Life of Antoni Gaudí
  11. Antoni Gaudi the Great, www.barcelona-life.com
  12. BIOGRAPHY OF ANTONI GAUDI
  13. Carlos Flores, Les lliçons de Gaudí, стр. 89
  14. Dalisi, R., Gaudí, mobili e oggetti, Milan: Gruppo Editoriale Electa S.p.A., 1979
  15. Brainyquote.com
  16. Roth, Leland M. (1993). „Understanding Architecture: Its Elements, History and Meaning“ (First издание). Boulder, CO: Westview Press. стр. 452-454. ISBN 0-06-430158-3. 
  17. Гауди и модернизмот во Каталонија (англиски)

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: