Области во Сирија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сирија е поделена на 14 области („мухафази“). Тие се делат на вкупно 60 окрузи („минтаки“), кои пак понатаму се делат на подокрузи („нахии“). Нахиите се состојат од села, кои се најмалата административна единица во земјата.

На чело на секоја област стои управник предложен од надлежниот министер и назначен со одобрение од кабинетот. Со окрузите и подокрузите управуваат функционери назначени од управникот, заедно со избран совет. Функционерите треба да имаат одобрение од надлежниот министер.

Области[уреди | уреди извор]

Име арапски Население Админ. центар
Алеп حلب 4.120.000 Алеп
Дамаск (град) دمشق 4.500.000 Дамаск
Дамаск (област) ریف دمشق 2.235.000 Дамаск
Дејр ез-Зор دير الزور 1.040.000 Дејр ез-Зор
Дера درعا 858.000 Дера
Идлиб ادلب 1.288.000 Идлиб
Кунејтра القنيطرة 69.000 Кунејтра
Латакија اللاذقية 891.000 Латакија
Рака الرقة 811.000 Рака
Сувејда السويداء 304.000 Сувејда
Тартус طرطوس 720.000 Тартус
Хама حماه 1.416.000 Хама
Хасеке الحسكة 1.225.926 Хасеке
Хомс حمص 1.561.000 Хомс

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]