Ли Куан Ју

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ли Куан Ју
-LKY-in-London-1968.jpg

Министер-ментор
Во служба
12 август 2004 – 21 мај 2011
Премиер Ли Сјен Лунг
Претходник нова титула
Наследник укината

Виш министер
Во служба
28 ноември 1990 – 12 август 2004
Премиер Го Чок Тонг
Претходник С. Раџаратнам
Наследник Го Чок Тонг

Во служба
5 јуни 1959 – 28 ноември 1990
Наследник Го Чок Тонг

Во служба
21 ноември 1954 – 1 ноември 1992
Наследник Го Чок Тонг
Лични податоци
Роден(а) 16 септември 1923 (1923-09-16) (91 г.)
Сингапур
Националност Синагапурец
Партија Народна акциона партија
Сопружник Ква Гек Чо (1950–2010)
Деца Ли Сјен Лунг
Ле Веј Линг
Ле Хсиен Јанг
Образование Кембрички универзитет
Занимање политичар
Струка адвокат
Вероисповед агностичар[1]
Military service
Одликувања JPN Kyokujitsu-sho 1Class BAR.svg (1967)
Ли Куан Ју
Кинески 耀

Ли Куан Ју (на кинески: 李|光|耀, р. на 16 септември 1923; познат како Хари Ли Куан Ју) е сингапурски државник, поранешен премиер на Сингапур [2][3][4][5][6]. Неговото официјално име е Хари Ли Куан Ју, меѓутоа тој претпочита да го користи името Ли Куан Ју [7]. Тој бил првиот премиер на Сингапур, а со него владеел три децении. Во моментот кога решил да се повлече од власт, имал најдолг стаж во светот како премиер.[8]

Тој е еден од основачите и прв генерален секретар на Народната акциона партија, која ја предводел низ осум изборни победи (1959-1990), ги надгледувал отцепувањето на Сингапур од Малезија во 1965 и трансформација на Сингапур, од релативно неразвиени колонија, во еден од азискиските економски тигри. Тој е еден од највлијателните политички фигури во Југоисточна Азија [9]. Во 1990 година, од страна на вториот сингапусрки премиер Го Чок Тонг, бил поставен за виш министер (senior minister). Во 2004 година, неговиот син Ли Сјен Лунг станал третиот премиер на Сингапур, а својот татко го поставил за свој советник како министер-ментор [10][11] Неговото владеење, преку неколку последователни министерски места во текот на 50 години, е едно од најдогогодишните во историјата. На 14 мај 2011 година, Ли Куан Ју и Го Чок Тонг го најавиле своето повлекување од кабинетот по општите избори од 2011 година [12].

Ли Куан Ју во 1990 година потикнал дебата на која било истаканто дека азиските вредности: трудољубивост, штедливост, признавање на авторитети и предност во општеството на индивидуата се основа за азиското економнско чудо. Азиските вредности и либералните западни демократии не се споиви. За ваквите ставови особени пофалби стигнале од Малезија и Народна Република Кина, два авторитарни система [13]. Владата на Ли Куан Ју е една од првите носители на идејата за државен капитализам во Југоисточна Азија, таа ги прифатила западните идеи и им ја отворила вратата на странските компании, но исто така поседува удел во многу од нив. Клучната претпоставка била дека доколку економијата се развива, владата или ќе ги затвори или ќе ги приватизира [14]

Содржина

Потекло[уреди]

Map showing Singapore's island and the territories belonging Singapore and its neighbours
Сингапур и околните острови
Главната улица во Сингапур во првите децении на 20 век

Во своите мемоари, Ли Куан Ју ги истакнува своите имигрански корени: неговиот Хака прадедо, Ли Бок Бон (роден 1846), емигриралл од Дапу (покраината Гуангдунг) на британската група територии во Југоисточна Азија во 1862 година. Ли Куан Ју бил најстарото дете на Ли Чин Кон и Чуа Џим Не, тој е роден во голем и воздушен бунгалов на патот 92 Kampong Java во Сингапур. Кога Ли Куан Ју се родил, неговиот татко имал 20 години, а неговата мајка само 16 години

Како дете растел во Перанаканско семејство (кинески имигранти) во британски Сингапур, кој бил под силно влијание на британската култура. Неговиот дедо, Ли Хун Ленг на своите синови им дал англиско образование. Неговиот дедо му го дал англиското име Хари, а неговиот татко - Куан Ју. До својата 30-та година бил познат како Хари Ли, меѓутоа тоа име и денес се користи од неговите блиски пријатели и семејството [9]. По влегувањето во политиката, почнал да се именува како Ли Куан Ју.

Ли Куан Ју го говори англискиот јазик како мајчин, а во 1955 година, на 32 годишна возраст почнал да го изучува кинескиот јазик, кој претходно воопшто не го познавал [15] [16]. Ли Куан Ју го научил и јапонскиот јазик и работел како јапонски преведувач за време на јапонската окупација на Сингапур во текот на Втората светска војна [17]. Ли Куан Ју за своето детство истакнува:

Јас пораснав во Сингапур во 20-ти и 30-те години (на 20 век б.н). Населението беше помалку од еден милион и поголемиот дел од Сингапур беше опфатен со мангрови мочуришта, каучукови планатжи и средна шума, бидејќи каучукот не успеа и шумите околу Мандај/Букит Тимах си дојдоа на своето место. [18].

Образование[уреди]

A parade of Japanese soldiers in a street of Singapore
Јапонски војници маршираат низ Сингапур по британска капитулација
Ли Куан Ју со своето семејство пред да замине на школување во Англија

Ли Куан Ју основно образование завршил во Телок Курау, а образованието го продолжил на Raffles College, денес Националниот универзитет на Сингапур.

Меѓутоа, Втората светска војна и јапонската окупација на Сингапур (1942-1945) го одложиле неговото универзитетско образование. За време на окупацијата успешно работел на црниот пазар и продавал лепак наречен Stikfas [19]. Во 1942 година почнал да го изучува јапонскиот јазик и успеал да најде работа преведувајќи ги сојузничките извештаи за Јапонците, а бил и едитор по англиски јазик за јапонскиот Ходобу (报道 部 одел за информации и пропагнада) 1943-1944 [9][20].

По војната, кратко учел во Лондонската школа за економија, а потоа се префрлил на Кембричкиот универзитет, каде што студирал право на Fitzwilliam College, каде што дипломирал со Прва класа на достигнувања. Во 1949 година се вратил во Сингапур и започнал адвокатска пракса во фирмата Laycock and Ong кај Џон Лејкук, пионер на мултирасизмот, кој, заедно со А. П. Раџа и К. К. Тан, го основал првиот сингапурски клуб отворен за сите азијци без разлика на нивната раса.

Први политички години[уреди]

Логото на Народната акциона партија
Внатрешноста на Victoria Concert Hall

Првото искуство на Ли Куан Ју во политиката во Сингапур било во 1951 година за време на изборите за законодавниот совет како изборен агент на Џон Лајкук за пробританската Прогресивна партија. Меѓутоа, Ли Куан Ју сфатил дека се мали шансите на Прогресивна партија да добие масовна подршка, особено од работничката класа која главно била составена од Кинези. Ова особено било важно бидејќи со Уставот од 1953 година во гласачкиот список било вклучено сето население кое било родено во Сингапур, со што се зголемил бројот на кинеските гласови. Ли Куан Ју направил голем пробив кога бил поставен за правен советник на трговските и студенските синдикати преку кои оставрил контакт со работниците од кинеско потекло.

На 12 ноември 1954 година, Ли Куан Ју заедно со група на интелектуалци, кои потекнувале од средната класа и се стекнале со англиско образование, формално ја формирале социјалистичката Народната акциона партија во сојуз со про-комунистичките синдикалци.

Ли Куан Ју овој сојуз го објаснил со прагматичност, односно интелектуалната група имала потреба масовна подршка од прокумунистичката средина, додека пак кумунистите имале потреба од некомунистичко партиско водство, како параван, бидејќи Малајската комунистичката партија била нелегална.

Дејвид Саул Маршал
Собир на Народната акциона партија на 17 август 1955 година.

Заедничка цел која ги обединила била борбата за самоуправа и крај на британското колонијално владеење. На 21 ноември 1954 година, се одржала основачката конференција на партијата во Victoria Memorial Hall каде што присуствувале околу 1 500 поддржувачи и синдикалци. Ли Куан Ју бил избран за генерален секретар, позиција на која остана до 1992 година.

Во 1955 година, Ли Куан Ју бил избран за член на Парламентот. Тој станал лидер на опозицијата против владата на Работничкиот фронт предводена од Дејвид Саул Маршал. Ли Куан Ју бил еден од претставниците Народната акциона партија во двете делегации кои во Лондон преговарале за идниот статус на Сингапур. Првата делегација била предводена од Дејвид Саул Маршал, а втората од Ли Је Хо, следбеник на Маршал. Во овој период, Ли Куан Ју се соочил со противниците во и надвор од Народната акциона партија.

Позицијата на Ли Куан Ју во Народната акциона партија била сериозно загрозена во 1957 година, кога прокомунистите го презеле раководството во партијата [21]. Меѓутоа, Ли Куан Ју и неговата фракција повторно ја презеле челната позиција во партијата, по масовните апсења на прокомунистите по наредба на Ли Је Хо, а Ли Куан Ју бил поставен за генерален секретар на Народната акциона партија.

Период пред независноста[уреди]

Малезија

Самоуправа[уреди]

Портрет на Ли Куан Ју
Парламентот на Сингапур

На 1 јуни 1959 година, се одржале национални избори на кои Народната акциона партија освоила 43 преставнички места, од вкупно 51 во законодавното собрание. Сингапур добил самоуправа и автономија во сите области со исклучок на одбраната и надворешните работи. На 5 јуни 1959 година, Ли Куан Ју станал првиот премиер на Сингапур [22]. Пред да ја преземе функцијата, Ли Куан Ју успеал да обезбеди ослободување на Ли Чин Сионг и Деван Наир, кои претходно биле ослободени од страна на владата на Ли Је Хо. Куан Ју како прв премиер, по стекнувањето на самоуправата за Сингапур од Британците, се соочил со голем број на проблеми: образовани, домување и невработеност.

Клучен политички настан било гласањето за доверба на владата на 21 јули 1961 година, кога 13 членови на Народната акциона партија се воздржале од гласање. Отцепените членови заедно со левоориентираните лидери од синдикатите, формирале нова партија Борисан Сосиалис. По формирањето на новата партија, 35 од вкупно 51 ограноци и 19 организациски секретари на Народната акциона партија преминале во новата партија. Овој политички настан е познат како „Големата поделба од 1961 година“. По дележот, Народната акциона партија во законодавното собрание имале околу 25-26 преставници. Во 1961 година, Ли Куан Ју и Народната акциона партија се соочиле со два политички пораза. Владата на Ли Куан Ју пред самиот референдум од 1962 година се наоѓала пред колапс, а самиот референдумот бил проверка на владината популарност кај народот.

Обединување и отцепување од Малезија[уреди]

Тунко Абдул Рахман
Ли Куан Ју во 1965

По предлогот, од 1961 година, на малезискиот премиер Тунко Абдул Рахман, за формирање на федерација во која требало да влезат Малаја, Сингапур, Сабах и Саравак, Ли Куан Ју започнал кампања за обединување со Малезија и ствање на крај на британското колонијално владеење. На 1 септември 1962 година се одржал референдум на кој со 70%, од вкупните гласовите, бил прифатиле предлогот на Ли Куан Ју . На 16 септември 1963 година, Сингапур станал дел од Малезија, меѓутоа унијата на Сингапур со оваа држава била краткотрајна.

Малезиската централната влада, управувана од Обединетата малезиска национална организација, станала загрижена од вклучувањето на сингапурското кинеско мнозинско население и политичката конкурентност на Народната акциона партија во Малезија. Ли Куан Ју јавно се спротиставил на дискириминирачката (bhumiputra) политика и се повикал на лозунгот: Малезија на Малезијците, односно Малезија на сите националности, а не само на малајската раса .

Во 1964 година во Сингапур уследиле повеќе расни немири. На 21 јули 1964 година, на роденденот на пророкот Мухамед, во близината на Каланг Гасворк загинале 23 души, а стотина биле повредени во судирите помеѓу Кинезите и Малезијците. Сеуште не е доволно утврден поводот за започнување на немирите, според една теорија, Кинезите извршиле напад врз Муслиманите за време на еден нивни митинг, меѓутоа според други тврдења, немирите биле потикнати од Малезијците [23]. Најголемиот дел од немирите избувнале во септември 1964 година, во текот на кој дошло до масовно ограбување на продавниците и автомобилите, а таквата состојба ги принудила Тунко Абдул Рахман и Ли Куан Ју јавно да побараат смирување на ситуацијата.

Откако тензиите не спласнале, малезискиот премиер Тунко Абдул Рахман решил да го исклучи Сингапур од Малезија под изговор дека ги прекинува врските со сингапусрката влада бидејќи таа не била лојална кон централната власт. Ли Куан Ју се обидел да ги отстрани разликите и да постигне компромис, меѓуто не успеал во тоа. Подоцна, Куан Ју бил убеден од Го Кен Се дека отцепувањето е неизбежно.

На 7 август 1965 година потпишал договор со кој Сингапур истапил од Малезиската федерација, меѓутоа водел преговори за заедничка соработка во областите како што се трговија и одбрана. На 9 август 1965 година, Ли Куан Ју на јавно телевизиско обраќање ја објавил нзависноста на Сингапур како самостојна држава, а истовремено изразил жалење за раскинот со Малезија [24]. Истиот тој ден, Малезискиот парламент ја усвоил потребаната резолуција за исклучување на Сингапур од Малезиската федерација. По отцепувањето, главни предизвици со кои се соочила владата на Ли Куан Ју, биле: недостатокот на природни ресусрси, снабдување со вода, одбранбените сопособности на новата држава и слично.

Сингапур под Ли Куан Ју[уреди]

Панорама на Сингапур

Активност за признавање на Сингапур[уреди]

Херолд Вилсон
CHS Tower Block.jpg
Grand Buddha Tooth Relic Temple Singapore.jpeg
Parliament House sign, Singapore - 20100803.jpg
Stop-at-Two.jpg
DoNotFeedthePigeonsSign-Singapore-20070414.jpg
Singapore MRT Fines.jpg
Death for Drug Traffickers Under Singapore Law.jpg
* Институтот Ха Чонг
* Будистички храм
* Повеќејазичен знак
* Постер Две се доволно
* Предупредувачки знаци

Во својата автобиографија, Ли Куан Ју истакнува дека по прогласувањето на независноста, неколку дена неможел да спие и се чуствувал болен. Британскиот премиер, Херолд Вилсон бил информиран од страна на Британскиот комесар Џон Роб, за состојбата на Ли Куан Ју, по што изразазил загариженост. Меѓутоа, Ли Куан Ју како одговор на таа загриженост одговорил дека:

Не грижете се за Сингапур. Моите колеги и јас сме разумни, рационални луѓе, дури и во миговите на нашата болка. Ние ќе ги земеме (во предвид б.н) сите можни последици пред да се направиме било каков чекор на политичката шаховска табла ...

Ли Куан Ју започнал силна дипломатски активност за меѓународно признавање на Сингапур. На 21 септември 1965 година, Сингапур влегол во Обединетите Нации. На 8 август 1967 година, Сингапур заедно со други четири држави од Југоисточна Азија, ја основале Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија. На 25 мај 1973 година, Ли Куан Ју ја направил својата прва официјална посета на Индонезија, само неколку години по индонезиско-малезиската конфронтација под режимот на Сукарно. По оваа посета, продолжиле контактите помеѓу двете држави и биле зацврстени.

Национална безбедност[уреди]

По прогласувањето на независноста на Сингапур и приемот во Обединетите Нации, Ли Куан Ју истакнал дека неговата држава ќе води политика на неутралност по моделот на Швајцарија. Во исто време, тој побарал Го Кен Се да ги изгради Сингапурските вооружени сили (САФ) и да побара помош од други земји, особено од Израел, за совети, обука и објекти. Ли Куан Ју го поставил Го Кен Се на чело на новото министерство за Министерство за внатрешни работи и одбрана. Во 1966, врз основа на Израелскиот модел, било решено прашањето за националната служба, а Кембел бил назначен за прв началник на Генералштабот [25].

Сингапурските воздухопловни сили биле формирани со помош на Британските воздухопловни сили во 1968 година. Првата класа на воени пилоти со обука и општи инструкции во летање се стекнале во летечката школа во воздухопловната база Тенгах, а имале обука и во Велика Британија. Сингапурската воена флота привремено била сместена кај островот Сентоса, а потоа се префрлила во новизградената база. Во 1969 година, биле изработени два воени брода од страна на Британци и Германци. Следните бродови биле изградени од самите Сингапурци и во 1970 година влегле во служба. Во 1967 година, во рамките на Министерството за одбрана била формирана холдинг компанијата Шенг-Ли (胜利) со цел развој на локалнта воена индустрија.

Мултикултурализам[уреди]

Во Сингапур, никогаш не постоела доминантна култура која би можела да ги асилимила сите имигранти, меѓутоа малајскиот јазик бил доминантен јазик во тоа време. Ли Куан Ју и неговата владеачка партија започнале политика за создавање на уникатен сингапурски идентитет, заоснован врз мултикултурализмот.

Ли Куан Ју и неговата влада ја истакнале важноста на одржувањето на верската толеранција и расната хармонија, а во зацврстувањето на тие принципиле спровеле нулта толеранција и строги законски норми за спречување на било какви закани кои би можелеле да иницираат етничко и религиозно насилство. Ли Куан Ју предупредил на бесчувствителната евангелизација, односно на христијанскиот прозелитизам кој доаѓал од Малезија. Во 1974 година владата на Ли Куан Ју го советувало Библиско друштво на Сингапур да сопре со објавувањето на верски материјали на малајски јазик [26].

Борба против корупцијата[уреди]

Како и многу други земји, Сингапур имал големи проблеми со политичката корупција. За да ја сузбие таквата состојба, Ли Куан Ју на Бирото за гонење на корупцијата му дал големи овластувања: спроведување на апсења, пребарувањa, истражување на банкарски сметки и приходи, како и даночни пријави на осомничените лица и нивните семејства.

Ли Куан Ју верувал дека министрите треба да бидат добро платени со цел да се одржуваат чисти и чесни влада. Во 1994 година, Ли Куан Ју предложил платите на министрите, судиите и високите државни службеници да се изедначат со платите на врвните професионалци од приватниот сектор, тврдејќи дека таа мерка ќе овозможи да задржување на талентираните лица во јавниот сектор [27].

Популациона политика[уреди]

Кон крајот на 60 -те години на 20 век, Ли Куан Ју и неговите соработници биле на стојалиште дека растечката популација на Сингапур може да преставува пречка во економскиот развој и започнале кампања во која га повикале Сингапурците да имаат по две деца. Абортусот и стерилизацијата биле легализирани во 1970 година, а жените биле повикани да се стерилизирани по нивното второ дете [27]. Владата постепено започнала со зголемување на низа дестимулативни казни за родителите кои имаат повеќе од две деца [28].

Во 1983 година, Ли ја запчнал дебата за Great Marriage, во која ги повикал Сингапурците да избираат високообразувани жени за свои сопруги. Тој бил загрижен дека голем број на дипломираните жените не биле во брак. Еден дел од сингапурското населението, вклучително и дипломираните жени, биле вознемирени од неговите ставови. Меѓутоа, Ли Куан Ју за да ја промовира својата политика на дружењето помеѓу дипломираните мажи и жени, односно интелектуалците, го формирал оделот за Социјален развој при Министерството за развој на заедницата, млади и спорт. Оваа елитистичка политика, владата на Ли Куан Ју ја бранела со потребата за помош на одредена група, составена исклучиво од дипломирани мажи и жени, за изнаоѓање на доживотен брачен пар. Според владата, необразуваните Сингапурци немале потешкотии во изнаоѓање на партнери [29].

Кампањата за две деца допринела да опадне наталитетот и оттука, Ли Куан Ју започнал нова популациона политика во 1987 година, кога започнала кампањата „Имајте три или повеќе деца, ако можете да си ги дозволите“ Have Three or More (if you can afford it), биле воведени стимулации за зголемување на наталитетот, како што се даночни намалувања, школување и домување, за постдипломските мајки кои имале три или четири деца. Популационата политика на Ли Куан Ју од 60- те и 70- те години на 20 век, допринела да дојде до големо опаѓање на стапката на новородени деца, а иницијативата на Ли Куан Ју за зголемување на наталитетот, била продолжена од неговиот наследник Го Чок Тонг [27].

Казнена политика[уреди]

Телесното казнување, во форма на физико тепање, зазема едно од главните места во казнената политика на Ли Куан Ју. Во својата автобиографија Сингапурска приказна (The Singapore Story) го опишал своето школување во Институтот Рафлес во 1930 година, истакнувајќи:

Јас никогаш не разбрав, зошто западните воспитувачи се толку многу против физичкото казнување. [30]

Владата на Ли Куан Ју, судското телесното казнување го наследила од британското владеење, но во голема мера таквата казнена политика била проширена и опфатила поголеми сегменти. Британците, физичкото тепање го применувале во ретки случаеви и тоа само за лично насилство. Владата на Ли Куан Ју, постојано го проширувала опсегот на телесното казнување за разни кривични дела [31], а судовите биле овластени да изречуваат телесни казни врз зависниците од дрога и нелегалните имигранти.

Училишното телесното казнување (само за машките ученици), исто така наследено од Британците, било прифатено од владата на Ли Куан Ју и сеуште се користи за дисциплинирање на непослушните ученици и тоа според законодавството од 1957 година [32].

Ли Куан Ју исто така го вовел во Сингапурските вооружените сили, а Сингапур е една од ретките земји во светот каде што телесното казнување е официјална казна во воената дисциплина [33].

Надворешна политика[уреди]

САД[уреди]

Ли Куан Ју и Џорџ Буш

Еден од главните сојузници на Ли Куан Ју биле Соединетите Американски Држави. Сингапур и САД одржуват формални дипломатски односи уште од независноста на Сингапур во 1965 година [34]. Политиката на Ли Куан Ју за постигнување на економски раст и политичка стабилност во регионот ја усогласил со интересите на САД во регионот и создал солидна основа за пријателските односите меѓу двете земји. Ли Куан Ју остварил неколку средби со високи преставници на Соединетите Американски Држави, а меѓу нив се средбите со американските претседатели Роналд Реган, Џорџ В. Буш и Барак Обама [35][36].

Малезија[уреди]

По назначувањето на Махатир Бин Мохамед за заменик премиер, Ли Куан Ју знаел дека тој е следниот премиер на Малезија и преку тогашниот претседател на Сингапур - Деван Наир, го поканил да го посети Сингапур во 1978 година. По првата и неколкуте последователни посети, биле подобрени личните и дипломатските односи помеѓу нив. Махатир Бин Мохамед побарал од Ли Куан Ју да ја откаже подршката на Демократската акциона партија (Parti Tindakan Demokratik) на Малезија, а Махатир се обврзал да не се меша во работите на Сингапур. Во јуни 1988 година, Ли Куан Ју и Махатир постигнале договор во Куала Лумпур за изградба на браната Лингуи на реката Јохор.

Народна Република Кина[уреди]

Кинеско-сингапурскиот индустриски парк Суџоу

Поради антикомунизмот на Ли Куан Ју, односите помеѓу Сингапур и Народна Република Кина до крајот на 70- те години на 20 век биле замрзнати, а Ли Куан Ју ја презирал кинеската заостанатост [37]. Но кога во текот на 80- те години економскиот развој зел замав во Кина, Ли Куан Ју ја променил својата политика кон оваа држава, истакнувајќи дека:

Ние сме етнички Кинези. Ние имаме заеднички карактеристики поради заедничките предци и култура... луѓето природно сочуствуваат со оние кои имаат исти физички атрибути. Ова чувство на блискот се засилува кога имаат и заедничка културна основа и јазик. Лесно ги освојуваат наклоноста и довербата, што е основа за сите односи во бизнисот [37]

Во 1992 година, Сингапур инвестирал 1,9 милијарди долари во Кина, а следната година биле објавени плановите за изградба на индустриската населба Сингапур II, надвор од Шангај, со милијарди долари инвестиции. Ли Куан Ју станал ентузијастичен засилувач на кинескиот економски напредок и обоважател на нејзината моќ [37]. Во 1993 година, тој истакнал дека: Каде што е Кина, таму има акција. Сингапурските странски инвестиции кои пред тоа биле концентрирани во Малезија и Индонезија, се преместиле во Кина. Половина од надворешните проекти што ги помагала сингапурската влада во 1993 година биле во Кина [37]. Во 1994 година, Ли Куан Ју истакнал:

Големината на кинеското поместување во светот е такво што светот мора да најде нова рамнотежа за 30 или 40 години. Невозможно е да се преправаме дека се работи само за уште еден голем учесник. Таа е најголемиот учесник во историјата на човештвото [37]

Економија[уреди]

Панорама на Сингапур

Економски политики[уреди]

Пристаниште на Сингапур

Со цел привлекување на големи странски инвестиции, владата на Ли Куан Ју се решила да воведе строго трудово законодавство. Во 1968 година се одржале избори на кои Народната акциона партија однела голема победа со што позицијата на Ли Куан Ју бил зацврстена. По изборите, владата во август 1968 година донела нов закон за работни односи со кои првата на работниците биле намалени или ограничени. Со новиот закон се зголемило работното време, се намалиле неработните денови, а работодавците добиле поголема моќ над вработените, отпуштање или нивно промовирање [38]. Меѓутоа со новиот закон, работниците за прв пат добиле право на боледување и надоместок за невработеност, а ако работниците имале можност да се жалат до Министерството за труд доколку оценеле дека работодавците се неправедни кон нив. Како резултат на новото законодавство, продуктивноста се зголемила и немало работнички штрајкови во 1969 година, кои биле карактеристични за претходниот период.

Откако Ли Куан Ју и неговата влада ги ставиле под своја контрола работничките синдикати и воопшто работниците, била основана Јуронг корпорацијата (Jurong Town Corporation) која имала задача да го развие Јуронг, најголемиот град во западниот дел на Сингапур. До крајот на 1970 година, 271 фабрики во Јуронг вработувале 32.000 работници, а имало повеќе од 100 фабрики во изградба. Странските инвеститори биле привлечени од подобрената бизнис клима и тоа со стимуланси, како што се даночните олеснувања за период до пет години и неограничена репатријација на профитот и капитал во одредени владини развиените индустрии, 46 отсто од вкупниот странски капитал во 1972 година се состоел од инвестиции од страна на компании од Соединетите Американски Држави. Компании од Западна Европа, Јапонија, Хонг Конг, Тајван, Малезија, Австралија исто така вложиле свој капитал, во 1972 година една четвртина од производствени фирми во Сингапур биле во странска сопственост или мешани компании.

Друга атракција на Сингапур за привлекување на странски капитал биле нафтените ресурси во регионот. Сингапур бил центар на компаниите од нафтената индустрија за пронаоѓање на нафта во Индонезија, а Сингапур станал регионален центар за складирање на нафтата. До средината на 1970 години, Сингапур станал трет центар за рафинирање на нафтата во светот. По повлекувањето на Британците, поранешните нивни воени објекти од страна на Ли Куан Ју и неговата влада биле трансформирани во комерцијални и индустриски објекти. Во 1972 година бил изграден комплекс за транспортни контејнери, а Сингапур се претворил во претоварен центар во Југоисточна Азија.

Макроекономија[уреди]

Ова е табела на растот на бруто домашниот производ на Сингапур по пазарни цени проценети од страна на Меѓународниот монетарен фонд.

Година Бруто домашен производ
($ милиони)
Размена во американски долари Номинален БДП по жител
БДП по жител
1980 25,117 2.14 Сингапурски долари 39.65 55.00
1985 39,036 2.20 Сингапурски долари 36.63 63.41
1990 66,778 1.81 Сингапурски долари 52.09 74.76
1995 119,470 1.41 Сингапурски долари 86.14 90.60
2000 159,840 1.72 Сингапурски долари 66.19 91.48

Економско наследство[уреди]

Мерлион, еден од симболите на Сингапур
Центарот на Сингапур

Ли Куан Ју повеќе од половина век го управувал Сингапур, зад себе оставил големо наследство, а неговите постапки и достигнувања треба допрва да биде целосно оценети. Како премиер, Ли Куан Јеу има главна одговорност за експоненцијалниот пораст на бруто домашниот производ на Сингапур (БДП) од 704,000,000 $ во 1960 година во 38000000000 $ во 1990 година. Оваа бројка во моментов изнесува 222.000.000.000, или над 300 пати во споредба на нивото во 1960 година. Според трошоците за живот и БДП по глава на жител, Сингапур во 2010 година беше рангирана на 3-то на глобално место од страна на Меѓународниот монетарен фонд [39].

Само неколку држави имале толку рапиден економски пораст за толку кратко време, а економскиот успех на Сингапур е широко поздравен од страна на меѓународните набљудувачи. Сингапур што Ли Куан Ју го наследил во 1959 година бил многу поинаков од денешниот Сингапур.

Уште еден од значаен придонес на Ли Куан Ју е формирањето на Владината инвестициона корпорација на Сингапур во 1981 година за управување со девизните резерви на Сингапур. Точната големина на резервите на Сингапур не е позната, но се проценува дека е една од десетте најголеми во светот. Овие резерви му овозможиле на Сингапур во текот на азиската финансиска криза од 1997-98 година да да ја заштити својата валута и да го одржи стабилниот девизен курс.

Виш министер[уреди]

Ли Куан Ју (во средината) на средба со американскиот државен секретар за одбрана Вилијам Коен во 2000 година.

На 28 ноември 1990 година, Ли Куан Ју се повлекол од премиерската функција и ја отстапил на својот долгогодишен соработник Го Чок Тонг, во тој момент Ли Куан Ју имал најдолг стаж во светот како премиерот [8]. Ова беше првата лидерска промена од осамостојувањето на Сингапур. Кога Го Чок Тонг ја презел владата, Ли Куан Ју добил неизвршна и советодавна функција во владата на Сингапур во облик на вишиот министер. Ли потоа се повлекол од должноста генерален секретар на Националната акциона партија и бил наследен од Го Чок Тонг во ноември 1992 година.

Од 2000 година, Ли изрази загриженост во врска со намалувањето на мандарински јазик кај помладите кинески Сингапурци. Во еден од своите парламентарни говори, тој истакнал дека: "Сингапурците мора да научат да ги владеат англискиот и мандаринскиот (јазик б.н)". Во декември 2004 година, била лансирана кампањата Huayu Cool! (华语 Cool!) која имала за цел да ги привлече младите да го научат мандаринскиот јазик [40].

Министер-ментор[уреди]

Новоименуваниот премиер, Ли Сјен Лунг (син на Ли Куан Јеу и наследник на Го Чок Тонг), на 12 абгуст 2004 година најавил дека во неговата влада, Ли Куан Ју ќе ја држи позицијата министер-ментор. Сингапурските избори од 2011 година во кои опозицијата освоила, невидени до тогаш, голем број на гласови, Ли Куан Ју најави дека ќе го напушти напушти владиниот кабинетот на својот син [41]. Ли Куан Јеу беше прв и единствен министер-ментор на Сингапур.

Наследство[уреди]

Портрет на Ли Куан Ју
Школата за јавна политика Ли Куан Ју

Во текот на трите децении додека Ли Куан Ју владеел, Сингапур се трансформирал во една од најразвиените земји во Азија и покрај својата мала популација, ограничен земјишен простор и недостаток на природни ресурси. Куан Ју честопати изјавува дека единствениот природен ресурс на Сингапур се неговите жители и нивната силна работна етика. Тој е широко почитуван од страна на многу Сингапурци, особено од постарата генерација, кои се сеќаваат на негововото инспиративно водство за време на независност и отцепувањето од Малезија. За многу луѓе во Сингапур и други земји, Куан Јун е неразделно поврзан со нивните сфаќања за Сингапур како бренд. [42].

Од друга страна, многу Сингапурци го критикуваа Ли поради неговата авторитарност и нетолерантност кон изразените поинакви политички погледи, посочувајќи ги неговите бројни, главно успешни тужби против политичките противници и весници кои искажуваат негативно мислење за неговите политики. Меѓународните медиумски чувари Репортери без граници, побарале од Куан Ју и од другите вискоки официјални преставници од Сингапур, да престанат да ја користат клеветата како средство против новинарите [43].

На 16 септември 2003 година, премиерот на Сингапур Го Чок Тонг најавил основањето на Школата за јавна политика, при Националниот универзитет на Сингапур, која требало да биде именувана според првиот премиер на Сингапур, во 2004 година таа одлука била спроведена [44].

Контроверзи[уреди]

Деван Наир[уреди]

Ли Куан Ју во 2005 година

Деван Наир, третиот претседател на Сингапур кој живеел во егзил во Канада, во едно свое интервју за весникот The Globe and Mail од Торонто, истакнал дека техниката на Ли Куан Ју за тужење на своите противници и нивно туркање кон банкротство е кршење на политичките права. Тој укажал дека Ли Куан Ју е самобендисана личност која знае се и која опкружена од кукли (марионети). Како одговор на овие забелешки, Ли Куан Ју го тужел Деван Наир пред канадскиот суд, а Деван Наир поднел контратужба. Ли Куан Ју, надвор од судскиот спор, обвинил дека изјавите на Деван Наир се напад насочен врз интегритетот на Сингапурската влада и повикал на отфрлање на Наировата контратужба. Меѓутоа, Онтарискиот врховен суд одбил да ја отфрли противтужба на Наир и истакнал дека Ли Куан Ју го злоупотребил судскиот процес и дека противтужба на Наир е разумна мерка [45].

Че Сон Јуан[уреди]

На 24 септември 2008, судијата Ву Би Ли, во име на Високиот суд на Сингапур, пресудил дека статијата на магазинот Far Eastern Economic Review ги наклеветил Ли Куан Ју и неговиот син, сингапурскиот премиер Ли Сјен Лунг. Судот утврдил дека статијата на Че Сон Јуан, водач на сингапурската опозиција, под наслов Singapore's 'Martyr од 2006 година има конотација дека Ли Куан Ју се одржува и продолжува да работи во Сингапур на истиот корумпиран начин како што Т. Т. Дурај управува со Националната бубрежна фондацијата (НБФ) и дека тој ја користи клеветата за да ги потисне оние кои би се сомневаат во неговата корупцијата [46].

Судот пресудил дека Far Eastern Economic Review, во сопственост на Dow Jones & Company треба да им плати отштета на тужителите, односно на Ли Куан Ју и неговиот син Ли Сјен Лунг, бидејќи бил оштетен нивниот углед. Far Eastern Economic Review поднел жалба [46], меѓутоа го изгубиле случајот кога во октомври 2009 година, Апелациониот суд пресудил дека Far Eastern Economic Review ги наклеветил Ли Куан Ју и Ли Сјен Лунг [47].

Идеологија[уреди]

Антизападно расположение[уреди]

Ли Куан Ју отворено се спротиставува на западните политички вредности, истакнувајќи дека на Сингапур, кој има конфучијанска традиции, повеќе му одговара определна форма на петерналистички авторитаризам отколку либерална демократија. Ли Куан Ју тврди дека демократијата е пречка за економскиот раст бидејќи таа му пречи на економското планирање и промовира некој вид на егалитарно самозадоволство при кое на преден план излегува огромното мноштво од посебни интереси на сметка на општеството како целина [48]. Ли Кван Ју истакнува дека ја прифаќаат:

неизбежноста на науката и технологијата, како и промената во начинот на живеење што тие ја неметнуваат, но не ја прифаќаат идејата да бидат вестернизирани [37]

Конфучијанство[уреди]

Ли Куан Ју бил силно инспириран од Конфучијанството и во него го видел изворот на економскиот успехот на Сингапур. Според Ли Куан Ју успехот се должел на источноазиската култура која акцентот го става на колективизмот, а не на индивудулаизмот. Според него: Вредностите и принципите на Источноазијците насочени кон заедницата - Јапонците, Корејците, Тајванците, Хонконжаните и Сингапурците - се покажаа како вистински вредности во процесот на достигнување на другите [37]. Значењето на Конфучијанството, односно на религијата, во политичкиот и општествениот живот на Сингапур и воопшто во Источна Азија, Ли Кван Ју го објаснува на следниот начин:

Ние сме земјоделски општества кои се индустријализираа во текот на една или две генерации. Процесот што на Запад траеше 200 или повеќе години, тука трае само 50 години или помалку. Се е збутано и натрупано во многу тесна временска рамка, па затоа вереојатно ќе има поместувања и неправилности. Ако ги погледнете земјите коиу брзо напредуваат - Кореја, Тајланд, Хонг Конг и Сингапур - кај сите нив се појавува еден значаен феномен: подемот на религијата... Старите обичаи и религии - како славењето на предците и шаманизмот - веќе не задоволуваат целосно. Постои потрага по повисоки објаснувања за смислата на постоењето на човекот, за тоа зошто сме тука. Ова е поврзано со периоди на големи стресови во општеството. [37]

Во почетокот на 90 - те години на 20 век, Ли Куан Ју и сингапурската влада започнале една т.н сингапурска културна офазнзива, истакнувајќи дека Азија се издигнува над Западниот свет и дека азиската, односно конфучијанската култура и нејзините атрибути сее заслужни за подемот: редот, дисциплината, семејната одговорност, сериозното работење, колективимот и умереноста. Од друга страна како главни виновници за опаѓањето на Западот биле посочени: самозадоволството, мрзливоста, индивидуализмот, криминалот, инфериорното образование, непочитување на авторитетот и менталната закоравеност. Се тврдело, ако Соединетите Американски Држави сакаат да му конкурираат на Истокот, тие треба да ги преиспитаат фундаменталните претпоставки на своето општествено и политичко организирање и во тој процес, да научат нешто од источноазиските општества [37].

Авторитаризам[уреди]

Авторитаризмот на Ли Куан Ју е мек во споредба со стандардите на 20 век и има две специфичности. Тој е придружен со невообичаен економски успех и е неапологетски оправдуван не само како привремено уредување, туку како систем што е супериорен во однос на либералната демократија. Авторитаризмот на Ли Куан Ју се карактеризира со потиснување на новинарската критика, нарушување на човековите права на политичките противници и слично.

Владата на Ли Куан Ју се мешала во личниот живот на сингапурските граѓани, на пример: со определување колку долга коса можат да носат децата, забрана на видеосалоните, високи казни за мали престапи - неуредно фрлање на отпадоци или непуштање на вода во јавен тоалет [48].

Државен капитализам[уреди]

Новиот вид на државен капитализам, кои денес е карактеристичен за неколку држави во светот како што се Кина и Русија, започнал во Сингапур, а негов главен иницијатор бил Ли Куан Ју [49]. Тој како премиер на оваа држава во текот на 30 години бил неуморен поборник на „азиски вредности“, кои тои ги разбирал како мешавина на традиционалните семејните вредности и авторитаризмот [49]. Ли Куан Ју е многу близок до погледите на Беатриса Веб за мудроста на државата и разбрал дека најголемата шанса на Сингапур е во привлекувањето на најмоќните корпорации во светот, меѓутоа ја отфрлил идејата за немешање во приватниот сектор, која се развила во Хонг Конг во тој дел на Југоисточна Азија.

Оваа политика се карактеризира со силното влијание на државата врз економијата и била еден од основните фактори за успехот на сингапурската економија [50].

Семејство[уреди]

Ли Куан Ју со својата сопруга

Ли и неговата сопруга Ква Гек Чо склучиле брак на 30 септември 1950 година. Неговата сопруга почина на 2 октомври 2010 година во сон [51]. Неговиот најстар син, Ли Сјен Лунг, поранешен бригаден генерал, од 2004 година е премиер на Сингапур. Неколку членови од семејството Ли држат истакнати позиции во сингапурското општество. Неговиот најмлад син, Ли Сјен Јанг, исто така поранешен бригадниот генерал, е поранешен претседател и извршен директор на Сингапурските Телекомуникации. Тој е моментално неизвршен директор и претседател на Fraser & Neave Limited (F&N) и претседател на Цивилната воздушна пловидба на Сингапур. Неговата ќерка, Ли Веи Линг раководи со Сингапурскиот национален институт за неронаука. Жената на Ли Сјен Лунг, Хо Чинг, е извршен директор на Темасек холдингс [52].

Семејното дрво на Ли Куан Ју[уреди]

Надгробната плоча на Ле Хон Ленг
Ле Бок Бон
р.1846
 
Се Хуан Не
р.1850.est
 
 
 
 
Ле Хон Ленг
р.1871
 
Ко Лием Нио
р.1883
 
 
 
 
Ле Чин Кон
р.1903
 
Чуа Јим Но
р.1907
 
 
 
 
Ли Куан Ју
р.1923
 
 
 
 
 
Ква Гек Чо
р.1921
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Вонг Минг Јанг
р.1951
 
Ли Сјен Лунг
р.1952
 
Хо Чинг
р.1953
Ли Веи Линг
р.1955
Ли Сјен Јанг
р.1957
 
Лим Суе Ферн
р.1957
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Ли Хи Ки
р.1980
 
 
Ли Хонги
р.1987
 
 
Ли Шенгву
р.1985
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Ли Ји Пенг
р.1982
 
 
Ли Хаои
р.1989
 
 
Ли Хуанву
р.1986
 
 
 
 
 
 
 
Ли Шаову
р.1995
 
 
 

Награди[уреди]

Ли го добива Орденот на пријателство од рускиот претседател Дмитриј Медведев на 15 ноември 2009 година во Сингапур.

Државни одликувања[уреди]

  • Орден на на изгрејсонцето (1967) [53]
  • Орден на почесната легија (1970)
  • Витешки голем крст Св. Михаил и Св. Ѓорѓи (1972)
  • Слобода на градот на Лондон (1982)
  • Орден на круната од Јахор (1984)
  • Орден на големиот лидер (1988)
  • Орден на пријателство (Русија) (2009) [54]
  • Орден на пријателство (Казахстан) (2012) [55]

Други[уреди]

  • Иг-Нобел (1994) [56]
  • Во 2002 година, Ли Куан Ју беше официјално примен во братството на Кралскиот колеџ во Лондон како признавањето за неговата промоција на меѓународната трговија и индустрија [57].
  • Награда Вудроу Вилсон за јавни услуги (2006)
  • Во 2007 година на Ли му била доделена почесна докторска титула по право на Австралискиот национален универзитет во Канбера, иако учениците и персоналот протестирале [58].
  • Во октомври 2009 година на Ли му беше доделена првата наградата за животно дело од страна на американскиот деловен совет.
  • На 29 април 2010 година од страна на TIME, Ли беше рангиран меѓу стоте највлијателни "Азијци на векот" [59].
  • На 14 јануари 2011 година, Ли ја добил награда Грифон [60].
  • На 19 октомври 2011 година, Ли го доби медалот Линколн во Вашингтон [61].

Меѓународни организации[уреди]

Ли Куан Ју е почесен член на комитетот на Фондацијата Ширак[62], уште од нејзиното основање во 2008 година од страна на поранешниот француски претседател Жак Ширак со цел да се промовира мирот во светот.

Мемоари[уреди]

Ли Куан Ју напиша мемоари во два тома:

  • The Singapore Story (Сингапурска приказна), каде е преставен неговиот поглед за историјата на Сингапур се до отцепувањето од Малезија во 1965 година.
  • From Third World to First: The Singapore Story, 1965-2000 : (Од Првиот свет до Третиот: Сингапурска приказна), каде е преставен неговиот поглед за трансформацијата на Сингапур во Азиски економски тигар.

Галерија[уреди]

Извори[уреди]

  1. Days of reflection for the man who defined Singapore: A transcript of Minister Mentor Lee Kuan Yew's interview with The New York Times“, 13 септември 2010, стр. 14–17.
  2. "Singapore's elder statesman". Reporter: Peter Day. From Our Own Correspondent. BBC. World Service, London. 5 July 2000. Transcript.
  3. Hume, Tim. „The lost world of a wild tribe“, 20 март 2011. „His memoir sits on display in Singapore airport between biographies of founding statesman Lee Kuan Yew and Donald Rumsfeld“
  4. Wife of Lee Kuan Yew dies at 89“, 2 октомври 2010. „The wife of Singapore's founding father, Lee Kuan Yew, whom the statesman called his "great source of strength and comfort", ...“
  5. US, Japan must help out Asia, says Kuan Yew“, 22 јануари 1998. „Singapore's elder statesman Lee Kuan Yew said today ...“
  6. Lee, Wei Ling. „No need for a 'uneqqee' name“, 21 март 2010.
  7. Lee, Wei Ling. „No need for a 'uneqqee' name“, 21 март 2010.
  8. 8,0 8,1 Erlanger, Steven. „New Leader takes Singapore's Helm“, 29 ноември 1990.
  9. 9,0 9,1 9,2 McCarthy, Terry. „Lee Kuan Yew“, 23 август 1999. „Lee Kuan Yew towers over other Asian leaders on the international stage ...“
  10. Why it's no change in Singapore“, „The Editor (press review)“, 16 август 2004.
  11. Singapore told to feel free“, 13 август 2004.
  12. SM Goh, MM Lee to leave Cabinet“, „Channel NewsAsia“, 14 мај 2011.
  13. Демократијата на Тајван-пример за континентална Кина?
  14. Зајакнување на државниот капитализам
  15. Lee, Harry (17 март 2009). „SPEECH BY MR LEE KUAN YEW, MINISTER MENTOR, AT SPEAK MANDARIN CAMPAIGN’S 30TH ANNIVERSARY LAUNCH, 17 MARCH 2009, 5:00 PM AT THE NTUC AUDITORIUM“. архивирано од оригиналот на 5 ноември 2012. http://web.archive.org/20121105054019/www.channelnewsasia.com/annex/MM_30annvSMC_Eng.pdf. конс. 2 февруари 2012. 
  16. Lee, Wei Ling. „No need for a 'uneqqee' name“, 21 март 2010.
  17. Tan, Sumiko; Han Fook, Warren Fernadez (1998). „Lee Kuan Yew: The Man and His Ideas“. SPH. 
  18. Sunday Times (printed edition), July 25, 2010, page 9, "Living with Nature" (an email interview with Lee Kuan Yew) by Lim Yann Ling
  19. Ooi, Jeff (6 ноември 2005). „Perils of the sitting duck“. „Screenshots“. архивирано од оригиналот на 25 ноември 2005. http://replay.waybackmachine.org/20051125194719/http://www.jeffooi.com/archives/2005/11/i_went_into_act.php. конс. 6 ноември 2005. 
  20. Josey, Alex (1980) [1971]. „Lee Kuan Yew Vol. 1“. Singapore: Times Books International. стр. 41. ISBN 978-9971-65-043-8. http://books.google.com/books?ei=EhBZTfPxGIe-tgeInemvDQ&ct=result&id=xTIMAQAAIAAJ&dq=Lee+Kuan+Yew+Japanese+occupation&q=translator. 
  21. Mauzy, Diane K.; Milne, R.S. (2002). Singapore Politics Under the People's Action Party. London & New York: Routledge. ISBN 0-415-24653-9
  22. Hoe Yeen Nie. „State of Singapore came into being 50 years ago on 3 June“, „Channel News Asia“, 2 јуни 2009.
  23. „Singapore - Road to Independence“. U.S. Library of Congress. http://countrystudies.us/singapore/10.htm. конс. 27 јуни 2006. 
  24. Sheng-Yi, Lee (1990). „The Monetary and Banking Development of Singapore and Malaysia“. Singapore: NUS Press. стр. 53. ISBN 978-9971-69-146-2. 
  25. Newspapers - Ex-army chief, BG Campbell, dies in Australia
  26. Public-domain information from the US State Department Country Guide.
  27. 27,0 27,1 27,2 Jacobson, Mark. „The Singapore Solution“, „National Geographic Magazine“, јануари 2010 (конс. 26 декември 2009).
  28. Jacobson, Mark. „The Singapore Solution“, „National Geographic Magazine“, јануари 2010 (конс. 26 декември 2009).
  29. „When the House Sat and Talked of Love“, „The Straits Times“, March 1985 
  30. Lee Kuan Yew, "The Singapore Story", Time Asia, Hong Kong, 21 September 1998.
  31. Judicial caning in Singapore, Malaysia and Brunei at World Corporal Punishment Research.
  32. Regulation No 88 under the Schools Regulation Act 1957 (extract).
  33. Armed Forces Act, 1972.
  34. U.S. State Dept. 2011
  35. Obama welcomes 'legendary' Lee Kuan Yew“, 29 октомври 2009.
  36. The White House (29 October 2009). "Remarks by President Obama and Minister Mentor Lee Kuan Yew of Singapore before Meeting". Соопштение за печат.
  37. 37,0 37,1 37,2 37,3 37,4 37,5 37,6 37,7 37,8 Судирот на цивилизациите и преобликување на светскиот поредок, Семјуел Ф. Хантингтон, Скопје, Евро-Балкан пресс, 2010
  38. Singapore Under Lee Kuan Yew
  39. Authors Conversations Stories Regions Search this site: Lee Kuan Yew's Legacy
  40. 华语 Cool!. zaobao.com (7 December 2004).
  41. SM Goh, MM Lee to leave Cabinet“, „Channel NewsAsia“, 14 мај 2011.
  42. See, for example, the observation that "Hardly a day goes by without Lee Kuan Yew being cited in the international media" in Koh Buck Song (2011) Brand Singapore: How Nation Branding Built Asia's Leading Global City, page 63
  43. Stop suing journalists: RSF tells Singapore leaders“, 26 март 2010 (конс. 26 март 2010).
  44. About the Lee Kuan Yew School of Public Policy
  45. Lee v. Globe and Mail (2001), 6 C.P.C. (5th) 354 (Ont.S.C.J.).
  46. 46,0 46,1 "Editor 'defamed' Singapore leader, BBC News Online, London, 24 September 2008.
  47. "Singapore backs Lee in media case" BBC News Online, 8 October 2009.
  48. 48,0 48,1 Крајот на историјата и последниот човек, Френсис Фукујама
  49. 49,0 49,1 Something old, something new
  50. State Capitalism – A New Path to Prosperity?
  51. The Cabinet – Mr LEE Kuan Yew“ (конс. 26 април 2008).
  52. Teamsek | Board of Directors
  53. „Bio of Lee Kuan Yew“. Government of Singapore. http://www.pmo.gov.sg/AboutGovernment/CabinetAppointments/MMLeeKuanYew/. конс. 10 септември 2008. 
  54. Hoe Yeen Nie. „Russia, S'pore move towards closer ties with new governmental body“, „Channel Newsasia“, 16 ноември 2009 (конс. 22 март 2011).
  55. Joanne Chan. „Lee Kuan Yew conferred Order of Friendship by Kazakhstan“, „Channel Newsasia“, 21 февруари 2012 (конс. 21 февруари 2012).
  56. „List of Ig Nobel past winners“. архивирано од оригиналот на 11 јануари 2006. http://web.archive.org/web/20060111004730/http://www.improb.com/ig/ig-pastwinners.html. .
  57. Commemoration Day pride“, „Reporter“, Imperial College London, 13 ноември 2002.
  58. Skehan, Craig. „Hostile welcome for Lee Kuan Yew“, „Sydney Morning Herald“, 28 март 2007.
  59. Lee Kuan Yew – The 2010 TIME 100“, „TIME“, 29 април 2010 (конс. 29 април 2010).
  60. S'pore must preserve meritocracy in govt schools, says MM Lee“, „Channel Newsasia“ (конс. 13 јануари 2011).
  61. Marks, Simon. „Former MM Lee Kuan Yew receives Lincoln Medal“, „Channel News Asia“, 19 октомври 2011 (конс. 20 октомври 2011).
  62. Fondation Chirac's honour committee

Надворешни врски[уреди]

Интервјуа и статии[уреди]

Политички функции
Нова титула Премиер на Сингапур
1959–1990
Наследник
Го Чок Тонг
Претходник
Хон Суи Сен
Министер за финансии
1983
Наследник
Тони Тан
Претходник
С. Раџаратна
Виш министер
1990–2004
Наследник
Го Чок Тонг
Нова титула Министер-ментор
2004 – 21 May 2011
укината
Пратенички места
Нова изб. единица Член на парламентот
1959–1991
укината
Член на новиот парламент
1991–present
На должност
Партиски функции
Нова партија Секретар на Народната акциона партија
1954–1992
Наследник
Го Чок Тонг
Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Ли Куан Ју“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).