Брус Стерлинг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Bruce Sterling
Brucesterling.jpg
Псевдоним Vincent Omniaveritas (in fanzine Cheap Truth)
Занимање Writer, speaker, futurist, design instructor
Националност American
Период 1970s-present
Жанрови Science fiction
Тематика Cyberpunk
Правец Cyberpunk/postcyberpunk

well.com/conf/mirrorshades/

Мајкл Брус Стерлинг(роден на 14 април,1954) е американски автор на научна фантастика,најдобро познат по неговите новели и неговата работа на антологијата Сенки на огледалото (Mirrorshades antology) , кое помогна во дефинирањето на жанрот сајберпанк.

Дела[уреди]

Стерлинг,заедно со Вилијам Гибсон,Руди Рукер,Џон Ширли,Луис Шинер и Пет Кадиган, е еден од основачите на сајберпанк движењето во научната фантастика, како и негов главен идеолошки разгласувач, чии полемики за темата му го заработија прекарот „Претседателот Брус“. Тој исто така беше еден од првите организатори на турскиот град на писателови работилници и е најчест посетител на писателовата работилница Сикамор Хил(Sycamore Hill). Ги доби Хуго наградите за своите новели Мајстор за велосипеди Bicycle Repairman и Такла Макан. Неговата прва новела Вечниот Океан (Involution Ocean), објавена во 1977 година, го прикажува светот Нулаква (Nullaqua) каде што целата атмосфера е содржана во еден, единствен, милји-длабок кратер ; приказната се однесува на брод кој плови низ океанот на дното од прашината,кој лови суштества наречени прашливи китови (dustwhales) кои живеат под површината. Тоа е делумно научно-фантастичен пастиш од Моби-Дик на Херман Мелвил.

Од крајот на 1970-тите години па наваму, Стерлинг напиша низа приказни поставени во универзумот Рендисалка/Механист (Shaper/Mechanist) : соларниот систем е колонизиран,со две основни завојувани раздори. Механичарите употребуваат голем дел од компјутерско-базираните механички технологии;рендисалите прават генетски инженеринг во масивен размер. Ситуацијата е комплицирана при евентуален контакт со туѓи цивилизации; човештвото конечно се дели на многу подвидови,со импликацијата дека многу од овие ефикасно ќе исчезнат од галаксијата,потсетува на Особеност (The Singularity) од делата на Вернер Винџ. Приказните за Рендисалка/Механист може да се најдат во колекцијата Кристал Експрес (Crystal Express) и колекцијата Шиматрикс Плус (Schimatrix Plus) , која ја содржи оригиналната новела Шиматрикс (Schimatrix ) и сите приказни поставени во универзумот Рендисалка/Механист. Аластар Рејнолд ги идентификуваше Шиматрикс (Schimatrix ) и другите приказни за Рендисалка/Механист како едни од најголемите влијанија на неговата работа.

Брус Стерлинг на конференцијата за отворени култури (5 јуни,2003)

Во 1980-тите,Стерлинг го издаде научно-фантастичниот критичен магазин Евтина Вистина (Cheap Truth), под псевднонимот Винсент Омниаверитас (Vincent Omniaveritas). Тој напиша колумна наречена Компјутерска томографија (Catscan) ,за сега веќе непостоечко научно-фантастично критичко списание СФ-Око (SF Eye).

Тој неодамна придонесе една глава за Неограничен Звук (Sound Unbound): Испитување за дигиталната музика и култура (МИТ дневен печат,2008) издадено од Пол Д.Милер а.к.а. ди-џеј Спуки (Dj Spooky).

Од април 2009, преку мај 2009, тој беше уредник на Кул алат (Cool Tools).

Од октомври 2003, Стерлинг се блогираше на “Beyond the Beyond”, кое е водено од Wired.

Проекти[уреди]

Тој е поттикнувач на трите проекти кои може да се најдат на Интернет:

  • Мртвиот медиумски проект(The Dead Media Project)- „колекција од истражувачки белешки“ за мртвите медиумски технологии, од килуата на Инките, преку Викторијанските фенакистоскопи (Victorian phenakistoscopes) , се до видеоигрите и домашните компјутери од 1980-тите. Почетната страна на проектот, вклучувајќи го и оригиналниот манифест на мртвите медиуми од Стерлинг може да се најдат на http://www.deadmedia.org
  • Движењето Виридиан Дизајн(The Viridian Design Movement) –негов обид е да создаде движење на „зелен“ дизајн, фокусирано на хај-тек, стилски и еколошки звучен дизајн. Главната страна на Виридиан Дизајн.вклучувајќи го и Стерлинговиот Виридиан манифест и сите негови белешки за Виридиан, е управувано од Џон Лебковски на http://www.viridiandesign.org. Движењето Виридиан помогна да се размножи популарниот „Светло зелен“(“bright green”) еколошки блог Worldchanging. Учесниците на Worldchanging вклучуваат многу од членовите на Виридија “curia”.
  • Прегрни го гнилежот (Embrace the Decay)- само на интернет,уметничко дело овластено од Музејот на современа уметност во Л.А. во 2003 година. Вклучувајќи ги придонесите поттикнати преку „движењето“ Виридиан Дизајн, Прегрни го гнилежот(Embrace the Decay) беше најпосетеното парче/страна од дигиталната галерија на МСУ во Л.А и вклучуваше придонеси од Џерет Тарбел(Jared Tarbell) на levitated.net и коавторот на неколку книги во напредно флеш програмирање (Flash programming) и Монти Зуковски(Monty Zukowski) , творец на победувајќи го „распаѓачкиот алгоритам“ (“decay algorithm”) спонзорирано од Брус.

Неологизми[уреди]

Стерлинг има навика да образува неологизми за да опише нешта што тој верува дека ќе бидат општопознати и во иднината,посебно предметите кои веќе постојат во одредени броеви.

  • Во декември 2005-тата, во издание од магазинот Wired, Стерлинг го измислил терминот buckyjunk. Buckyjunk се однесува на иднината, тешко преработливиот потрошувачки отпад,изработен од јаглеродни нанотуби ( а.к.а. buckytubes, базирани врз сферен фулерин(buckyballs) или фулерин ( buckminsterfullerene).
  • Во јули 1989, во СФ-око #5, тој беше првиот што го користеше зборот ‘slipstream’ да се повика на еден вид на шпекулативна белетристика помеѓу традиционалната научно-фантастика и конвенционалната литература.
  • Во декември 1999, тој го измисли зборот “ Wexelblat disaster”, за катастрофи предизвикани од природни катастрофи кои активираат секундарен и повеќе оштетување, дефект на човечката технологија.
  • Во август 2004, тој предложи еден вид на технолошки уред (го нарече “spime”) што, преку силен РФИД и ГПС следење, може да ја следи својата историја на користење и да комуницира со светот.

Во говорот каде што тој понуди “spime”, тој истакна дека терминот “blobject”, кој понекогаш го користи, бил пренесен до него преку индустрискиот дизајнер Карим Рашид (Karim Rashid). Терминот првично можеби бил измислен од Стивен Сков Холт (Steven Skov Holt).

Приватност[уреди]

Во детството, Стерлинг поминал неколку години во Индија и денес има значајна симпатија кон Боливудските филмови. Во 2003 година тој беше назначен за професор на Европскиот Универзитет, каде што тој предава летни интензивни курсеви за медиуми и дизајн. Во 2005 година тој станал „визионерски во живеалиште“ (“visionary in residence”) во Уметничкиот центар и колеџ за дизајн во Пасадена, Калифорнија. Тој неколку години живеел во Белград со својата втора сопруга,српски автор и режисер Јасмина Тесанович. Во септември 2007 година тој се преселил во Турин,Италија. Исто така патува низ светот одржувајќи говори и присуствувајќи на конференции.

Наводи[уреди]