Роберто Ајала

Од Википедија — слободната енциклопедија
Роберто Ајала
Лични податоци
Роден на 14 април 1973(1973-04-14)(51 г.)
Роден во Парана (Аргентина), Аргентина
Држава Аргентина Аргентина
Висина &100000000000001770000001,77 м
Играчки податоци
Позиција одбрана
Повлекување декември 2010 (37 години)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1991-1994 Феро Карил Оесте Феро Карил Оесте 72 (1)
1994-1995 Ривер Плејт Ривер Плејт 40 (0)
1995-1998 Наполи Наполи 87 (1)
1998-2000 Милан Милан 24 (0)
2000-2007 Валенсија Валенсија 188 (9)
2007 Виљареал Виљареал 0 (0)
2007-2010 Реал Сарагоса Реал Сарагоса 72 (4)
2010 Расинг Клуб Расинг Клуб 16 (0)
Total 499 (15)
Репрезентација
1994-2007 Аргентина Аргентина 115 (7)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари.
† Учества (Голови).

Роберто Фабијан Ајала (роден на 14 април 1973 година во Парана) — поранешен аргентински фудбалер, играч од одбраната.

Моментално работи како спортски директор во Расинг Клуб од Авељанеда.

Неговиот прекар е "El piraña" (превод на мак. Пирана).

Животопис[уреди | уреди извор]

Ајала е оженет со сопругата Вероника, со која имаат четири деца: Франсиско, Софија, Пилар и Мартина.

Технички одлики[уреди | уреди извор]

Сметан за еден од најдобрите и најисполнителните дефанзивци на неговата генерација, Ајала бил главно познат по неговата способност за игра во воздух и истрајно справување, а исто така се истакнал и со своето водство и доследност во текот на неговата кариера.

Како комплетен дефанзивец, тој исто така бил забележителен и со неговата брзина, способност да игра со топка и точноста во додавањата.[1][2]

Кариера[уреди | уреди извор]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Ајала е роден во градот Парана во Источна Аргентина, на левиот брег на реката Парана. На возраст од десет години започнал да тренира фудбал во младинските категории на екипата на Феро Карил Оесте од Буенос Аирес. Во сезоната 1991-1992 го направил своето професионално деби за клубот во Примера Дивисион и во следните три сезони бил стандарден првотимец во екипата, што подоцна му донело трансфер во една од најпознатите екипи во Аргентина, Ривер Плејт, во 1993 година. Во Ривер помогнал за освојување на првенството (Апертура) во 1994 година и бил во одлична форма за време на комплетниот престој во клубот со што го привлекол вниманието на европските клубови.

Во 1995 година италијанската Парма го купила Ајала од Ривер Плејт, меѓутоа поради тоа што веќе била исполнета нивната квота од три играчи без ЕУ државјанство, Ајала бил позајмен на Наполи кој веднаш ја искористил можноста да откупи и половина од неговиот договор. Дебитирал во Серија А на 27 август 1995 во натпреварот Бари-Наполи 1-1. По завршувањето на сезоната, Наполи целосно го откупил неговиот договор и во следните две сезони тој ја носел капитенската лента на клубот, но со својте добри настапи во екипата од Неапол заработил и место во почетниот состав на аргентинската репрезентација. Сепак, по испаѓањето на Наполи во Серија Б во сезоната 1997-1998 Ајала се преселил во Милан, но неговите игри во дресот на росонерите не биле најдобри; освоил едно скудето, но неговиот број на настапи во две сезони не бил задоволителен за играч од неговата класа.

Во летото 2000 година, Ајала потпишал три годишен договор со шпанската Валенсија која го купила играчот од Милан за 7 милиони евра. Дебитирал за Валенсија во победата на гости со 0-3 над Нумансија во првенството.[3] Набргу, Ајала станал клучна фигура во екипата на тренерот Ектор Купер, оформувајќи одлично партнерство во централниот дел на одбраната заедно со својот сонародник Маурисио Пелегрино. Веќе во својата прва сезона во клубот Ајала играл во финалето на Лигата на шампионите, каде Валенсија несреќно загубила на пенали од Бајерн Минхен со 5-4.[4] Подоцна тој бил избран за најдобар одбранбен играч за таа сезона во Лигата на шампионите.[5] Следната сезона Ајала со клубот го освоил шпанското првенство, а во сезоната 2003-2004 бил еден од клучните играчи во освојувањето на уште еден наслов Првак на Шпанија и Купот на УЕФА со победа од 2-0 против Олимпик Марсеј во финалето во Гетеборг.[3] За време на неговиот седумгодишен престој во Валенсија, тој бил нашироко сметан како еден од најдобрите централни дефанзивци во светот и се смета за една од легендите на клубот на сите времиња.[3] Вкупно за Валенсија одиграл 253 натпревари во сите конкуренции и постигнал 12 гола.

Во 2007 година, Ајала како слободен играч потпишал за Виљареал, но пред да започне сезоната се преселил во Реал Сарагоса,[6] клуб за кој настапувал во периодот од 2007-2010 година. На 2 февруари 2010 се вратил назад во Аргентина, потпишувајќи договор со екипата на Расинг Клуб Авељанеда. Последниот натпревар во кариерата го одиграл на 12 декември 2010, Расинг Клуб-Велес Сарсфилд 0-2.[7] На 30 декември истата година ја завршил својата кариера.[8]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Ајала го направил своето деби за Аргентина на 16 ноември 1994 година, против Чиле, под водство на селекторот Даниел Пасарела.

Ајала играл за Аргентина на Летните олимписки игри 1996 во Атланта, освојувајќи го сребрениот медал. Тој бил стандарден првотимец на аргентинскиот состав на Светското првенство 1998 на кое Аргентина стигнала до четвртфиналето и исто така бил повикан во репрезентацијата и за следното Светско првенство во 2002, меѓутоа таму не одиграл ниту една минута поради повреда со која се здобил во последните моменти пред нивниот прв натпревар против Нигерија. Во 2004 година тој бил повикан во Олимписката репрезентација на Аргентина како еден од тројцата играчи повозрасни од 23 години, и помогнал Аргентина да го освои златниот медал на Олимпијадата во Атина.

На 30 мај 2006 во пријателски натпревар против Ангола, Ајала го забележал својот 100-ти настап во дресот на аргентинската репрезентација.[9]

Тој настапил и на Светското првенство 2006 во Германија каде бил еден од клучните играчи во репрезентацијата. Тој играл брилијантно во текот на целиот турнир, и бил избран за член на Ол Стар тимот на првенството. Во четвртфиналето на турнирот против домаќинот Германија тој со удар со глава го постигнал првиот гол во натпреварот со кој ја довел Аргентина во водство со 1-0, меѓутоа подоцна Германија израмнила на 1-1, па натпреварот бил решен после изведување на пенали во кој гаучосите биле поразени со 4-2 а Ајала бил еден од двајцата играчи на Аргентина кој промашиле.[10][11]

На 17 јули 2007 година, по својот настап во финалето на Копа Америка 2007 против Бразил, во текот на кој тој постигнал автогол, Ајала го најавил своето повлекување од репрезентативниот фудбал.[12] Тој изјавил: "Мојот циклус со репрезентацијата заврши. Ова нема никаква врска со она што се случи во финалето на Копа Америка."[12]

Статистика[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 11 ноември 2016.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1991-1992 Аргентина Феро Карил ПД 18 0 ? ? ? 18 0
1992-1993 ПД 36 0 ? ? ? 36 0
1993-1994 ПД 18 1 ? ? ? 18 1
Вкупно Феро Карил 72 1 72 1
1993-1994 Аргентина Ривер Плејт ПД 16 0 ? ? ? 16 0
1994-1995 ПД 24 0 ? ? ? 24 0
Вкупно Ривер Плејт 40 0 40 0
1995-1996 Италија Наполи А 29 0 КИ 1 0 - - - - - - 30 0
1996-1997 A 30 1 КИ 6 0 - - - - - - 36 1
1997-1998 А 28 0 КИ 2 0 - - - - - - 30 0
Вкупно Наполи 87 1 9 0 96 1
1998-1999 Италија Милан А 11 0 КИ 2 0 - - - - - - 13 0
1999-2000 А 13 0 КИ 3 0 ЛШ 6 0 СИ 0 0 22 0
Вкупно Милан 24 0 5 0 6 0 0 0 0 35 0
2000-2001 Шпанија Валенсија ПД 28 1 КШ ? ? ЛШ 9 2 - - - 37 3
2001-2002 ПД 30 2 КШ ? ? КУ 7 0 - - - 37 2
2002-2003 ПД 31 1 КШ ? ? ЛШ 12 0 СШ 2 0 45 1
2003-2004 ПД 30 1 КШ ? ? КУ 10 0 - - - 40 1
2004-2005 ПД 17 0 КШ ? ? ЛШ+КУ - - СШ+СУ - - 17 0
2005-2006 ПД 23 2 КШ ? ? ИК 6 0 - - - 29 2
2006-2007 ПД 29 2 КШ ? ? ЛШ 8 1 - - - 37 3
Вкупно Валенсија 188 9 ? ? 52 3 2 0 242 12
2007-2008 Шпанија Реал Сарагоса ПД 33 1 КШ 4 0 КУ 2 0 - - - 39 1
2008-2009 СД 28 3 КШ - - - - - - - - 28 0
2009-2010 ПД 13 0 КШ 1 0 - - - - - - 14 0
Вкупно Сарагоса 74 4 5 0 2 0 - - - 79 4
фев.-дек. 2010 Аргентина Расинг Авелјанеда ПД 16 0 - - - - - - - 16 0
Вкупно во кариерата 501 15 19 0 60 3 2 0 582 18

Репрезентативна статистика[уреди | уреди извор]

[13]

Аргентина
Година Наст Гол
1994 3 0
1995 14 0
1996 6 0
1997 7 0
1998 13 1
1999 12 1
2000 11 1
2001 8 0
2002 1 0
2003 6 0
2004 10 1
2005 8 2
2006 7 1
2007 9 0
Вкупно 115 7

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Аргентина Ривер Плејт[уреди | уреди извор]

Италија Милан[уреди | уреди извор]

Шпанија Валенсија[уреди | уреди извор]

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

Аргентина

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ultime notizie su Roberto Ayala“. Il Sole 24 Ore (италијански). 6 June 2006. Посетено на 5 June 2015.
  2. „Roberto Ayala“. BBC Sport. 22 May 2002. Посетено на 3 November 2017.
  3. 3,0 3,1 3,2 „15 years of Ayala's debut with VCF“. Valencia CF. 24 September 2015.
  4. „Bayern Munich 1 - 1 Valencia“. The Guardian. 24 May 2001.
  5. „Champions League final runners-up XI: The best players never to win it“. Sky Sports. 6 June 2015.
  6. „Ayala será jugador del Real Zaragoza“. www.realzaragoza.com. 14 July 2007. Архивирано од изворникот на 2007-08-11. Посетено на 14 July 2007.
  7. Roberto Ayala last game in career ESPN
  8. 26, Diario. „Roberto Ayala se retiró del fútbol“. Архивирано од изворникот на 2014-03-02. Посетено на 2016-11-10.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  9. „Centurion Ayala eyes main prize“. www.fifa.com. 29 June 2006. Архивирано од изворникот на 2010-04-30. Посетено на 26 June 2007.
  10. „Germany 1-1 Argentina. Germany win 4-2 on penalties“. BBC.
  11. „Germania,la semifinale è di rigore; Dopo 120' 1-1,decisivi errori di Ayala e Cambiasso“. mediaset.
  12. 12,0 12,1 „Ayala: "Mi ciclo en la Selección está terminado". Архивирано од изворникот на 2010-05-21. Посетено на 2016-11-10.
  13. „Roberto Fabián Ayala – Century of International Appearances“. RSSSF. Посетено на 1 April 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]