Винсент Фереира Пастиња

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Винсент Фереира Пастиња (Vicente Ferreira Pastinha, често нарекуван Мајстор Пастиња) (5 април 1899 , Салвадор Баија, Бразил - 13 ноември 1981) бил мајстор (mestre) по Афро-Бразилската боречка вештина Капуера.

Години на развој[уреди]

Син на Жосе Сењор Пастиња (José Senhor Pastinha) и Еугенија Мариа де Карваљо (Eugênia Maria de Carvalho), капуерата му била презентирана на 8 годишна возраст од еден Африканец наречен Бенедито.Приказната започнува така што едно постаро и посилно момче од населбата на Пастиња често го задевал и тепал. Еден ден Бенито ја забележал агресијата од која пател, и му рекол да намине од неговата куќа за да го научи неколку работи. На следното видување со тоа момче, Пастиња го поразил толку брзо поради што постарото момче станал негов обожавател.

Пастиња имал среќно и пристојно детство. Наутро одел на часови по уметност во училиштето „Liceu de Artes e Ofício“ каде што учел да црта, попладневните часови ги поминувал во играње со мачињата и практикување Капуера. Со Бенито продолжил да тренира уште три години. Негов најдобар другар бил Жаез Џијас.

Наследување на Ангола Капуера[уреди]

Во 1941 на покана на Алберт (поранешен ученик на Пастиња), Пастиња отишол на саботна хода во „ladeira do Gengibirra “ во „bairro da Liberdade“ ,на која присуствувале најдобрите капуера мајстори. Абере веќе бил познат во овие ходи; откако го поминал попладнето таму, еден од најпознатите Мајстори од Баија, Аморзињо, побарал од Пастиња да превземе одговорност за Ангола Капуерата.

Како резултат на тоа, во 1924 Пастиња го основал првото Ангола училиште- „ Centro Esportivo de Capoeira Angola“ , кое се наоѓало во Пелоурињо (Pelourinho). Неговите ученици носеле црни панталони и жолти маици, истите бои како во „Ypiranga“ клубот, неговиот омилен фудбалски клуб.

Учествувал со Бразилската делегација на „Првиот Интернационален Фестивал на Црнечки Уметности“ во Дакар, Сенегал (1966), понесувајки ги со него Жао Гранде, Жао Пеќињо, Гато прето, Гилдо Алфинете, Роберто Сатанас и Камафеу де Оксоси.

Годините од залезот[уреди]

Пастиња работел како чистач на кондури, кројач, трагач по злато, обезбедување во коцкарница и гастрбајтер во Порто де Салвадор (Porto de Salvador ), издржувајки се финансиски за да може да го прави она што најмногу го љубел, да биде Анголеро (Angoleiro).

На крајот академијата на Пастиња ја зафаќаат тешки времиња. Пастиња, стар, болен и скоро тотално слеп, на барање на власта морал да ја напушти зградата поради реновирање. Но просторот никогаш не му бил вратен, наместо тоа, бил претворен во ресторан и играчница. Пастиња починал како скршен и огорчен човек поради начинот на кој го третирале, но никогаш не зажалил што живеел живот како Капуерист. Пастиња го оставиле напуштен во градското засолниште „ Аbrigo D. Pedro II“-Салвадор.

Целиот свој живот го имал посветено на Ангола Капуерата, својата последна игра ја изиграл на 12 април 1981. Пастиња, таткото и заштитникот на Ангола Капуерата, починал на 92 години, на 13 Ноември 1981.Неговиот спомен го одржале двајца од неговите најдобри ученици, Жао Гранде и Жао Пекињо кои продолжиле да ја споделуваат со светот Ангола Капуерата на Пастиња.

К. Даниел Давсон подоцна ќе напише,

’Пастиња беше брилијантен Капуерист чија игра беше окарактеризирана со агилност, брзина и интелигенција. Пастиња скаше неговите ученици да го разберат практикувањето, филозофијата и традицијата на чистата Ангола Капуера. Како што тој велеше, „Јас ја применувам Вистинската Ангола Капуера и во моето училиште учат да бидат искрени и праведни. Тоа е Ангола законот. Јас тоа го наследив од мојот дедо. Тоа е законот на верноста. Ангола Капуерата што јас ја научив-не ја променив тука во моето училиште....Кога моите ученици започнуваат, започнуваат за да знаат се. Тие знаат, ова е борба, ова е вештина. Мора да бидеме смирени. Не е нападна борба. Капуерата чека...Добриот капуерист мора да знае да пее, да игра Капуера, и да свири на капуера инструментите.“

Извадок од „Ангола Капуера и Мајстор Жао Гранде“ од К. Даниел Давсон

Потекло[уреди]

Концептот на потеклото е од основна важност за применувачите на Ангола Капуерата. Потеклото, ланецот на предавачи (Мајстори) и ученици, го дефинира местото на особата во Капуера заедницата, и образува училишни предавања и филозофии. Стиловите може да се развиваат различно од различни учители, кои, ги пренесуваат овие нови стилови на своите ученици.

Иако постоеле бројни Ангола Мајстори во Пелорињо за време на неговото постоење , училиштето на Пастиња може да се смета за највлијателно во формирањето на Ангола Капуерата во она што е денес. Повеќето Мајстори по Ангола Капуера можат да го насочат нивното потекло кон Пастиња.