Капуера

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Капуера
Capoeira
Rugendasroda.jpg
Капуера или танцот на војната од Јохан Мориц Ругендас, 1825, издадена во 1835
Насоченост Акробатика
Удирање
Боречки вештини
Земја на потекло Бразил Бразил
Прославени во оваа вештина Бимба
Пастиња
Жоао Гранде
Жоао Пекуено
Олимписки спорт не

Капуера е афро-бразилска уметност со комбинирани елементи од боречки вештини, музика и танц. Била создадена во Бразил од страна на робовите донесени од Африка, особено од оние од денешна Ангола некаде после 16-тиот век. Се развила во областа Куиломбо дос Палмерас, која се наоѓа во Бразилската држава Алагоас и имала големо влијание над Афро-Бразилските генерации, била застапена и во државите Баија, Пернамбуко, и во Рио Де Жанеиро. Учесниците во ходата или кругот, свират на музичките инструменти ( како што е Биримбао), пеат, и прават спаринг по парови во центарот на кругот.Спарингот го карактеризираат флуидна акробатска игра, финти, и екстензивно употребување на замавнувања, удари со нозе и удари со глава. Поретко се употребуваат техники кои вклучуваат удари со лакти, шлаканици, боксови. Историчарите се поделени на оние што веруваат дека таа е директен потомок на Африканските боречки стилови и на оние кои веруваат дека е уникатен Бразилски танц дестилиран од различни Африкански и Бразилски влијанија. Едно популарно објаснување тврди дека тоа е Африкански боречки стил кој бил развиен во Бразил, поставена од поборникот Салвано, кој кажал-,,Капуерата не може да постои без црниот човек, но нејзиното родно место е Бразил”.


Етимологија[уреди]

Се чини дека потеклото на името доаѓа од страна на робовладетелите кои го користеле овој израз како подбив кој претставува борба на петли. Друго тврдење е дека зборот “Капуера” потекнува од домородниот Амерички јазик Тупи-Гуарани, зборовите kaá (лист/растение) и puéra (поранешен показател на гледиштата) означуваат “некогашна шума”

Афро-бразилска уметност[уреди]

Некои толкувања ја истакнуваат Капуерата како боречки стил создаден за бунт, но маскиран со фасадата на танцот. Поткрепени со боречки интерпретации нацртите од 1835 во “Voyage Pittoresque dans le Brésil” ( Живописно патување во Бразил) на етнографот Жоан Моритц Ругендас кои ја прикажуваат Капуерата или Танцот на Војната, и позајмуваат историски кредибилитет на идејата дека Капуерата е борбена уметност со многу елементи на танц. Други Пан Афро-Американски борбени традиции се паралелни со капуерата. Според д-р Мортон Маркс, островот Мартиник е славен поради danymé, исто познат и како ladja. Како и во капуерата “има ринг на изведувачи во кој влегува секој од изведувачите, се движи во обратен правец од часовникот и игра според тапанарите”. Ова движење познато како Kouwi Lawon ( или ‘Кружно Трчање’ во Креол), е сосема идентично со капуера кружењето наречено “dá volta ao mundo” или “пат околу светот”. Марк тврди дека во Куба, лажниот борбен танц наречен “Mani” бил изведуван на yuka тапани. Танцувачот (манисеро) ќе застанел на средина од рингот создаден од изведувачи-учесници и движејки се според звукот на песните и тапаните, ќе изберел некој од кругот и ќе се обиде да го собори. Некои од манисеро движењата и ударите биле слични на оние од Афро-Бразилската капуера вклучувајки го и основното сопнување со нога (хаштера).

Во “Капуера: Историјата на една Афро-Бразилска боречка вештина”, Matthias Röhrig Assunção споредил “три Американски борбени традиции: клоцање и шутирање во Соединетите Американски Држави, ladija во Мартиник, и капуера во Бразил”. Африканските борбени игри слични на тепање и борба со стапови исто така беа сведоци и беа документирани во “Барбадос, седумнаесети век”, “Јамајка, осумнаесети век” и “Венецуела, Деветнаесети век”. Борбата со стапови било и сѐ уште се практикува во Тринидад, Кариаку, Доминика и на Хаити. Маја Талмон-Шваицер дала претпоставка дека капуерата можеби била под влиание на ритуалниот борбен танц наречен N’qolo (зебрин танц) од Јужна Ангола. Од 1960-тата, N’qolo теоријата станала популарна меѓу практикувачите на Ангола-Капуера, иако не е сеопшто прифатена.

Додека многу од овие игри се борбени, општо е прифатено дека робовите во Новиот Свет се обидувале на насилен и весел начин да се справат со нивното угнетување.

Статусот во Бразил и Развојот како спорт[уреди]

Некое време капуерата била забранета и се сметала како криминал во Бразил. Assunção обезбедил изобилни податоци од полициските досиеа кои датираат од 1800 год. и кои покажуваат дека капуерата била “важна причина” за апсење на робовите и “сободните обоени индивидуи”. Од 288 робови кои влегле во Calabouço затворот во 1857-1858та година, 80 (31 процент) биле уапсени поради капуерата, а само 28 (10,7 проценти) поради бегство.Од вкупно 4 303 апсења во Рио полицискиот затвор во 1862 год. 404 затвореници (околу 10 проценти) биле уапсени поради капуерата. Во 1890, Бразилскиот претседател Deodoro da Fonseca потпишал акт со кој го забранил вежбањето капуера ширум земјата, со тешки казни за оние што ќе бидат фатени, без разлика на тоа дали ќе вежбале најсиромасите за време на јавни собири, за време на паузите од работа или други слични прилики. Немирите предизвикани поради мешање на полицијата исто така биле чести. И покрај забраната, Manuel dos Reis Machado (Мештре Бимба) создал нов стил, “Capoeira Regional” (Капуера Режионал). Реиш Машадо конечно успеал да ги убеди властите во културната вредност на капуерата, со ова во 1930 конечно се укинала официјалната забрана. Реиш Машадо го основал првото училиште за Капуера во 1932 год.- Academia-escola de Capoeira Regional во Енкењо де Броташ во Салвадор-Баија.Тој се смета за “татко на модерната капуера”. Во 1937, добил државно признат образовен сертификат. Во 1942, Реиш Машадо го отворил своето второ училиште во Тереиро де Јесус - rua das Laranjeiras. Ова училиште работи и денес и го водат неговите ученици, познато како "Vermelho-27". Според Assunção - “ традиционалната Баија Капуера почнала се повеќе да се идентификува со ‘capoeira de Angola’(Ангола капуера), спротивно на‘capoeira Regional’ (капуера Режионал) развиена од страна на Бимба ”. Во Салвадор во тоа време имало неколку истакнати Ангола Мештреа кои заедно одржувале редовно ходи во областа наречена Женжибира де Салвадор. Се на се имало дваесет и двајца Мештреа, меѓу нив биле и- Мештре Аморзињо (кој раководел со ходите), Даниел Кутињо (Мештре Нороња), Онса Прета, Жералдо Шапелеиро, Жувенал и Ливињо Диого. Некаде во времето по смртта на Аморзињо 1941-1942 Вицент Фереира Пастиња, најдобро позната како "Mestre Pastinha" (Мештре Пастиња), го преземал центарот, наречен- Centro Esportivo de Capoeira Angola (спортски центар за Капуера Ангола). Пастиња работел скоро се до неговата смрт во 1981 на кодифицирањето на традиционалниот Ангола стил во капуерата и бескрајно пишувал за овој спорт. Бидејки зачувал голем дел од традиционалниот капуера стил, во праксата, во неговите предавања и списите, тој исто така е многу важен за модерната капуера.


Надвор од Бразил[уреди]

Податотека:Capoeira dance.jpg
DanceBrazil изведува Ritmos во кореографија на Jelon Vieira.

Капуерата доживува светска слава. Има споредби меѓу Северно-Американската Афро уметност-блузот и капуерата. И двете биле развиени од Афро-Американски робови, и двете содржат естетски и културни квалитети, и двете биле избегнувани и гледани одгоре од страна на останатите општествени друштва меѓу кои се имаат развивано, и и двете негуваат длабоко чувство на Африканска гордост особено помеѓу посиромашните и Црнците со потемна кожа.

“Артур Емидо најверојатно бил првиот капуериста кој имал перформанс во странство”, во доцните ’50-ти и раните ’60-ти отишол во Аргентина, Мексико, САД и Европа. Групи како што е “Бразил Тропикал”, предводени од Домингос Кампос и Мештре Камиса Роаша, ја обиколиле Европа во ‘70-тите. “Денс Бразил” групата на Јелон Виеира, основан во Њујорк во 1977, била особено влијателна во популаризирањето на капуерата помеѓу американската публика.

Во средината на ’70-тите Мештреа по капуера почнале да емигрираат во САД и друѓи земји и да предаваат капуера. Во тоа време капуерата во Бразил сѐ уште ја практикувале најсиромашните и најцрните Бразилци. Како и да е, со нивната емиграција во САД, голем дел од таа стигма која историски е поврзана со Бразил била проширена.

Денес има многу училишта за капуера низ целиот свет (капуерата ја освојува и Јапонија) и насекаде во САД, и со нејзиното зголемување на популарноста во САД привлече шрок спектар на ученици од различни култури и раси. Капуерата се здоби со популарност помеѓу не-Бразилските и не-Африканските ученици поради флуидноста на нејзините движења.

Музика[уреди]

CM Pulmao- Skopje, Macedonia- Capoeira Senzala

Музиката е составен дел од капуерата. Таа го одредува темпото и стилот на играта што се одвива во ходата. Темпото варира од многу споро (Angola) до многу брзо (são bento regional). Капуеристите пеат на различни теми. Некои песни се за историјата или опеваат славни капуеристи. Други песни имаат за цел да ги поттикнат играчита на подобра игра. Некои песни го опишуваат она што се случува во ходата. Понекогаш песните се во врска со животот или љубовната загуба. Други имаат весели и разиграни текстови. Капуеристите го менуваат нивниот стил на играње во зависност од ритамот и песните што биримбаото ги наложува. Всушност, музиката е онаа што ја движи капуерата. Постојат три основни видови на капуера песни. Ladainha (ладаиња) е наративна соло песна која најчесто се пее на почетокот на ходата, од страна на Мештре. Овие ладаињи најчесто се познати песни напишани од страна на Мештре , или може да бидат смислени на самото место. Ladainha најчесто е проследена со chula или louvação, следејки го моделот на повикување и одговарање кој најчесто е заблагодарувачки. Кон Бог или некој од учителите, меѓу останатото. Секој повик е најчесто повторуван збор од страна на оние што одговараат.Ladainha и chula се често изоставени од Режионал игрите. На крај, corridos се песни кои се пеат за време на играњето, повторно според моделот на повикување и одговарање. Одговорот на повикот не секогаш го повторува она што било кажано, но се менува во зависност од песната. Инстументите се свират во ред наречен батерија. Ритамот во батеријата го одредуваат биримбаата. Другите инструменти кои ја сочинуваат батеријата се: две пандероси (инструменти слични на дајре), хеко-хеко и агого. Атабаки (тапан сличен на конга), заедничка карактеристика на повеќето батерии, се смета за опционен инструмент, и во некои групи не е неопходен за целосна батерија.

Рангови[уреди]

Додека разноликоста во стиловите доведува до различни системи на рангирање, постои стандарден модул кој повеќето од капуера системите го следат. Ова се ранговите по ред : arealuno (ученик), graduado (градуиран), formado (формиран), professor (професор) и mestre (мајстор). Обично на нивното прво batizado (крштевање), на капуеристите им се дава рангот ученик. Во некои стилови исто така добиваат cordão (појас) и/или apelido (прекар). Нивниот ранг е признание на нивната спремност за учење. Откако ученикот постанува добро запознаен со капуерата, тој учи, тој може да биде признат како aluno graduado (градуиран ученик). Тоа значи дека тој научил доволно за капуерата да би можел да подучува и други. Од оваа точка, тој ќе продолжи да учи не само капуера туку како и да предава капуера. Може да се смета како еквивалент на црниот појас од источните боречки вештини. Аuno graduado-Градуираниот ученик потоа може да премине во aluno formado -формиран ученик. Нема голема разлика меѓу formado-формиран и professor-професор. Основната разлика е во тоа што професорот има право на свое училиште во кое ќе предава капуера додека формираниот најчесто е помошник инструктор. Последниот ранг во капуерата е mestre – Мештре. Како што кажува и самото име Мештре е мајстор по Капуера. Мештреата целат кон тоа да бидат вистинските гласови на капуерата. Сите други рангови се најчесто доделени од Мештреата, но овој ранг тешко се достигнува. Во најголемиот број случаи, капуеристот станува Мештре кога капуера заедницата ќе го признае за таков.

Хода[уреди]

Македонско-Српска-Бразилска Батизада/Белград 2009 capoeira senzala-CM Pulmao

Ходата или "Roda de Capoeira" е кругот од луѓе во кој се игра капуера. Неговата округла форма е наменета да го задржи фокусот на играчите и на оние кои свират и да ја возврати енергијата создадена за време на капуера играта. Луѓето кои ја формираат округлата форма на ходата плескаат со рацете и пеат според музиката која ја свират оние во батеријата. “Устата“ на ходата се наоѓа точно пред батеријата. Тоа е точката од која играчите ја почнуваат секоја игра и од каде секој нов играч мора да влезе. Големината на ходата обично е круг од минимум 3 метри (10 стапки) во дијаметар. Иако може да биде помала или често поголема, до 10 метри во дијаметар. Ритамот кој го свири биримбаото ги одредува темпото и целите на играта која се одвива во ходата. Спората музика ја ограничува играта на спори но сложени ниски движења и стоења на раце. Генерално во капуерата нема контакт или најчесто ударите се лажни или театрални. Во Ангола-Капуера, играта ретко вклучува контакт но опасноста или можноста од истиот е секогаш присутна. Во Капуера Контемпоранеа, за време на некои ритмови (на пр. Бенѓела, Луна) се покажуваат удари но се завршуваат , но за време на ритамот Сао Бенто Гранде де Режионал играчите имаат поголема слобода да се удираат и да направат контакт. Често игрите со контакт се играат на брз ритам, како и да е, тоа е специфично "toque"-свирење на биримбао, кое го диктира типот на играта што се игра. За учесниците, ходата претставува микрокосмос на животот и на светот околу нив. Најчесто во ходата, најголемиот противник на капуеристот е самиот тој, и философијата исто така игра голема улога. Добриот учител би настојувал да подучува почит, безбедност, малиција (уметност на надмудрување на противникот и залажувајки го во ранлива позиција) и слобода. Модерната капуера често е критикувана од традиционалните практиканти на Капуера дека е во процес на губење на нејзината разиграност и дијалог кој се должи на изобилието од импресивни акробации и боречки елементи, наместо разиграната и комплексна интеракција во Ангола капуерата. Доминанцијата во ходата е онолку психолошка и уметничка колку што е и прашање на тоа кој е совладан. Капуерата е уникатно друштвена. Соработувањето со други групи и ученици на други учители може да ги научи капуеристите повеќе за самата уметност и подобрување на нивните вештини.

Капуера стилови[уреди]

Капуерата разликува две основни класификации: традиционална и модерна. Ангола цели кон традиционалната форма на игра. Ова е најстарата форма, приближно 500 години стара, со корени во Афричките традиции кои се дури и постари, и тоа е изворна форма на која се базирани сите останати форми на Капуера. Модерните форми на Капуера можат да се поделат на Режионал и Контемпоранеа.

Ангола Капуера[уреди]

Ангола капуерата се смета повеќе за танц-форма и често се карактеризира со длабоко задржана традиција, играчите ја играат играта на помало растојание, така што се поспори и пониско до земјата од другите форми на капуера, иако во пракса, брзината варира во зависност од музиката. Ангола капуерата е исто така позната и по шамада, физички повик-одговор кој се користи да се предизвика противникот или да се промени стилот во ходата.

Таткото на добро познатите денешни Ангола-Капуера училишта се смета дека е Grão-Mestre Pastinha кој живеел во Салвадор, Баија. Денес, многу од Ангола Капуера училиштата во САД се основани од Мештреа од класата на Пастиња. Тој не бил само Мештре за Ангола-Капуера, туку тој се смета за “татко на Ангола Капуера” воведувајки го овој стил во модерните подесувања на академијата. Тој исто така и ја напишал првата книга за Капуера која била пуштена во печат “Ангола Капуера”. Ангола капуерата доживеа експлозивно ширење за време на изминативе 20 години, може да се најде во големите градови во Бразил и во многу од големите градови во САД, Европа, Јужна Америка, Јапонија, како и на многу други локации.

Режионал Капуера[уреди]

Режионал е една од најчестите форми на Капуера. Во Бразил се игра многу погрубо и подиво. Режионал Капуера била развиена од Reis Machado (Мештре Бимба) за да ја направи капуерата поефикасна и за да ја доближи до нејзиното боречко потекло. Режионал стилот често се смета дека се состои од побрза и поатлетска игра од традиционалната Ангола Капуера. Развиена од друѓи луѓе од Бимбеовиот режионал, овој вид на игра се карактеризира со високи скокови, акробации и кружни движења. Режионалот не треба да биде помешан со оригиналниот стил создаден од Реис Машадо.

Режионал ги рангира капуеристите според способноста, различните вештини се обележуваат со corda кој се носи како појас. Анголата не користи ваков формален систем на рангирање, наместо тоа се потпира на дискретноста на Мештрето. И во двете форми, признавањето на напредните вештини доаѓа само по многу години непрекинато вежбање.

Контемпоранеа Капуера[уреди]

Вежби на Македонско-српска-бразилска Батизада/Белград 2009

Contemporânea е термин за групите кои вежбаат повеке стилови на Капуера истовремено. Многу често учениците на Контемпоранеа Капуера вежбаат елементи од Режионал и Ангола како и нови движења кои нема да бидат поразени од ниеден од овие стилови.Етикетата Контемпоранеа исто така се однесува и за многу групи кои не водат дирекно потекло од лозата на Реис Машандо и Пастиња и не се придржуваат цврсто кон ниедна традиција. Во последниве години, различни философи на модерната Капуера се изразиле преку формирање на училишта, особено во Северна Америка, кои што се фокусирале кон развивање на нивната специфична форма на оваа модерна уметност. Ова станала карактеристика кој ги дефинира многу од училиштата, до точката каде искусен ученик може да процени во кое училиште одредено лице вежба само според начинот на кој играат. Традиционално, ходата во овие училишта почнува со Ангола, во која училишниот Мештре или некој напреден ученик, ќе пее ладиња (долга, меланхолична песна која најчесто се слуша на почетокот од Ангола играта). По некое време, играта прераснува во побрза, сè додека Мештреовиот знак, односно звукот на биримбаото не ја промени во традицонална Режионал игра. Секоја игра, Режионал и Ангола нагласува различни сили и способности. Режионал става акцент на брзината и брзиот рефлекс, во споредба со Ангола која повлекува голема доза на размислување, скоро како шах. Училиштата кои ја предаваат оваа мешавина се обидуваат да ја понудат оваа комбинација како начин да се искористат предностите на двете игри и да влијаат на играчот.

Специјални настани[уреди]

Roda,Македонско-Српска-Бразилска Батизада/Белград 2009 capoeira senzala-CM Pulmao
Bateria,Македонско-Српска-Бразилска Батизада/Белград 2009 capoeira senzala-CM Pulmao

Периодично Режионал капуера групите одржуваат Batizados ( крштевања). На членовите кои не се „крстени“ им се дава corda (појас) и apelido (капуера-прекар) доколку дотогаш не добиле. Батизадите се огромни случувања на кои бројни групи и Мештреа како од соседството така и од подалеку се поканети. Понекогаш Батизадата се нарекува и Troca de Corda (промена на појаси), каде учениците кои веќе биле „крстени“ и кои напорно вежбале и се сметаат за достојни од страна на нивните учители се наградуваат со повисоко рангирани појаси како признание за нивните напори. Ваквите настани нудат прилики да се видат вариации на рзлични капуера стилови, да се гледаат Мештреа како играат, и да се види најдоброто од игрите. Батизади и промена на појаси не одржуваат групите на Ангола капуера, кои исто така немаат систем на појаси.

Слични активности[уреди]

Самба-хода (Samba de roda)[уреди]

Македонско-Српска-Бразилска Батизада/Белград 2009 capoeira senzala-CM Pulmao

Изведувана од многу капуера групи, samba de roda е традиционален Афро-Бразилски танц кој бил поврзуван со капуерата многу години наназад. Батеријата е составена од пандеро, атабаки, биримбао-виола (биримбао со најмала тиква), придружени со пеење и плескање со рацете.

Макулеле[уреди]

Макулеле, Белград capoeira senzala-CM Pulmao

Макулеле е танц кој раскажува приказна за поробените Африканци кои работеле на плантажа со шекерна трска во Бразил. Шекерната трска била сечена со мачети, а во Макулеле танцот, танцувачите ги удираат сечилата на мачетите во ритамот на танцот. Понекогаш се користат стапови наместо мачети со сечила, како и да е, се подразбира дека стаповите симболизираат мачети кои се користеле за сечење на шекерната трска за време на робството. Макулелето и капуерата ја делат истата историја и ја раскажуваат приказната за луѓето кои ја измислиле оваа уметничка форма, затоа обично заедно се изучуваат и изведуваат

Капуера во популарната култура[уреди]

Како што популарноста на капуерата се шири низ светот, исто така и нејзината употреба во популарната култура. Веќе со години се гледаат капуеристи на телевизиски реклами, видеоигри, музички спотови....

Надворешни врски[уреди]