Благој Истатов
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Благој Истатов | ||
| Лични податоци | ||
|---|---|---|
| Полно име | Blagoje Istatov | |
| Положба | голман. | |
| Сениорска кариера1 | ||
| Години | Клуб | Наст. (гл-ви)* |
| ? 1973–1978 1976–1978 |
ФК Беласица ФК Партизан ФК Утрехт |
? 44 (0) 62 (0) |
|
1 Настапи и постигнати голови како сениор |
||
Благој Истатов (роден на 5 април 1947 година во Струмица) е поранешен македонски фудбалер, кој играл на позицијата голман.
Во текот на својата кариера настапувал за ФК Беласица, ФК Партизан и ФК Утрехт. Бил тренер на ФК Беласица и повеќе клубови во Македонија и тренер на голманите во македонскиот национален тим.
Денеска, Истатов живее и работи во Дојран. Пред неколку години основал фудбалска школа во Дојран, а во 2010 година истото го сторил и во Струмица (Градско Балдовци). Школата на Истатов е под патронат на ФК Партизан и има потпишано долгогодишен договор за соработка во месец август 2010 година[1].