Суматрански тигар
| Суматрански тигар | |
|---|---|
| Заштитен статус | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Колено: | Хордати |
| Класа: | Цицачи |
| Ред: | Carnivora |
| Фамилија: | Felidae |
| Род: | Panthera |
| Вид: | P. tigris |
| Подвид: | P. t. sumatrae |
| Триномен назив | |
| Panthera tigris sumatrae Pocock, 1929 |
|
| Распространетост | |
Суматрански тигар (Panthera tigris sumatrae) е подвид на тигар кој го среќаваме на индонезискиот остров Суматра. Неодамнешните генетски истражувања откриле присуство на уникатен генетски маркер кој ги одвојува суматранските тигри од тигрите кои живеат на континентот[2]. Во моментот се смета дека во дивината има само 100-400 единки[3].
Содржина |
Карактеристики [уреди]
Суматранскиот тигар е најмалиот од сите денешни подвидови тигри. Мажјаците достигнуваат просечна должина од 204 сантиметри од главата до опашката и тежина од околу 136 килограми. Женките во просек се долги 198 сантиметри и тежат околу 91 килограм. Пругите на овие тигри се доста пооштри отколку кај другите подвидови, а и оставаат впечаток дека имаат поголема грива (поготово мажјаците). Нивната мала големина им овозможува полесно движење низ густите дождовни шуми. Суматранските тигри имаат и кожичка меѓу прстите, поради што се одлични и брзи пливачи. Познато е и дека спретноста во водата ја користат при ловењето – терајќи го нивниот плен во вода, најчесто копитари кои не се вешти пливачи.
Суматранските тигри најчесто ловат колеми копитари како дива свиња, малајски тапир и елени. Но понекогаш и помали животни како живина, мајмуни и риби. Орангутаните исто така можат да бидат плен, меѓутоа бидејќи поминуваат многу кратко време на земја, тигрите ретко успеваат да ги уловат.
Генетика и еволуција [уреди]
ДНК анализите ја потврдиле хипотезата дека суматранските тигри останале изолирани од останатите популации по подигањето на нивото на морињата за време на границата помеѓу плеистоценот и холоценот (пред околу 12 000 – 6 000 години). Во согласност со оваа еволуција, суматранските тигри се генетски изолирани од останатите тигри кои живеат на континентот, и прават мала одделна група, во која тигрите се во блиско сродство меѓусебе[2].
Живеалиште [уреди]
Единственото природно живеалиште на овие тигри е Суматра – голем остров во западна Индонезија. Го среќаваме било каде од низински шуми до субпланински и планински шуми, вклучувајќи и мочуришни шуми, како и многу незаштитени региони. Само околу 400 единки живеат во резервати и национални паркови. Најголемата популација од околу 110 тигриживее во Националниот Парк Гунунг Леусер. Резерватите не се многу сигурни, бидејќи и покрај напорите за заштита, голем број тигри секоја година се жртви на ловокрадството. Според Инфорормативниот центар за тигри и Светски фонд за природа во дивината нема повеќе од 500 единки. Константното губење на природното живеалиште многу ја отежнува борбата за заштита на овој тигар.
Заштита [уреди]
Во 2007 година индонезиското министерство за надворешни работи и сафари паркот воспоставиле соработка со Австралиската зоолошка градина со цел заштита на суматранските тигри и други загрозени видови. Договорот за соработка е попишан на 31 јули 2007 година. Програмата вклучува заштита на суматрaнските тигри и други загрозени видови во дивината, напори за намалување на конфликтот меѓу тигрите и локалното население и рехабилитација на суматранските тигри и нивно враќање во дивината.
Библиската зоолошка градина во Ерусалим, Израел е дел од меѓународната програма за парење на суматранските тигри со цел да се спаси подвидот од изумирање[4].
Во август 2009 крадци провалиле во зоолошката градина Таман Римба на Суматра и украле женка суматрански тигар[5].
Наводи [уреди]
- ↑ Cat Specialist Group (1996). Panthera tigris ssp. sumatrae. „Црвен список на МСЗП - Загрозени видови“ од 2006 г. МСЗП 2006. пров на 11 мај 2006 (англиски) Податоците содржат објаснување зошто овој подвид се смета да критично загрозен, како и критериумите врз кои е извршена проценката.
- ↑ 2,0 2,1 Cracraft J., Feinstein J., Vaughn J., Helm-Bychowski K. (1998). „Sorting out tigers (Panthera tigris) Mitochondrial sequences, nuclear inserts, systematics, and conservation genetics“. „Animal Conservation“ 1: 139–150. doi:.
- ↑ Hold That Tiger, Haaretz
- ↑ Hold That Tiger, Haaretz
- ↑ „Rare Tiger Killed, Body Stolen From Indonesian Zoo“, „CBS News“, 2009-08-23.
Надворешни врски [уреди]
- Задолжбина за суматранскиот тигар (англиски)
- Програма за заштита на суматранскиот тигар (англиски)
- Суматрански тигар - WhoZoo (англиски)
- Суматрански тигар (Panthera tigris sumatrae) (англиски)
- Загрозени видови: Суматрански тигар (англиски)
- Фонд „Спасете го тигарот“ – Суматрански тигар (англиски)
- Факти за тигрите – Суматрански тигар (англиски)
- Суматрански тигар (англиски)
|
|||||||||||