Малајски тигар
| Малајски тигар | |
|---|---|
| Заштитен статус | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Колено: | Хордати |
| Класа: | Цицачи |
| Ред: | Carnivora |
| Фамилија: | Felidae |
| Род: | Panthera |
| Вид: | P. tigris |
| Подвид: | P. t. jacksoni |
| Триномен назив | |
| Panthera tigris malayensis Luo et al., 2004 |
|
| Распространетост | |
Малајскиот тигар (Panthera tigris malayensis, малајски: Harimau Belang) е подвид на тигар кој го среќаваме во јужните и централните делови на Малајскиот полуостров[1], односно во Тајланд и Малезија. До 2004 година, овие тигри биле класифицирани како индокинески. Новото класифицирање било иницирано по истражувањата направени од Луо од Лабораторијата за генетски диверзитет, која е дел од Националниот институт за канцер во САД. Последните пребројувања покажале дека има 600-800 малајски тигри во дивината, што го вбројува меѓу најбројните подвидови заедно со бенгалските тигри и можеби индокинеските. Сепак, сѐ уште се смета за загрозен подвид.
Содржина |
Физички карактеристики [уреди]
Малајскиот тигар, заедно со суматранскиот, е најверојатно најмалиот подвид на тигар кој постои денес. Шарата на крзното е доста слична со онаа на индокинескиот тигар, но по големината е посличен со суматранскиот подвид[2]. Во просек мажјаците тежат 120 килограми, а женките околу 100 кг. Должината на мажјаците од главата до опашката во просек изнесува 237 сантиметри, а кај женките е 200 сантиметри.
Исхрана и однесување [уреди]
Малајските тигри се хранат со елен самбар, мунтџак, дива свиња и домашна стока. Тигрите кои живеат во националниот парк Таман Негара ловат и малајски мечки. Не е познато дали во главен плен спаѓаат и гаурот и тапирот.
Густината на распространетост на тигрите во дождовните шуми е доста мала – 1,1-1,98 тигри на 100 km². Ова се должи на малиот број на плен. За да се задржи здрава популација на тигри со најмалку 6 плодни женки, резерватите треба да бидат поголеми од1000 km². Во моментот, научниците располагаат со многу малку информации за однесувањето на малајските тигри. Недостасуваат податоци за исхраната, социјалната структура, комуникацијата меѓу единките, големината на индивидуалните територии и демографски параметри[3].
Во заробеништво [уреди]
Генетските анализи на филогенијата на тигрите направени во 2004 година, го поделија подвидот индокинески тигар на два различни подвида: индокинески и малајаски тигар. Авторите на овие истражувања укажуваат дека и тигрите во заробеништво треба да се третираат како различни подвида, односно да се одделат и да се спречи меѓусебно размножување.
Контроверзии околу името [уреди]
Набргу по признавањето на малајскиот тигар како посебен подвид, почнала жестока дебата околу неговото официјално именување. Истражувачите го предложиле името: Panthera tigris jacksoni со цел да се оддаде почит на познатиот зоолог кој ги истражувал големите мачки Питер Џексон. Сепак, владата на Малезија и Малезиската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми протестирале, тврдејќи дека и Малезија треба да учествува во одбирање на името на нивниот национален симбол. Малезија се држи до тоа дека името треба да го означува географскиот регион. Поради ова, предложено е името Panthera tigris malayensis.
Малезиски национален симбол [уреди]
Малајскиот тигар се наоѓа на грбот на Малезија, симболизирајќи ја владата. Се среќава и во хералдијата на бројни малезиски институции како Мајбанк, Протон и ФАМ. Тигарот ја сиболизира храброста и силата на малезијците.
Наводи [уреди]
- (англиски)Luo SJ, Kim JH, Johnson WE, Walt Jvd, Martenson J, et al. (2004) Phylogeography and Genetic Ancestry of Tigers (Panthera tigris). PLoS Biol 2(12): e442. Available online
Надворешни врски [уреди]
- (англиски) Save The Tiger Fund
- (англиски) 21st Century Tiger - Fundraising for tiger conservation
- (англиски) Истражување во Малезија
|
|||||||||||