Тринилски тигар

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тринилски тигар
Период: плеистоцен
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Carnivora
Фамилија: Felidae
Род: Panthera
Вид: P. tigris
Подвид: P. t. trinilensis
Триномен назив
Panthera tigris trinilensis

Тринилскиот тигар (Panthera tigris trinilensis) е фосилен подвид на тигар. Фосилите датираат од пред околу 1,2 милиони години, и се пронајдени на локалитетот Тринил, на островот Јава во Индонезија. Овој подвид бил опишан во 1908 година, а типичниот примерок е дел од колекцијата на Дубоа (Dubois Collection) во Националниот музеј за историја на природата во Лајден, Холандија. Иако овие фосилли се пронајдени на Јава, се смета дека тринилскиот тигар не е директен предок на јaванскиот подвид. Јаванскиот тигар се претпоставува дека потекнува од предок кој дошол од Кина. Најверојатно тринилскиот тигар изумрел пред околу 50 000 години[1].

Наводи[уреди]

  1. Van den Hoek Ostende. 1999. Javan Tiger - Ruthlessly hunted down. 300 Pearls - Museum highlights of natural diversity. Downloaded on 11 август, 2006.