Сибирски тигар
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Сибирски тигар | |
|---|---|
| Сибирски тигар (P. tigris altaica) | |
| Заштитен статус | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Animalia |
| Тип: | Chordata |
| Класа: | Mammalia |
| Ред: | Carnivora |
| Фамилија: | Felidae |
| Род: | Panthera |
| Вид: | P. tigris |
| Подвид: | P. tigris altaica |
| Триномен назив | |
| Panthera tigris altaica Temminck, 1884 |
|
| Распространетост на сибирскиот тигар. | |
Сибирски тигар (Panthera tigris altaica), познат и со имињата амурски тигар, источносибирски тигар и усуриски тигар е редок подвид на тигар што живее на Далечениот Исток. Тој е најголемaта мачка на светот и истовремено со тоа еден од најмалобројните подвидови тигри. Внесен е во Црвената книга и е заштитен.
Содржина |
[уреди] Карактеристики
На должина се протега до 3 метри со опашот, висина од 1 метар во плеќите и тежина до 350 kg ( расте цел живот ). Нормалната тежина е околу 200 kg и 90 см висина. Женките обично се помали - 100-180 кг. Крзното е жолтеникаво со црни ленти, оддолу на стомакот е бело. Долго и густо, тоа му овозможува да живее при температури и до -45 °C. Канџите се долги 10 см и мошне остри, а видот му е 5 пати подобар од човековиот. Сибирскиот тигар е ѕвер со огромна физичка моќ кој може да влече животно со размери на коњ со стотици метри. Независно од своите крупни размери може да трча со брзина од 50 километри на час, а некои индивидуи и до 70 км на час. Добар пливач е и многу ја сака водата. Секое животно има свој индивидуален реон на живеење со просечна големина од 50км².
[уреди] Исхрана
Сибирски тигар е вистински карнивор и се храни само со месо. 65-90% од пленот е обичниот елен. Исто така негови жртви се и лосот, срната, еленот сика , горалот и дивата свиња. Понекогаш лови и помал дивеч како зајаци и глувци. Наеднаш може да изјаде до 20кг месо.
[уреди] Репродукција
Половата зрелост достигнува на 4 годишна возраст. Се парат по секое време на годината за околу десетина дена. Бременоста е 3-3½ месеци. Раѓаат 2-4 слепи мачиња. На 2-3 днедела ги отвараат очите, а на четвртата неделе веќе добро гледаат. До двомесечна возраст цицаат, а потоа почнуваат да се хранат и со месо. Сепак цицаат до седум месечна возраст а понегаш и повеќе.
[уреди] Распространетост
Се среќава на Далечниот Исток, во Русија и Кина. Во Приморскиот крај на Русија живеат околу 450 единки, а во Кина нешто 40-50 (10%). Оделни индивидуи се среќаваат и во Северна Кореја, до руско-кинеската граница. Како резултат на заштитата во последниве години популацијата споро се зголемува и ја проширува својата територија, враќајќи си ги старите живеалишта.
[уреди] Надворешни врски
- ALTA - Унија на амурскиот леопард и тигар (англиски)
- Фондација Тигрис (англиски)
- Сајт на организацијата „Амур“ (англиски)
- Amur (англиски)