Усури

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Усури кај местото Горние Кључи
Сливот на Усури
Спорната територија на руско-кинеската граница

Усури (руски: Уссу́ри, од манџурски: Усури ула) или Вусули (кинески: 乌苏里江, пинјин: Wūsūlǐ Jīang) — река што тече низ Хабаровскиот и Приморскиот крај во Русија и југоисточните краишта на североисточна Кина. Извира во планинскиот венец Сихоте Алињ, па тече на север, исцртувајќи дел од руско-кинеската граница,[1] па кај Хабаровск се влева во Амур (48°26′ СГШ 134°59′ ИГД /  ). Долга е околу 897 км, а сливот зафаќа површина од 193.000 км². Водата ја добива од дожд (60%), снег (30-35%) и остатокот, од подземни извори. Просечниот истек изнесува 1.150 м³/с, при просечна надморска височина од 1.682 м.

Реката е позната по катастрофалните поплави, а помеѓу ноември и април е замрзната. Изобилуваат разни видови риби: липен, есетра, лососи како горбушата, кетата и други.

Историски настани[уреди]

За време на Втората светска војна, преку реката поминувале советските војски при заземањето на Манџурија (операција „Августовска бура“ во 1945 г).[2]

Кинеско-советскиот пограничен конфликт во 1969 г. се одвивал на островот Дамански (Џенбао) во реката Усури.

Поважни притоки на Усури се:

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]