Џо Страмер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
09scenestrummer13.jpg

Џон Мелор (анг. John Graham Mellor) (21 август 1952 - 22 декември 2002) , уште познат и како Џо Страмер е основач, текстописец, гитарист, вокал и фронтмен на британскиот рок бенд Клаш. Доживањата во неговото музичко творештво го вклучува и членството во бендовите како 101ерс, Латино рокабили вор, Мескалерос и Поугс, како еден вид на надополнување во сопствената соло музичка кариера. Работата како музичар му дозволувала да се испроба и на другите полина од животот, вклучувајќи го актерството, создавањето музички подлога за телевизиите и филмовите, креирањето песни и водењето на радио емисии. Џо Страмер и Клеш беа вметнати во "рок ен рол салата на славните" во јануари 2003. Во негово сеќавање, пријателите и фамилијата ја основаа "Страмервајл фондејшн" за промоција на нова музика, и секоја година во негова чест се организираат настани и фестивали како и церемонии ширум светот.

Биографија и кариера[уреди]

Детсво и адолесценција[уреди]

Страмер е роден во Анкара, Турција на 21 Авугст 1952 под името Џон Мелор. Неговата мајка Ана Мекензи, ќерка на фармер родена и израсната во Бонар Бриџ во планинските предели на Шкотска ,била медицинска сестра. Неговиот татко Роналд Мелор бил висок британски службеник за надворешни работи, роден во Лукнов, Индија. Претците на Роналд по мајка биле од ермениско потекло а по татко биле од еврејско потекло од Германија. Семејството поминало голем временски период преселувајќи се од место на место, и Страмер дел од своето детство го поминал израснувајќи во Каиро, Мексико Сити и Бон. На девет годишна возраст Страмер и неговиот постар брат се пратени во престижниот интернат "Сити оф Лондонс фримен скул" така што во наредните седум години се поретко се гледаат со своите родители. Љубовта кон рок музиката ја развива преку песните на Литл Ричард, Бич бојс и американскиот фолк пејач Вуди Гутри. Неколку години Страмер го употребува псевдонимот Вуди. До 1970 неговиот брат Дејвид е отфрлен од своето семејство и се приклучува на нео-нацистичката групација Нејшнл Фронт. Неговото самоубиство во Јули длабоко го потресува Страмер, откако мора да го идентификува мртвото тело. По завршувањето на образованието во интернатот "Сити оф Лондонс фримен скул" во 1970, Страмер се префрлува на "Сент мери колеџот за уметност и дизајн" во Лондон каде се здобива со идеата да стане професионален карикатурист, но набрзо уписот за овој курс бил преполнет. Во тоа време Мелор живеел во стан во предградието на северен Лондон заедно со пријателите Клајв Тимперли и Тимон Дог. Во 1973, Страмер се преселува во Њупорт, Велс. Иако не студирал на колеџот за уметност во Њупорт, тој се запознава со музичарите во студентскиот сојуз во Стоу Хил и станува вокал на бендот Флејминг јут, преименувајќи го бендот во Валчрс. Во Валчрс биле вклучени и три поранешни членови на бендот Рип оф парк рок ен рол олстарс, оригинален колеџ бенд создаден од Тери Ерл Тејлор. Во следната година Страмер е повремен вокал и ритам гитарист во бендот. Во тоа време тој работи и како гробар. Во 1974 бендот се распаѓа и тој се преселува во Лондон каде повторно се сретнува со Тимон Дог. Помал временски период музички јз забавувал јавноста по улиците низ Лондон одлучувајќи да создаде друг бенд со неговите цимери од западен Лондон. Бендот бил именуван во 101ерc по адресата на која живееле. Како 101ерс, направиле поголем број на свирки, преработувајќи ги популарните ар ен би и блуз песни. Во 1975 Мелор престанува да се нарекува себеси Вуди и го присвојува името Џо Страмер со кое сака да го нарекуваат неговите пријатели. Иако бил леворак, тој имал научено да свири и на гитари наменети за десничари. Страмер бил вокал на 101ерс и започнува да создава оригинални песни за бендот. Една од ново создадените песни инспирирана од неговата девојка во тоа време, била "Слитс драмр палмоливе". На членовите на бендот им се допаѓа песната новата песна "Кијс то јуар харт" станувајќи нивни прв сингл.

(1976-1986) Клеш[уреди]

На трети април 1976, Џо Страмер е инспириран од тогаш непознатиот бенд Секс пистолс кои биле предгрупа и загревање за 101ерс на настанот наречен "Д Нешвилвајл" во Лондон. Неколку моменти после настапот, Страмер бил дочекан од од Берни Родс и Мик Џонс. Џонс бил дел од бендот Лондон СС и посакувал Страмер да биде дел од него како главен вокал. Страмер се согласува на ваквиот предлог напуштајќи ги 101ерс и приклучувајки му се на Џонс, басистот Пол Симонон, тапанарот Тери Химс и гитаристот Кејт Левин. Бендот го добива своето име Клеш по Симонон] и набрзо го имаат својот дебитански настап на 4 Јули 1976, како предгрупа на Секс Пистолс во Блек Свен(т.н Маки дак, денес познато како Бордволк во Шевилд, Англија). На 25 јануари 1977, бендот потпишува договор со Си би ес Рекордс и станува тричлен состав по отпуштањето на Левин и напуштањето од страна на Химс. Подоцна тапанарот Топр Хедн станува постојан член на бендот. Со воведувањето на бендот во "рок ен рол Салата на славните", за Клеш се говори дека се еден од најотворените политички, експлозивни и еуфорични бендови во историјата на рок ен ролот. Во нивните песни јасно се говори за општественото распаѓање, невработеноста, полициската бруталност, политичката и општествената репресија и милитаризмот. Страмер бил инволвиран во кампањите на Aнти-наци лигата и "Рок музиката против расизмот". Подоцна ја дава својата подршка и на сериите концерти организирани од страна на анархистичката организација "Клас вор" познати под името "Рок музика против богатите". Албумот "Лондон колинг" на Клеш е изгласан за надобар албум на осумдесетите години од страна на списанието "Ролинг стоунс магазин" (иако албумот е издаден на крајот од 1979 во Британија, во Соединетите Американски Држави издаден е една година подоцна). Во времето поминато со Клеш, Страмер заедно со своите колеги од бендот, станауваат озогласени поради кршењето на законот. На 10 Јуни 1977, тој заедно со Топр се уапсени поради исцртувањето на графит на слоганот "Д Клеш" на ѕидот од хотелот. На 20 мај 1980, Страмер е уапсен поради насилно удирање на член на публиката со својата гитара за време на настапот во Хамбург, Германија. Овој инцидент го шокира Страмер и остава трајни влијанија врз него. Пред да биде издаден албумот Комбат рок во 1982, Страмер се наоѓа во "бегство" и претставниците на менаџерскиот тим на бендот изјавуваат дека тој е "исчезнат". Менаџерот на бендот, Берни Родс, изјавува дека Џо бил под притисок да го стори тоа поради фактот дека продажбата на билетите за претстојната шкотска турнеа се одвивал доста бавно. Било планирано Страмер да остани надвор од очите на јавноста и да биде сместен кај пријател на Родс. Како и да е, Страмер со доста двоумење одлучува инстантно да исчезнеи да се "шлае" низ улиците на Франција. За тоа време, Џо го истрчува популарниот Парисшки маратон во 1982. Тој потврдува дека тренинг една ноќ пред самиот маратон се состоел од десете кригли пиво. За време на овој период, Џо станува мистерија не само за публиката туку и за менаџерскиот тим на бендот. Подоцна изразува жалење во врска со ова и кажува дека сето тоа било голема грешка. Наспроти ова, бендот ужива популарност со успехот на песната "Рок д кесбех". Во тоа време членовите на бендот почнуваат со меѓусебни расправии создавајќи големи тензии, така да бендот започнува полека да се распаѓа. Во септември 1983, Страмер го издава не популарниот "Клеш комјуниќју" и го отпушта Мик Џонс. Претходно Топр е исфрлен од бендот поради неговата зависност и склоност кон хероинот, со што во Клеш остануваат само двајца членови од оригиналната постава. Родс го убедува Страмер да донесе нови членови во бендот. "Клеш марк ту" го издаваат албумот Кат д креп во 1985 година. Албумот заедно со Страмер се обележани од страна на фановите и музчките критичари како причина за распаѓањето на бендот.

(1986-1999) Талкајќи во празно[уреди]

Една година подоцна, во 1986, Страмер работи на неколкуте песни за филмот Сид и Ненси вклучувајќи ги песните "Лав килс" и "Дам дам клаб". Подоцна соработува и со Мик Џонс и неговиот бенд "Биг аудио динамит", учествувајќи во вториот албум на бендот како текстописец и и продуцент зедно со Мик. Во 1987 игра во филмот "Волкр",во улогата на "Фауцет", режисиран од страна на Алекс Кокс, работејќки и на саундтракот на филмот. Истата година се појавува повторно во филм режисиран до Кокс наречен "Стрејт ту хел" во улогата на карактерот "Симс". Филмот за своите потреби на саундтракот го избира лондонскиот фолк панк бенд Поугс, во кој Страмер се појавува како соработник во создавањето на саундтракот. Страмер се приклучува на Поугс за нивната претстојна турнеја во 1987/88 пополнувајќи го местото на болниот гитарист Филип Чеврон, кој во мај 2008 на онлајн форумот на бендот напиша: "Кога бев болен во 1987, во попладневните часови на Џо му ги покажав сите гитарски делови од песните а наредниот ден тој веќе беше тргнат на турнеа со бендот како заменик-гитарист. Џо ги напиша сите таблатури од песните на уредно долго парче хартија кое што го имаше поставено на врвот од гитарата со цел да може да ги погледне повремено кога беше на сцената". Оваа турнеа беше само дел од соработките кои тој ги имаше со бендот. Во 1989, Страмер имаше значителна улога во филмот на Џим Џермуш, "Мистериозниот Воз", играјќи како пијан, темпераментен скитник по име Џони. Тој исто така зеде улога во филмот на Аки Каурисмаки во 1990 "Јас го најмив платениот убиец" , играјќи како гитарист во локален паб интерпретирајќи ги песните "Брнинг лајтс" and "Афро кјубан бебоп". Песните беа издадени на промотивна седум инчена плоча во ограничен број од неколку стотини копии, изведени од страна на "Џо Страмер & Астро физиканс"." Астро физиканс" беа всушност истиот бенд - Поугс("Авро кјубан бибоп" беше реиздаена од Поугс во 2008). Во тоа време Страмер продолжи со актерството, пишувањето и продуцирањето на саундтракови за најразлични филмови, а најпознат стана саунтракот на филмот "Грос поинт блек" во 1997. Во 1989, Страмер започнува да продуцира соло музички записи со бендот Латино рокабили вор. Албумот насловен како "'ртквејк ведр" е осуден од страна на критичарите како неуспех и резултира со раскинување на договорот со Сони рекордс. Исто така го направи саундтракот за филмот "Перманент рекорд" со истоимениот бенд. Страмер е замолен од страна на Поугс, кои веќе беа делумно распаднати, да им помогне со продуцирањето на нивниот следен албум, издаден во 1990 под името "Хелс дитч". Во 1991 година по заминувањето на "Шон Мекговн" од Поугс тој го заменува како вокал во претстојната турнеа на бендот. Една вечер за време на турнеата три песни ("Ај фоут д лоу", "Лондон колинг", и "Туркиш сонг оф демнед") беа снимени и се најдоа на компилацијата од бендот (Поугс' 2008 бокс сет). На 16 април, Страмер се приклучи на чешко-америчкиот бенд Дрти пикчрс со настапите во Прага во "Репре клаб" во "Обечни Дум" на фестивалот "Рок фор рифјуџис", хуманитарен концерт за бегалците од војната во Босна. Поткрепен од бендот Дрти пикчрс, Страмер отсвири ексклузивен сет на песните од "Клеш" за кои што уште од поодамна кажа дека нема да ги свири после десет години. Иако сетот од песните беше неочекуван и требаше да се импровизира, наместо вежбање пред настапот, Страмер заедно со момците од бендот поминаа неколку денови шетајќи низ улиците на Прага. Шоуто започна со "Лондон колинг" и веднаш без пауза се надоврза "Бренд њу кедилак". На средина од песната ја снема електричната енергија. Кога струјата повторно се врати, Џо ја запраша публиката дали би им сметало доколку го започнат шоуто од почеток. Започнаа повторно со "Лондон колинг" и продолжија да свират уште половина час. После овие години како што самиот Страмер ги опишува "Талкајќи во празно", започна да соработува со други бендови. Го отсвири на пиано, хитот од 1995 година на Обединетото Кралство од бендот "Ливелерс", "Џаст д уан" и се појави на песната "Ингалндс ајри" од бендот "Блек грејп" во 1996. Во 1997 за време на неговиот престој во Њујорк, тој работел заедно со значајниот продуцент и инженер Ли Пери на значителен број на реиздадени копии од матријалот на Клеш и 101ерс. Исто така во ова време, Страмер е во спор со издавачката куќа на Клеш,Епик Рекордс. Несолгасувањата трае со години и завршија со дозвола на Страмер да снима соло албум во друга издавачка куќа. Во текот на деведесетите Страмер станува диџеј на "Би би си ворлд сервис" со својата получасовна програма наречена "Лондон колинг". Мостри од серијалот на емисијата обезбеди вокалот на бендот "Миднајт џем" на последниот албум на Мескалерос и Џо Страмер.

(1999-2002) Мескалерос и останатите проекти[уреди]

Во средината на деведесетите години, Страмер собра врвни музичари во бендот што тој го нарече Мескалерос. Страмер и бендот потпишаа договор за Меркјури рекордс и го издадоа својот прв албум во 1999, кој беше создаден со помош на Ентони Ген, именуван како "Рок арт енд д икс реј стајл". Во 2001 бендот потпишува договор со калифорниската панк издавчка куќа Хелкет Рекордс и го издаваат својот втор албум насловен како "Глобал а гоу гоу". Албумот бил поткрепен со дваесетдневна турнеја низ Северна Америка, Британија и Ирска. На овие концерти повторно се изведувани песните на Клеш ("Лондонс брнинг", "Руди кант феил", "Вајт мен") како и преработките на реге и ска хитовите ("Д хардер деј кам", "A месиџ ту ју руди") а затворањето на шоуто е пропратено со песната на Рамоунс "Блицкригбоп". Заедно со Џони Кеш ја прероботува "Ридемпшнсонг" од Боб Марли. Истата година, надвор од препорзнатливиот стил, Страмер и Мескалерос ја исвирија песната "Минстрил бој" за филмот "Блек хоук даун", прогонувачка и емотивна мелодија која е исвирена за време на евакуцијата на Тод Блекбурн од ПФЦ во време на битката за Могадишу. На 15 Ноември Страмер и Мескалерос свират на хуманитарниот концерт за подршка на пожарникарите кои штрајкуваат, во Лондон во "Екшн таун хол". Мик Џонс кој се наоѓал меѓу толпата народ се приклучува на сцената за време на песната од Клеш "Бенкробр." Проследува враќање на бис и свирење на Мик Џонс пеејќи ги песните "Вајт рајат" и "Лондонс брнинг". Овој настап е одбележан како заеднички, на Страмер и Џонс после 1983. Џонс подоцна истакнува дека настанот бил сосема спонтан и почуствувал дека мора да се качи на сцената. Последниот официјален концерт на Страмер е во "Ливерпул академи" на 22 ноември 2002, а воопшто последно појавување на сцената е 2 недели пред неговата смрт во малото пабче "Д плејс" во Бриџвотер близу неговиот дом. Кратко пред неговата смрт Страмер и фронтменот на Ју Ту (U2) пишуваат песна именувана како "46664", посветена на Нелсон Мендела како дел од кампањата за борбата против сидата во Африка. Страмер е избран да настапува на "Менделас СОС фандрејсинг" концертот во Фебруари 2003 на Робенските острови . Подоцна Мик Џонс снима верзија од песната во неговото студио, истовремено свирејќи и пеејќи , за да биде формално издадена.

(2002 - денес) Смрта и наследството[уреди]

Страмер починува неочекувано на 22 декември 2002 во неговиот дом во Брумфилд во Сомерсет како последица на недијагнозирана вродена срцева мана. Неговот имот е проценет на нешто помалку од еден милион фунти и ги остава во сопственост на неговата сопруга Лусинда. Страмер има важна улога во формирањето на "Фјучр форестс" (од реоформирањето на "Д карбон неутрал компани") посветувајќи се на засадувањето дрва низ различните делови од светот со цел борба против глобалното затоплување. Тој е и првиот музичар кој прави снимки и ја рекламира неговата музичка продукија "рекордс карбон неутрал" преку засадувањето на дрва. Во негово сеќавање, пријателите и фамилијата ја основаа Страмервајл фондејшн за промоција на нова музика. Во јануари 2003 Клеш беа вметнати во "рок ен рол Салата на славните" . На доделувањето на греми наградите во фебруари 2003, песната Лондон колинг беше изведена од страна на Елвис Костељо, Брус Спрингстин, Стивен Ван Зандт, Дејв Грол, Пете Томас, и Тони Канал во трибјуот за Страмер. Нареден трибјут на неговите песни и на песните од Клеш со почит кон Страмер, е направен истиот месец во рок клубот "Debaser" во Стокхолм каде се појавуваат познати шведски музичари (особено Ник Борг и Дреген од бендот "Бекјард бејбис" кои ја отсвирија песната "Ај фоут д лоу", која што е преработена од Клеш). На самиот крај од концертот, легендарниот шведски бенд "Ебба гроун" се реоформува исклучиво за трибјутот, настапувајќи заедно со гитаристот на Клеш, Мик Џонс. Кратко пред неговата смрт, Страмер работи на албумот на Мескалерос кој што е издаден постхумано по неговата смрт во Октомври 2003, насловен како "Стриткор". Албумот содржи и преработена нумера од американската музичка икона Џони Кеш "Лонг шедоф", која што е напишана за токму Кеш да ја отпее во студиото на Рик Рубин. Потоа песната "Ремшекл деј парадајс" во сеќавање на терористичкиот напад на Соединетите Американски Држави на 11 септември 2001, како и прераобтката од Боб Марли "Ридемпшнсонг" која што е снимана во дует на Кеш и Страмер. Оваа песна се појавува во 2003 на "бокс сет ан'рт". Во ноември 2003 издаден е видео записот за преработката "Ридемпшнсонг", режисирана од Џош Чјус. Во видеото се содржи и исцртаната фреска на ѕид со ликот на Страмер, направена од уметникот за графити "РЕВОЛТ" на ѕидот од "Ниагра бар" во Ист Вилејџ во Њујорк. На 22 декември 2003, точно на едногодишнината од неговата смрт е одржан хуманитарен трибјут концерт во негова чест во Ирвинг Плаца во Њујорк. Бендовите кои се појавија на овој настан беа: Ари ап,Клем Снајд, Дитечмент кит,Дрти мери, Хемел он трајл, Џеси Малин, [[Њу блуд ривајвл", "Риалистикс" , "Ојгене хутц", "Рејдио 4", "Сикрет арми" , "Тед лео" и "Виц трил + Сатурн мисл". За концерт направен е и видео запис од страна на "punkcast.com" но сеуште не е издаден во продажба. Документарецот од Дик Руд насловен како "Летс рок агејн!" е издаден во 2004. Во филмот комплетно е прикажан животот на Страмер на турнеата во САД заедно со бендот Мескалерос на кој го претставуваат албумот "Глобал а гоу гоу". Панк рок бендот од Белфаст "Стиф литл фингрс" исто така снима песна со одавање почит кон Страмер насловена како "Струмвајл" на нивниот албум "Гитар енд драм". Ал Бер, вокалот на бостонскиот панк бенд Дропкик марфис, го крсти својот син Страмер во чест на починатиот Џо. Германскиот бенд "Битстикс" оддаде почит кон Страмер со песната "Хелоу Џо" на нивниот албум "Смек смеш". Во 2004 германскиот панк бенд "Ди тотен хозен" го издаде своето "ЕП" насловено како "Фрис ода стирб", во кое е вклучена песна посветена на Страмер "Гудбај гаражленд" , во која како продуцент се јавува Мет Дејнџрфил од лондонскиот бенд од 1977 "Бојс". Бостонскиот панк рок бенд "Стреет догс" снимија песна со посвета кон Страмер насловена како "Д Џенералс бумбокс" која се најде на нивниот последен албум "Стејт оф грејс", и бендот од Њуџерси "Д гаслајт антем" снима песна "А да кол ју Вуди, Џо" на нивниот албум "Синк ор свим". На 15 февруари 2005 локомотивата "Клас 47 локомотив 47828" беше преименувана во Џо Страмер. Плочките со имиња беа свечено откриени од страна на неговата жена Лусинда на церемонијата во "Бристол темпл мидс реилвеј стејшн". На 22 јули 2005 неговата сопруга свечено ја обелодени куќата во Њупорт, Велс каде што Страмер живееше од 1973-1974 каде што го имаше првиот допир со снимањето музика , снимајќи ја песната "Крами бам блус"."Дет вос клеш рејдио", е кратка приказна од страна на Чарли де Линт, која е напишана и инспирирана од неговата смрт претставувајќи го Страмер во главна улога. Рокерите од Њу Орлеанс "Каубој мут" ја издадоа песната "Џо Страмер" на нивниот последен албум насловен како "Вуду шуп". Тематиката на песната ја опфаќа приказната за еден млад човек кој и раскинува на својата девојка поради....тоа што таа не знае кој е Џо Страмер. Популарната песна ги отпоздравува Страмер и Клеш и станува една од најслушаните песни на радио во 2006. Понатаму песната на Џо Пернис "Хај ес а кит", е вклучена во проектот "Д Пернис брадрс" на албумот "Ливе а литл", како дел од трибјутот кон Џо. Текстот на песната вклучува “Heavy downbeat of one and the show began/London calling, strike up the contraband” и меморијално отворање на хорот “We wore pictures of Strummer". Драмата на Пол Ходсон наречена "Митинг Џо Страмер" ја има својата премиера на "Единбурт Фестивалот" на крајот на 2006. Тоа не е драма поврзана за животот на Страмер, туку се работи за двајца луѓе кои ја делат страста кон музиката на Џо.

"Џо Страмер: Д фјучр ис анвритен", е документарен филм режисиран од страна на Џулиен Темпл во кој што се работи за Џо Страмер, кој својата премиера ја имаше на 20 јануари 2007 на "Санданц филм фестивал". Во врска со имотот на Страмер, Фендер ја изработува марката на гитара "Џо Страмер трибјут телекастер", која ги содржи основните елементи на гитара на Џо, именувана по обидот за завршување на "род ворн" на неговиот телекастер од 1966. Привите илјада и петстотини гитари доаѓаат заедно со дизајнот на "Шепард феирли", "Кастмизејшн кит" со налепници, кои потсетуваат на налепниците кои Страмер ги користи во дизајнирањето на неговата гитара. Влијанието на Страмер е спомнато од страна на бендот "Холд стеди" во песната "Констрактив самр" која е содржана во нивниот албум од 2008 "Стеј позитив". Во оваа песна бендот пее “Raise a toast to Saint Joe Strummer. I think he might have been our only decent teacher". Во ноември 2009 во Тонара, град во Сардинија, Италија именува своја улица со името на Џо Страмер. Исто така мора да се напоменат и огромниот број на фестивали која секоја година се одржуваат со посвета и сеќавање во чест на Страмер. Во овие фестивали вклучен е и фестивалот "Струмвајл" каде што се наоѓа и кампот "Струмеркемп" каде што настапуваат бендови како Аларм, Демнед,ТВ смитод беднот Адвертс,потоа Шем69,Дредзон, Бит,Хуг Корнвел од бендот Стренглерс и бендот кој се појавува повеќето години наречен Голдблејд кој го вклучува и авторот Џон Роб. На сите овие бендови силно влијание иамле Џо Страмер и Клеш.

Бракови и врски[уреди]

Во 1975 откако му се понудени 100 фунти со цел јужно авриканската жителка по име Памела Мулман да се стекне со бритнско држајвјанство, Страмер влегува во формален брак со неа. Со парите подоцна ја купува позната гитара Фендер телекастер што подоцна ја обојува црна. Во 1978 започнува врска со Габи Селтеркратко по својот седумнаесетгодишен роденден. Двојката останува заедно четиринаесет години и има две ќерки по име Џез и Лола, но не биле официјално венчани поради тоа што Страмер не може да ја пронајде Мулман и да направи развод на нивниот формален брак. Во 1993, Страмер влегува во афера со Лусинда Таит, кога најпосле ќе се раздели од Селтер. Во 1995 тие се венчаваат и остануваат заедно се до смрта на Страмер во 2002. За Страмер се верува дека е кум на Лили Ален(. Иако тоа не е точно, тој и неговото семејство биле блиски пријатели со смејството Ален и заедно се појавуваат на фестивалот "Гластонбери Фестивал". Лили се сеќава како Страмер имал татковски однос кон неа, кога била адолесцент, придружувајќи ја два дена кога се среќавала со пријателите на фестивалот.

Документарни филмови[уреди]

"Летс рок агејн!" е едночасовен документарен филм режисиран од Дик Руд, кој што го следи Страмер на неговата турнеја низ Америка и Јапонија со бендот Мескалерос. Својата премиера ја има на "Трајбека филм фестивал" во Њујорк во мај 2004. "Џо Страмер: Д Фјучр ис анвритн" е документарен филм за Страмер режисиран од Џулиен Темпл. Тој се состои од архивирани снимки и слики опфаќајќи го животот на Страмер, интервјуа со пријателите, семејството и други познати личности. Својата премиера ја има во 2007 на "Санденц филм фестивал". Документарецот посветен на политичката определба на Страмер насловен како "Лет фјури хев д хаур", режисиран од страна на Тим Робинс се заоснова врз истоимената книга од Антонио д Амбросио, издаден во 2008. Њујоркшкиот бенд Рејдио 4 стои зад музиката во филмот. "Ридемпшнсонг: Д балад оф Џо Страмер" е критички добро прифатена биографија на Страмер напишана од "Крис Салевик".

Музичка опрема[уреди]

Главна гитара на Страмер низ неговата музичка кариера е Фендер Телекастер од 1966 која оригинално е произведена со тробоен орнамент и бела заштитна маска "пикгард". Страмер се стекнуа со оваа гитара во средината на 1975 кога е член во бендот 101ерс. По приклучувањето во Клеш, вратот и заштитната маска на гитарата најпрво се поминати со основна сива боја, а потоа се обоени во црна боја. До 1979, зборот "Нојз" е изгравиран на горниот дел од трупот на гитарата, "раста флег" налепницата е поставена на врвот од зашититната маска, а налепницата "Игнор елиен ордр" е поставена на мостот од гитарата. Со издавањето на албумот "Гив ем инаф роуп" гитарата е опремена со мост со посебни подлоги и оригиналниот "Класон" приемник е заменет со понов модел, а на грбот од гитарата со спреј е исцртан знакот прашалник. Гитарата останува вака како што е низ целата негова кариера со повремено додавање на различни налепници на трупот од гитарата. Црната боја на гитарата станува излитена поради свирењето и на многу места оригиналниот тробоен орнамент е избледен па се познава дрвото на гитарата, забележано на плоштадот каде што Страмер ја припрема неговата листа на песни.Продавницата од брендот Фендер исто така создаде и "Џо Страмер трибјут Телекастер" со црна боја. По природа Страмер бил леворак, но научил да свири и на гитари наменети за десничари. Тој го нагласи ова како недостаток и нагласи дека тоа е причина за неговата недоволна развиеност како гитарист, иако неговиот стил на свирење е уникатен. Како засилувачи на звукот кој Страмер ги користи се појачалата: "Роланд џез хорус", "Селмер Басман" за време на неговата кариера во 101ерс, "Вокс АЦ30" и различни типови на "Маршал" појачала, но главно појачала кое е користено од негова страна е "Мјузик мен ХД 212 150". Страмер прокоментира за неговиот избор на појачало со: "Немав време да ги барам старите појачала на Фендер. "Мјузик мен" е најблиската нешто до тој звук што го пронајдов и додаде: "пластичниот дел на предниот дел е одбивен".