Сергеј Брин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сергеј Михајлович Брин
Роден(а)Сергеј Михајлович Брин
руски: Серге́й Миха́йлович Брин

21 август 1973(1973-08-21)(50 г.)
Москва, RSFSR, Советски Сојуз
ЖивеалиштеLos Altos, Калифорнија, САД.
НационалностАмериканец
ЗанимањеКомпјутерски научник, Интернет претприемач
Познат(а) поОсновач на Google
СопружникAnne Wojcicki
Деца1
Страница
stanford.edu/~sergey

Сергеј Михајлович Брин (руски: Серге́й Миха́йлович Брин; роден 21 август 1973) е руски и американски информатичар и претприемач, најдобро познат како соосновач, заедно со Лери Пејџ, на Google, најголемата Интернет компанија во светот. Во 2011 година, неговото лично богатство се проценува на 16,7 билиони долари. Брин имигрирал во Соединетите Американски Држави од Советскиот Сојуз на шестгодишна возраст. Тој дипломирал на Универзитетот во Мериленд, следејки ги стапките на неговиот татко и дедо студирајќи математика како и компјутерски науки. По дипломирањето, заминува на Стенфорд каде се запознава со Larry Page, со кого подоцна стануваат пријатели. Тие ја преполниле нивната соба во студентскиот дом со евтини компјутери и го употребиле data mining системот на Брин за да изградат супериорна истражувачка машина. Програмата станала популарна на Стандфорд и тие ги ставиле во мирување нивните докторски студии за да започнат со работата на Google, во изнајмена гаража. Списанието Економист го смета Грин за „Просветлен човек“ и некој кој верува дека знаењето е секогаш подобро од незнаењето, филозофија која е мото на Google и која овозможува сите светски информации да бидат универзално достапни и корисни.

Детство и Образование[уреди | уреди извор]

Сергеј Брин е роден во Москва од еврејски родители, Мајкал Брин и Евгенија Брин. И двајцата дипломирале на Московскиот државен универзитет. Неговиот татко е професор по математика на универзитетот во Мериленд, додека неговата мајка е научник - истражувач во центарот за веселенски летови „Годард“ на НАСА.

Детството во Советскиот Сојуз[уреди | уреди извор]

Во 1979 кога Брин имал само шест години неговата фамилија емигрирала во Соединетите Американски Држави. Во интервјуто со Мајкал Малсид, автор на Приказната за Google, таткото на Сергеј објаснува како тој бил принуден да го напушти неговиот сон да стане астронаут уште пред да се запише на колеџ. Иако не постоела антисемитска политика во Советскиот Сојуз, Мајкал Брин тврди дека комунистичката партија не дозволувала влез на Евреите во универзитетите. Затоа Мајкал Брин го променил својот главен предмет во математика кадешто ги добил сите десетки. Тој рекол дека никој не го сметал за дипломиран бидејќи бил Евреин. На московскиот универзитет од Евреите се барало да ги полагаат влезните испити во различни простории со останатите апликанти.

Фамилијата на Брин живеела во трисобен стан во центарот на Москва, заедно со неговата баба. Сергеј знаел дека неговиот татко не бил во можност да ја оствари кариерата која ја посакувал. Неговиот татко по враќањето од конференција во Варшава, Полска, им соопштил дека е време неговата фамилија да емигрира. На конференцијата тој бил во можност да комуницира со колеги од Америка, Франција, Германија и Англија и открил дека неговите интелектуални колеги од западот не биле чудовишта, како што биле претставени во Советскиот Сојуз.

Тие официјално аплицирале за излезна виза во септември 1978 година, и како резултат на тоа неговиот татко бил веднаш отпуштен. Поради истите причини, неговата мајка, исто така, морала да ја напушти својата работа. Следните осум месеци, без постојан приход, тие биле принудени да прифатат привремени вработувања додека чекале, од страв дека нивното барање ќе биде одбиено како што е случај со многу други. Во тоа време неговите родители покажале заедничка одговорност околу грижата за него и неговиот татко се научил програмирање. Во мај 1979 година, тие добиле официјални излезни визи и им било дозволено да ја напуштат земјата.

Во едно интервју во октомври 2000 година, Брин рекол: "Знам за тешките времиња што моите родители ги поминаа, а јас сум им многу благодарен што бев донесен во САД." Една деценија порано, во текот на летото на 1990 година, неколку недели пред неговиот 17-ти роденден, неговиот татко ја предводел групата на талентирани средношколци по математика, вклучувајќи го и Сергеј, на двонеделна програма за размена во Советскиот Сојуз. Какошто Сергеј се сеќава, патувањето го разбудило стравот од власта. На вториот ден од посетата, додека групата имала посета на саниториум во село во близина на Москва, Сергеј го викнал неговиот татко настрана, гледајќи го во очи и му рекол: "Ти благодарам за тоашто не изнесе сите нас надвор од Русија.

Образование во САД[уреди | уреди извор]

Брин посетувал основно училиште во Мериленд, САД, но понатамошното образование го здобил дома. Неговиот татко, професор во одделот за математика на Универзитетот во Мериленд, го негувла својот интерес за математиката и неговото семејство му помогнало да ги задржи вештините за познавање на рускиот јазик. Во септември 1990 година, Брин се запишал на Универзитетот во Мериленд да учи компјутерски науки и математика, каде што добил диплома за науки, во мај 1993 година. Брин ги започнал своите постдипломски студии по компјутерски науки на Универзитетот Стенфорд со стипендија од Националната Научна Фондација. Во 1993 година, тој одел на пракса во Волфрам истражувања, творците на математиката. Тој ги ставил во мирување своите докторски студии на Стенфорд.

Развој на Машината за Пребарување[уреди | уреди извор]

За време на студиите на Стенфорд, тој го запознал Лари Пејџ. Во едно неодамнешно интервју за списанието Економист, Брин на шега рекол: "Ние сме и двајцата неподносливи." Тие не се согласувале на повеќето теми. Но, откако поминале одредено време заедно, тие станале интелектуални сродни души и блиски пријатели. Фокусот на Брин бил насочен на развојот на системи за податоци, додека Пејџ бил сконцентиран на концептот на заклучок на значењето на истражувачкиот труд од своите цитати во други документи. Заедно, и двајцата се автори на она што се смета дел од нивниот неоспорен придонес, труд со наслов Анатомија на голем Хипертекстуален пребарувач.

Комбинирајки ги нивните идеи, тие ја преполниле нивната домска соба со евтини компјутери и го тестирале нивниот нов пребарувач. Нивниот проект се проширил доволно брзо за да предизвика проблеми во компјутерската инфраструктура на Стенфорд. Но, тие сфатиле дека успеале да создадат супериорна машина за пребарување на интернет и ги прекинале нивните докторски студии за да работат повеќе на нивниот систем. Барајќи средства од членовите на факултетот, семејството и пријателите, Сергеј и Лари собрале доволно за да се купат некои опслужувачи и за изнајмување на фамозната гаража во Менло Паркот. Наскоро потоа, соосновачот на Sun Microsystems, Endi Bechtolsheim напишал чек во висина од 100.000$ на Google Inc., но единствениот проблем бил тоа што Google Inc. сè уште не постоела - компанијата сè уште не била инкорпорирана. За две недели, откако ги средиле документите, младите луѓе немале каде да ги депонираат парите.

Списанието Економист го опишува мислењето на Брин за животот, како и на Пејџ, врз основа на визијата сумирана во мотото на Google, “овозможување на сите светски информации да бидат универзално достапни и корисни“. Другите ја споредуваат нивната визија со влијанието на Јоханес Гутенберг, изумителот на модерното печатење: "Во 1440, Јоханес Гутенберг воведе во Европа механичко печатење, печатење на Библии за широка потрошувачка. Технологијата овозможува книгите и ракописите, реплицирани со рака, да се печатат со многу побрзо темпо, со што се шири знаењето и помага да се влезе во ренесансата Европа. Google има направено слична работа". Споредбата била, исто така, забележана и од страна на авторите на приказната за Google: "Од Гутенберг наваму нема ниеден нов изум од овластени лица, и трансформиран пристап до информациите, толку добро како Google".

Не подоцна откако двајцата го создале својата машина за интернет пребарувања, тие почнаle да размислуваат за информациите кои се денес надвор од доменот на Интернет, како што се дигитализацијата на книги, како и проширување на здравствените информации.

Личен Живот[уреди | уреди извор]

Во мај 2007 година, Брин се оженил со Anne Wojcicki, на Бахамите. Војцицки е биотехнолошки аналитичар и во 1996 дипломирала на Универзитетот Јеил и се здобила со статусот дипломиран студент по наука со отсек биологија. Таа покажала активен интерес во здравствената технологија, и заедно со Брин откриле нови начини за подобрување на пристапот до него. Како дел од нивните напори, тие го разгледувале проектот за човечкиот геном со водечките истражувачи. Брин инстинктивно ја разгелдувал генетиката како база на податоци и компјутерски проблем. Истото тоа го правела и неговата сопруга, која е соосновач на фирмата 23andMe, која им овозможува на луѓето да вршат анализа и споредба на нивните генетски состави (се состои од 23 пара хромозоми). Во неодамнешното соопштение на Zeitgeist конференцијата на Google, тој рече дека се надева дека еден ден сите ќе ги научат нивните генетски кодови, со цел да им помогне на лекарите, пациентите и истражувачите во анализирањето на податоците и обидите да се поправат грешките.

На мајката на Брин, Евгенија, и е дијагностицирана Паркинсонова болест. Во 2008 година, тој решава да даде донација на Универзитетот во Мериленд на Медицинскиот факултет, каде што неговата мајка се лекува. Брин ги користел услугите на 23andMe и открил дека иако Паркинсонова болест не е обично наследна, тој и неговата мајка поседуваат мутација на генот LRRK2 (G2019S) кој покажува веројатност на развој на Паркинсонова болест и кај него во подоцнежните години помеѓу 20 и 80%. На новинарско прашање дали незнаењето е блаженство во случај на такви работи, тој истакна дека неговото знаење значи дека тој може да преземе мерки за да се заштити од болест. Уредникот во списанието Економист рекол дека г-дин Брин се однесува кон неговата мутација на LRRK2 како грешка во неговиот личен код, и на тој начин што не се разликува од грешките во компјутерските кодови, што инженерите на Google ги корегираат секој ден. Помагајќи на самиот себеси, тој може да им помогне и на другите. Тој смета дека имал среќа. Но, г-дин Брин постигна повисока цел. Зарем знаењето не е секогаш добро, а секако секогаш подобро од незнаењето?

Брин и неговата сопруга ја основаle Brin Wojcicki Фондацијата. Во ноември, 2011 Брин и фондацијата на неговата сопруга, доделиле 500.000 долари на Викимедија Фондацијата со што ја започнал својата осмогодишна кампања за прибирање на финансиски средства.

Други Интереси[уреди | уреди извор]

Брин работи на други, повеќе лични проекти кои се надвор од доменот на Google. На пример, тој и Пејџ се обидуваат да помогнат во решавање на проблемот со енергија во светот и климатските проблеми на филантропски Google.org на Google, кој инвестира во алтернативни извори на енергија, индустријата да се најде пошироки извори на обновлива енергија. Компанијата признава дека нејзините основачи сакаат да се решат навистина голем број на проблеми со користење на технологија.

Во октомври 2010 година, тие инвестирале во голем прекуокеански развој на силата на ветерот за да им помогне електричната мрежа на источниот брег. Една недела претходно тие претставиле автомобил, кој со вештачка интелигенција може да се вози со помош на видеокамери и радарски сензори. Во иднина, возачите на автомобили со слични сензори ќе имаат помалку несреќи. Овие побезбедни возила би можеле да бидат полесни и да бараат помалку потрошувачка на гориво. Тие се обидуваат од компаниите да се создадат иновативни решенија за зголемување на снабдувањето со енергија во светот.

Брин се појави во телевизиски емисии и многу документарни филмови. Во 2004 година, тој и Лери Пејџ биле именувани за лица на неделата од ABC. Во јануари 2005 година бил номиниран за еден од Светскиот економски форум млади глобални водачи. Тој и Пејџ исто така се извршни продуценти на филмот Скршени стрели, 2007 година. Во јуни 2008 година, Брин инвестирал 4.500.000$ во вселенски авантури, во Вирџинија, компанија заснована на вселенски туризам. Неговата инвестиција ќе служи како депозит за резервација на еден од вселенските Авантуристички летови во 2011 година.

Брин е член на AmBAR, мрежна организација за руски бизнис професионалци (и иселеници и имигранти) во Соединетите Американски Држави. Тој има зборувано на многу јавни настапи.

Награди и Признанија[уреди | уреди извор]

Цитати[уреди | уреди извор]

  • Кога е премногу лесно да се добијат пари, тогаш се добива многу врева измешана со вистински иновации и претприемништво. Тешките времиња ги создадоа најдобрите делови од Силициумската Долина.[1]
  • Дојдовме со идејата дека не сите мрежни места се создадени подеднакво. Луѓето се - но не и мрежните места.[2]
  • Поради еволуцијата на хардверот и софтверот, во можност сте да измерите речиси се. Тоа значи дека во нашиот живот секој може да има алатки со еднаква моќ.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. [“Директорот и основачите на Google, Шмит, Пејџ и Брин одржаа педавање на Zeitgeist” - Los Angeles Times, 2010-01-07]
  2. [“Гостин предавач, Беркли” – 5 октомври, 2005, 40 мин.]
  3. [Биографија и видео интервју на Сергеј Брин, Академија на Достигнувањата"]