Тухеитиа Паки
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Тухеитиа Паки | |
| Маорски крал | |
| [[File: |
|
| Владеење | 21 август 2006 – сега |
|---|---|
| Крунисување | 21 август 2006 |
| Полно име | Тухеитиа Паки |
| на маорски: | Tūheitia Paki |
| Претходник | Те Арикинуи Дејм Те Атаирангикааху |
| Придружник | Те Атафаи |
| Деца | Фатумоана Коротанги Нгаваихоно |
| Династија | Те Фероферо |
| Татко | Фатумоана Паки |
| Мајка | Те Арикинуи Дејм Те Атаирангикааху |
Тухеитиа Паки (маорски: Tūheitia Paki) (р. 21 април 1955) е моменталниот маорски крал. Тој е најстариот син на претходната маорска кралица, Дејм Те Атаирангикааху кој бил назначен за наследни и крунисан на нејзинот погреб на 21 август 2006 г.
Се образувал во училиштето Ракауманга во Хантли како и Св. Стивенов Колеџ во Бомбај, Окленд. Оженет е и има три деца, Фатумоана, Коротанги и Наумаи. Пред да стане крал бил таинујски советник за култура при Те Вананга о Аотеароа во Хантли.
Должности[уреди]
Како крал на маорите, досега ги извршил следните должности:
- присуствувал на погребот на кралот на Тонга, Тауфаахау Тупоу IV, во септември 2006 г.
- присуствувал на отворањето на мараето во Пукава, на брегот на езерото Таупо, на 17-19 ноември 2006.
- присуствувал на отворањето на „Маури Ора“, изложба на маорски артефакти од музејот Те Папа во Токискиот национален музеј во Токио на 22 јануари 2007 г.[1][2]
- присуствувал на погребот на Самоанскиот владетел Малиетоа Танумафили II, на 19 мај, 2007 г.
- присуствувал на повторното отворање на мараето/сала-воен паметник во Нгаиотонга, Фангаруру, 2007 г.
Наводи[уреди]
Надворешни врски[уреди]
- Новиот крал на Маорите (македонски)
|
|||||||

