Марко Марулиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Марко Марулиќ
Marko Marulic (Zagreb).jpg
Споменик на Марко Марулиќ во Загреб.
Занимање поет, хуманист
Националност Хрват
Период Ренесанса
Значајни дела Judita
Davidiad

Марко Марулиќ (латински: Marcus Marulus Spalatensis) 18 август 14505 јануари 1524 бил хрватски поет и христијански хуманист, познат како татко на хрватската книжевност.[1] Марулиќ е еден од најпознатите и најобјавувани јужнословенски писатели. Објавуван е во Португалија, Франција, Италија, најмногу затоа што неговата книжевност е создавана на латински јазик.

Живот и дело[уреди]

Живеел мирно како благородник во Сплит. Потекнува од познатото семејство Марулиќ, со словенско презиме Пецимиќ. Неговиот живот бил прилично монотон: додека други припадници на семејството одат со бродови во борба со Турците, тој останува во Сплит и се грижи за имотот и својата куќа.

Пишувал литературни списи за доброто однесување и за пристоен живот, а тоа се всушност моралистички христијански поуки во книжевна форма. Неговите поими за добро и зло се поими од христијанството. Во негово време Сплит е во опасност: целата копнена војска е постојано на удар на Османлиите. Некогаш Сплит плаќал откуп за да не биде нападнат, но некогаш организирал напад заедно со другите приморски градови. Во сите овие работи Марулиќ учествувал активно и со разбирање, а турската опасност е главната тема во неговото творештво.

Неговиот еп „Давидос“ (Давид) носи поука: Сплит е мал, Османлиското Царство е огромно, но сепак малиот го надитрува големиот. Оттаму и спој со алегоријата на библиската легенда за Давид и Голијат. Во таков однос се наоѓаат Сплит и Османлиите.

Има кај него и песни кои се за тоа време многу ретки: хумористични и сатирични песни. Сатирата и хуморот Марулиќ ги користи со морализаторска функција, на пример кога ги исмева лажливоста и страшливоста.

Епот „Јудита“[уреди]

Прво најрано дело на Марулиќ е епот „Јудита“. И овде се говори за актуелната судбина на Сплит, но има широка историска метафора. И овде е користена библиска приказна - онаа за грешната Јудита. Епот е во форма на стихуван роман, има ликови, фабула и настани. Библиската приказна кажува дека кога војската на Набукодоносор го опколува градот Баталија, една граѓанка, младата и убава вдовица, се жртвува за да го спаси градот. Го заведува Олоферн, водачот на војската на Набукодоносор, и првата ноќ го убива. Држејќи се до основните настани на библиската приказна, Марулиќ го гради својот еп во 6 пеења.

Уште во првите слики станува јасно зошто Марулиќ се определил за оваа тема. Во слична ситуација се наоѓал Сплит, опколен од Труците: глад, болести, водоводот бил пресечен. Градејќи ја сликата меѓу библиската легенда и сопствената стварност, марулиќ ја потенцирал храброста на јунаците. Во епот Јудита излегува раскошно облечена, заедно со својата слугинка. Во сите други случаи кога Јудита би му се подала на поробувачот, таа би била неморална, но овде својот неморал го принесува како жртва пред олтарот на Сплит. Јудита е главна почесна гостинка на гозбата што ја приредува Олоферн. После љубовната ноќ, Јудита му ја отсекува главата и ја носи во градот, каде граѓаните ја истакнуваат на ѕидините. Ова внесува паника во редовите на напаѓачите, а војската од градот успева да ја скрши опсадата. Епот завршува кко Јудита живее во градот до својата 104 година.

Епот е пишуван на народен јазик, затоа што е наменет за граѓаните, со моралната поука дека родниот град се брани со сите сили. На народен јазик Марулиќ го напишал и епот „Историја од Сузане“, еп со библиски мотиви, но исто така насочен кон тогашните локални проблеми.

Наводи[уреди]

  1. Marulianum Center for study of Marko Marulić and his literary activity. - Retrieved on 28 November 2008.

Надворешни врски[уреди]