Разговор:18 август

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Ајде уште една забелешка во врска со уредувањето на датумите. Пред 1918 година на територијата на Македонија важеше јулијанскиот календар, додека денес важи грегоријанскиот. Поради нискиот квалитет на нашата историска наука, голем број од датумите поврзани со настаните, раѓањето и смртта во тој период не се префрлени на јулијански календар. Поради тоа вледее хаос. Датумот на формирањето на ТМОРО се смета според стариот календар, Илинденското востание според новиот календар и слично. Поентата ми е, на пример, има податок дека Ченто се родил на овој ден, но дали тоа е според јулијанскиот или грегоријанскиот календар? Дури не се утврди тоа, сметам дека не треба да се наведуваат податоци. (Zdravko 11:58, 15 август 2007 (UTC))

Во врска со Методија Андонов - Ченто - навистина дискутабилна дата. Не само што не се знае за тоа според кој календар е оваа дата утврдена како дата на неговото раѓање, дури ни таа не е сигурна. На пример, според рубриката На денешен ден на а1, Ченто е роден на 17 август. Според блогот на градот Прилеп, тој е роден на 18 август. Според нашата википедија, роден е исто така на 18 август; истиот податок го има и на англиската википедија. Сепак, како што забележа Zdravko нашата историска наука нема некој висок квалитет, па јас сосема се согласувам со неговиот предлог - додека не се утврди точниот податок, да не се наведува никаков. Јас сум за бришење на информацијата. --Виктор Јованоски 13:26, 15 август 2007 (UTC)

Против[уреди извор]

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • Категорија наместо Category, вики клучни зборови на македонски.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 18:56, 23 јули 2009 (UTC), управуван од Brest.