Банаба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Банаба
Изворно име: Banaba

Банаба
Географија
Координати 0°51′34″ ЈГШ 169°32′13″ ИГД / 
Површина 6.5 км2
Земја
Демографија
Население 301 (2005)

Банаба (кирибатски: Banaba / Bwanaba), или порано познат како Оушн Ајленд („океан“), е остров во Тихиот Океан. Политички островот е дел од Кирибати и се наоѓа на 300 километри источно од Науру. Островот има вкупна површина од 6.5 километри квадратни[1]. Највисоката точна на островот е 81 метар, што е највисока точна во Кирибати. Заедно со Науру и Макатеја, островот е еден од најзначајните пронаоѓалишта на фосфат во Тихиот Океан.[2]

Етимологија[уреди]

Името на кирибатски е Bwanaba, но поради англискиот правопис, името во уставот на Кирибати било упростено на официјалната верзија Banaba. Името во превод значи „шуплива земја“.

Демографија[уреди]

Сателитска снимка на Банаба.

Локалните жители на Банаба се етнички различни од останатото кирибатско население. Локалните традиции тврдат дека кланот Те Ака, по потекло од Меланезија, првично го населил островот. на островот има 4 села, од кои главно е Табијанг или денес познато како Антерен.

село население (попис)
1995 2005
Антерен (Табијанг) 16 108
Умва (Ома, Ума) 269 135
Табева (Тапива, Табвева) 54 58
Буаконикај - -
Банаба 339 301

Политика[уреди]

Банаба е политичка аномалија. Иако официјално островот е дел од Кирибати, локалната администрација е од Рабискиот совет на лидери и старешини, кој е од островот Раби во Фиџи.

Претставникот на островот во парламентот на Кирибати на 19 декември 2005 година изјавил дека Рабискиот совет ја зема предвид идејата да го приклучи островот кон Фиџи. Ова проследило по недобивањето грант од трговијата со фосфат од страна на кирибатскиот парламент. Банапскиот претставик изјавил дека Банаба е сопственост на народот кој потекнува од островот Раби, не од Кирибати. Главниот проблем е што кирибатската влада не ги дава фондовите од трговијата со фосфат.

Наводи[уреди]

Поврзано[уреди]

Портал „Кирибати

Надворешни врски[уреди]