Малденов Остров

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сателитска снимка на Малденовиот Остров.
Карта на Линиските Острови.

Малденовиот Остров, порано познат како Индепенденс, е низок и ненаселен атол во Тихиот Океан. Атолот е дел од Линиските Острови во Кирибати. Атолот има вкупна површина од 39 километри квадратни. Островот е познат по „мистериозните“ рушевини, но и по некогашниот потенцијал за ископување гвано (птичјо ѓубриво), британските нуклеарни тестирања во 1957 година и моменталниот заштитен статус како прибежиште за птици.

Географија[уреди]

Малденовиот Остров се наоѓа 448 км јужно од екваторот, 2834 км јужно од Хаваи и повеќе од 7000 км западно од Јужна Америка. Најблиско копно на островот е ненаселениот атол Старбак (остров)Старбак, кој е оддалечен 204 км југозападно. Најблискиот аеродром е на Киритимати, кој е оддалечен 676 км. Островот има триаголна форма и не е повисок од 10 метри надморска височина. На островот нема извор на свежа вода.[1]

Историја[уреди]

Островот бил „откриен“ на 30 јули 1825 година од капетан Џорџ Енсон Бајрон. Бајрон управувал со бродот „Блонд“. Островот бил именуван по Чарлс Роберт Малден, дел од екипажит на „Блонд“. Островот во минатото бил и под американска и под британска управа. Со независноста на Кирибати, островот станал дел од новата држава.

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

Поврзано[уреди]

Портал „Кирибати

Надворешни врски[уреди]