Каролински Остров

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Не е исто со Каролински Острови.
Сателитска снимка на островот.
Карта на Линиските Острови.

Каролинскиот Остров (Caroline Island), познат и како Милениумски Остров или Бекиса, е корален атол во Кирибати. Атолот е дел од Линиските Острови во Тихиот Океан. Од Европејците, островот за прв пат бил забележан во 1606 година. Низ историјата островот бил под британска и американска управа, а по независноста на Кирибати островот е дел од оваа држава. Во 19 и 20 век имало присуство и на луѓе поради ископувањето гвано (птичјо ѓубриво). Островот е дом на една од најголемите колонии кокосови краби. Интересен факт за Каролинскиот Остров е дека атолот е прва точка која премината на 1 јануари 2000 година (последна од +12 часовната зона). Тоа е поради тоа што Кирибати ја сменила часовната зона, а островот е најисточен во државата.

Географија[уреди]

Каролинскиот Остров е најјужноисточен атол во Линиските Острови. Атолот е составен од 39 мали островчиња и има тесна лагуна која има вкупна површина од 6.3 километри квадратни. Копното има вкупна површина од 3.76 километри квадратни, а заедно со лагуната и коралниот гребен има вкупна површина од 24 километри квадратни. Надморската височина на островот е 6 метри.

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

Поврзано[уреди]

Портал „Кирибати

Надворешни врски[уреди]