Орона

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сателитска снимка на Орона.
Карта на Островите Феникс.
Поглед кон Орона.

Орона (кирибатски: Orona), претходно познат како Хал Ајланд[1], е атол во Кирибатите. Атолот е дел од Островите Феникс и има вкупна површина од околу 3.9 километри квадратни. Во средината на атолот има лагуна која е длабока 15 до 20 метри. Лагуната е поврзана со океанот на неколку места, но само низ неколку може да се помине со мал брод. Најголемата точна на атолот е 9 метри надморска височина.[2] Иако низ минатото островот бил населен неколку пати,[2] денес Орона е ненаселен атол.

Историја[уреди]

На атолот Орона можат да се пронајдат докази дека во минатото тој бил населен. Во источниот дел од островот има камено марае, заедно со рушевини од засолништва, гробови и останати структури.[3]

Денес не е познати кој го „открил“ островот, но сепак се знае дека островот бил именуван по Исак Халм на 26 август 1840 гидина. Кога островот станал дел од независни Кирибати, името и официјално било променето во денешната форма. На 11 јули 1889 година Британците го зазеле островот. Во 1963 година населението било евакуирано поради поплави. Британските и американските тврдења за островот престанале со независноста на државата Кирибати.

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

Поврзано[уреди]

Портал „Кирибати

Надворешни врски[уреди]