Восток (остров)
Восток или Стејвер е ненаселен корален остров во Тихиот Океан. Островот е дел од Линиските Острови во државата Кирибати. Покрај двете уставни имиња, островот е познат и како Ени или Левитс. Островот за прв пат бил забележан од рускиот истражувач Фабијан Готлиб фон Белингсхаузен, кој го именувал островот по неговиот брод (восток= исток на руски).
Содржина |
Географија [уреди]
Островот Восток има вкупна површина од 24 хектари. Во близина на островот е Флинтскиот Остров (оддалечен 158 километри југоисточно), Каролинскиот Остров (230 километри источно) и Малденскиот Остров (709 километри северозападно). Островот е долг 1.3 километар и има триаголна форма.
Плажите на островот се со просечна должина од 25 до 50 метри. На островот нема лагуна или свежа вода.[1] На островот има вегетација, односно дрвото „писонија“. Во 1922 година се пробало да се насадат палми, но тоа не успеало.
Галерија [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ http://www.unep-wcmc.org/sites/wetlands/vostok_i.htm. Retrieved on 10 July 2008.
Поврзано [уреди]
Надворешни врски [уреди]
|
|||||||||||||||||||||||