Абемама
Абемама (кирибатски: Abemama), познат и како Абамама, Апамама, Дундас, Хопер, Роџер Симпсон или Симпсон[1], е атол во Кирибатите и е дел од стровската група Гилбертски Острови. Атолот се наоѓа на околу 152 километри југоисточно од Тарава. Во 1889 година, Роберт Луис Стивенсон, неговата жена и дете, провеле 2 месеца на атолот.
Содржина |
Географија [уреди]
Атолот има вкупна површина од 16 километри квадратни и се проценува дека има население од 3.608 жители. Во атолот има длабока лагуна. На атолот има патен систем кој го поврзува целиот атол. Селото Каријатебике е центар на окружната власт, каде има болница, владини згради и полиција.
Населени места [уреди]
На атолот се наоѓаат следните населени места:
| Биноинано |
| Кабанаки |
| Табијанг |
| Табонуа |
| Тебана |
Сообраќај [уреди]
На островот се наѓа Аеродром Атол Абемама. Малиот аеродром се наоѓа на северниот дел од атолот, во близина на селото Табијанг.
Наводи [уреди]
- ↑ Canby. Historic Places. p. 2
Поврзано [уреди]
Надворешни врски [уреди]
- Encyclopaedia Britannica, Атол Абемама
- Exhibit: The Alfred Agate Collection: The United States Exploring Expedition, 1838-1842
|
|||||||||||||||||||||||