Линиски Острови

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на Линиските Острови.

Линиските Острови (англиски: Line Islands), познати и како Тераина или Екваторски Острови, се островска група составена од 11 атоли и ниски острови во Кирибати во Океанија. Островите се наоѓаат јужно од Хаваите и се протегаат на површина од 2.500 километри што ги прави најдолг островски венец во светот. Осум од островите се дел од Кирибати, додека останатите се дел од САД.

Општи податоци[уреди]

САД тврделе дека островите се нивна територија сè до договорот од Тарава кога се признала независноста на Кирибати. Островската група географски е поделена на три подгрупи: северни, централни и јужни Линиски Острови.

Само три од островите се населени. Вкупното население на островите е 8.809 жители според податоците од 2005, од кои 5,115 се на Киритимати, 2,539 се на Табуаеран и 1,155 на Тераина. Во поглед на површината, Киритимати е најголем атол во светот. Атолот бил дел од Велика Британија во 1888 година.

Острови[уреди]

Карта на Кирибати.
атол/остров/гребен површина
km²
лагуна
km²
население координати статус

Северни Линиски Острови

Кингменов Гребен 0.03 60 0 6°24′ СГШ 162°24′ ЗГД /  територија на САД
Палмира 6.56 15 ~4 5°52′ СГШ 162°06′ ЗГД /  територија на САД
Тераина (Атол Вашингтон) 14.2 2* 1,155 4°43′ СГШ 160°24′ ЗГД /  дел од Кирибати
Табуајеран (Фанинг) 33.7 110 2,539 3°52′ СГШ 159°22′ ЗГД /  дел од Кирибати
Киритимати (Божиќен Остров) c.322 c.320 5,115 1°53′ СГШ 157°24′ ЗГД /  дел од Кирибати

Централни Линиски Острови

Џарвис 4.45 - 0 0°22′ ЈГШ 160°03′ ЗГД /  територија на САД
Малденски Остров 39.3 13* 0 4°01′ ЈГШ 154°59′ ЗГД /  дел од Кирибати
Филипов Гребен - 1.5 0 5°30′ ЈГШ 151°50′ ЗГД /  непознато дали постои
Старбак 21 25 0 5°37′ ЈГШ 155°56′ ЗГД /  дел од Кирибати

Јужни Линиски Острови

Каролински Остров 3.76 6.3 0 9°57′ ЈГШ 150°13′ ЗГД /  дел од Кирибати
Восток 0.24 - 0 10°06′ ЈГШ 152°25′ ЗГД /  дел од Кирибати
Флинтски Остров 3 - 0 11°26′ ЈГШ 151°48′ ЗГД /  дел од Кирибати
Линиски Острови 514.74 542 8,809

* Лагуните со ѕвездичка се пресметани во претходната колона за целосна територија бидејќи тие лагуни немаат излез на море.

Поврзано[уреди]

Портал „Кирибати