Киритимати

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Киритимати
Kiritimati
—  атол  —
Сателитска снимка на островот.
Координати: 1°52′ СГШ 157°24′ ЗГД / 
Држава Кирибати
Островска група Линиски Острови
Карта на Линиските Острови.

Киритимати или Божиќен Остров[1] е атол во Кирибати. Атолот е дел од Линиските Острови. Атолот има вкупна површина од 322 километри квадратни и тоа го прави најголем корален атол во светот.[2] Атолот има лагуна која е слична по површина со самиот атол. Периметарот на атолот е 150 км, додека брегот на лагуната се протега на 48 км.[3]Киритимати зазема 70% од вкупната површина на Кирибати.

Киритимати е една од првите територии на земјата која преминува во Новата Година. Во 1950-те Британците на островот извршувале нуклеарни тестирања, а жителите не биле евакуирани. Поради тоа населението било подложено на радијација.


Демографија[уреди]

Населението на островот во последните години се зголемило, од 2.000 во 1989 година на 5.000 во 2000. На островот има пет села, од кои едно е напуштено:

број село население
(попис во 2005)
1 Табвакеја 1,881
2 Лондон 1,829
3 Банана 1,170
4 Полска 235
5 Париз (рушевини)
Киритимати 5,115

Наводи[уреди]

  1. Kiritimati е локална верзија за Christmas.
  2. Teeb'aki in Scott (1993)
  3. Streets (1877)

Литература[уреди]

Поврзано[уреди]

Портал „Кирибати

Надворешни врски[уреди]