Тераина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сателитска снимка на Тераина.

Тераина (кирибатски и англиски: Teraina) или Вашингтон (Washington Island) е корален атол во Тихиот Океан. Атолот е дел од Линиските Острови во државата Кирибати. Низ историјата островот бил познат и под други имиња како што се Проспект или Њујорк. За разлика од типичните атоли, Тераина има извор на свежа вода, односно езерото Вашингтон, кое се наоѓа во шума од кокосови дрва. Езерото е единственото езеро со постојана свежа вода на Кирибатите.[1]

Димензиите на островот се 5.4 со 2.1 километри и има вкупна површина од 14 километри квадратни.[1] Општо гледано островот е низок каде највисоката точка е 5 метри надморска височина. Во источниот дел од островот се наоѓа главниот островски центар Тангкоре. Според податоците од 2006 година, на островот живеат околу 1200 жители[2]

Демографија[уреди]

Куќа за собир на мажите од островот, ноември 1968
Карта на Линиските Острови.

Населението на Тераина живее во 9 села. Во 1978 година на островот имало 416 жители, а во 1990 година биле избрани 936 жители. Табелата ги вклучува селата со податоци од пописот од 2005 година.

број село население
(попис од 2005[2])
1 Абајанг 91
2 Кауамвемве 106
3 Утеуте 72
4 Кајтера 34
5 Тангкоре 203
6 Матанибике 191
7 Арабата 190
8 Мвакејтари 92
9 Онауеја 176
Тераина 1,155

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Teeb'aki in Scott (1993)
  2. 2,0 2,1 KNSO (2006)

Користена литература[уреди]

Поврзано[уреди]

Портал „Кирибати