Грб на Науру

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грб на Науру
Подробно
Усвоен1970-те
Челенкаѕвезда и лента
Штитштитот е поделен на три дела и е изработен од палми
Држачитрадиционален орнамент за поглавица
МотоGod's Will First

Грбот на Науру е официјалниот грб на оваа океанска држава. Овој грб потекнува од 1968 година по објавувањето на независноста, а како официјален почнал да се користи во раните 1970-ти.

Опис[уреди | уреди извор]

Централен елемент на грбот е штитот кој е составен од две гранки од палми, има овален облик и е поделен на три дела. Горниот дел е претставен од испреплетена златна позадина на која приказ на бел алхемички симбол за фосфат.[1] Под него има уште две полиња од кои левиот е во сребрена боја, а десниот во сина. На сребрениот дел има приказ на црна фрегата која стои на гранка за птици над океанови бранови. Синиот дел има приказ на цвет од калофилиум. Над штиот се наоѓа белата ѕвезда од знамето на Науру, а над неа стои лента со името на државата, Naoero, на науѕрски јазик. Под штиот се наоѓа уште една лента на која е испишано националното мото God's Will First на англиски или на македонски „Прво Божјата волја“. Околу штито се наоѓа орнамент кој го носеле наурските поглавици изработен од палмови гранки, пердуви од фрегата и заби од ајкула. Преплетената позадина го симболизира наурскиот народ, фрифатата ја симболизира фауната во земјата, а алхемискиот знак фосфатот на Науру.

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]