| Грб на Маршалските Острови |
 |
| Подробно |
| Усвоен |
1980 |
| Мото |
Jepilpin ke Ejukaan. |
Грбот на Маршалските Острови е официјалниот грб на оваа океанска држава.
Централен елемент на грбот е син диск кој го симболизира Тихиот Океан. Во центарот на дискот има т.н. „ангел на мирот“, кој има расширени крилја и симболизира мир. Позади ангелот од левата страна имао остров со палма, а од десната остров со кану, а над островите има рибарски алатки и мрежа. Над ангелот е поставена ѕвездата од знамето со 24 краци кои ги симболизираат окрузите во земјата. Од лево и дессно од ѕвездата се појавуваат по една портокалова и по една бела лента што ги симболизираат залезот и изгревот на сонцето. Под ангелот има наутичка карта, а под неа кафеава лента со натпис „печат“ или на англиски „seal“. Околи кругот има прстен во кој има напишано на англиски Government of the Marshall Islands („Влада на Маршалските Острови“), а под него на маршалски Jepilpin ke Ejukaan („Постигнато преку здружени сили“).[1]
[уреди] Поврзано
|
Грб на Океанија |
|
| Држави |
|
|
| Зависни територии |
|
|
| 1 Држави кои се сметаат како дел од друг континент, во овој случај Азија. |
|