Оскар Шиндлер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шиндлер (28 април 1908 – 9 октомври 1974), германски индустријалист, германски шпион, и член на фашистичката партија на која и се припишува спасувањето на 1.200 Евреи за време на Холокаустот со тоа што ги вработувал во неговите фабрики за емајлирани садови и амуниција кои се наоѓале во денешна Полска и во Чешката Република. Тој е главниот лик во романот од 1982 година наречен ,,Шиндлеровата Арка”, и во филмот базиран на истата книга наречен ,,Шиндлеровата Листа”, во кој е прикажан неговиот живот на опортунист првично мотивиран од профит, но кој понатаму во животот покажува готовност, истрајност, и посветеност за да се спасат животите на неговите Евреи вработени во фабриките.

Шиндлер пораснал во Звитау, Моравија, и работел во неколку бизниси пред да се приклучи на организацијата Абвер, службата за разузнавање на Фашистичка Германија, во 1936 година. Тој и се приклучил на Фашистичката Партија во 1939 година. За време на германската окупација на Чехословачка во 1938 година, тој збирал информации за германската влада во врска со железничката линија и движењето на трупите. Бил уапсен за шпионажа од страна на владата на Чешка но бил ослободен со условите на Договорот од Минхен во 1938 година. Шиндлер продолжил да собира информации за фашистите така што во 1939 година работел во Полска, година кога Германија ја напаѓа истата и почетокот на Втората светска војна.

Шиндлер во 1939 добил фабрика за емајлирани садови во Краков, Полска, којашто вработила околу 1.750 работници, од кои илјада биле Евреи. Соработката со Абвер му помогнала да ги заштити своите еврејски работници од депортација и сигурна смрт во фашистички концентрациони логори. Шиндлер првично бил заинтересиран за големиот потенцијал на фабриката за правење на пари. Подоцна започнал да ги брани своите вработени без оглед на цената. Со текот на времето тој морал да им дава на фашистичките офицери уште поголеми мита и луксузни подароци кои се добивале само на црниот пазар со цел да ги заштити работниците. Како што Германија во јули 1944 година почнала да ја губи војната , Шуцштафел започнал да ги затвора најисточните концентрациони логори и да ги евакуира останатите затвореници во западен правец. Многумина биле убиени во концентрационите логори ,,Аушвиц” и ,,Грос-Росен”. Шиндлер го убедил Гауптштурмфирерот на ШШ ( гер. Schutzstaffel- Безбедносен одред) Амон Гет, управник на концентрациониот логор ,, Краков- Плашов”, да му дозволи да ја префрли фабриката во Брунлиц во Судетската област, со тоа спасувајќи ги им животите на своите вработени. Секретарот на Гот, Мечислав Пемпер, собрал и испишал листа со имиња на 1.200 Евреи кои во октомври 1944 година биле префрлени во Брунлиц, а при тоа користел имиња обезбедени од страна на офицерот на Еврејската полиција, Марсел Голдберг. Шиндлер продолжил да ги подмитува СС-офицерите сé до крајот на Втората светска војна во мај 1945 година кога веќе го потрошил сето свое богатство на мита, подароци од црниот пазар и набавки на храна за работниците, со цел да го спречи нивното масивното убивање. По војната Шиндлер се преселил во Германија каде што се издржувал со спонзорирањето од страна на хуманитарните еврејските организации. Откако добил делумна исплата за неговите воени трошкови, се преселил со својата жена во Аргентина каде што се занимале сo земјоделие. Кога Шиндлер во 1958 година банкнотирал, тој и неговата жена се вратиле во Германија каде што доживеал неуспех во неколку обиди за бизнис и се потпирал врз помошта од страна на неговите Шиндлерови Евреи (гер. Schindlerjuden), луѓе чии животи ги спасил за време на војната. Владата на Израел во 1963 го именувала за Праведниот помеѓу Нациите. Шиндлер починал на 9-ти октомври, 1974 година.

Ран живот и кариера[уреди]

Шиндлер е роден на 28-ми април, 1908 година во фамилија од Судетската област, во град наречен Свитави, денешна Моравија, а поранешна Австро-Унгарија. Неговиот татко се викал Јохан ,,Ханс” Шиндлер кој поседувал бизнис со земјоделска машинерија, додека пак неговата мајка се викала Франциска ,,Фани” Шиндлер. Неговата сестра, Елфрид, се родила во 1915 година. Откако завршил основно образование, Шиндлер се запишал на техничко школо од кое што бил избркан поради фалсификување на своето свидетелство. Подоцна ќе матурира, но нема да ги полага испитите ,,Абитур’’ со чија помош би можело да се запише на факултет. Наместо факултет тој се запишал на курс во Брно за повеќе занаети, како шоферство и машинерство, и три години работел кај татко си. На 6. март 1928 година се оженил со Емили Пелзл (1907-2001), ќерка на успешен фармер од Судетската област. Брачниот пар се вселил кај родителите на Оскар и ги заземале собите на горниот спрат каде што живееле седум години. Шиндлер кратко по бракот прекинал да работи кај татко му и сменил неколку работи како позиција во моравското електротехничко школо и во управата на една авто-школа. Осумнаесет месеци бил дел од Чешката армија каде што се искачил до позиција на каплар во десетиот пешадиски полк на 31та армија. По ова се вратил во електотехничката школа која наскоро банкнотирала. Во исто време се затворила и фармата на неговиот татко и со тоа Шиндлер останал една година невработен. Во 1931 година почнал да работи со Јарслав Симер Банк во Прага и таму останал до 1938 година. Шиндлер неколку пати бил уапсен поради пијанство во јавност. Во исто време имал афера со Аурели Шлегел, школска пријателка. Таа во 1933 година му родила ќерка, наречена Емили, а во 1935 година му родила син, наречен Оскар Помладиот. Подоцна Оскар тврдел дека тој не бил негов син. Таткото на Шиндлер, кој бил алкохоличар, ја напуштил својата жена во 1935 година. Таа починала неколку месеци подоцна по долго боледување. Шиндлер во 1935 година и се приклучил на сепаратистичката ,,Судетска Германска партија”. И покрај тоа што бил државјанин на Чехословачка, Шиндлер во 1936 година станал шпион за ,,Абвер”, службата за разузнавање на фашистичка Германија. Му била доделена работа во Abwehrstelle II Commando VIII, во Врецлав. Подоцна ќе и каже на чешката полиција дека го сторил тоа бидејќи му требале пари. Шиндлер станал алкохоличар и постојано имал долгови. Негови обврски кон ,,Абвер” биле собирање на информации за железничката линија, воените поставувања, движењето на трупите, како и регрутирање на други шпиони на територијата на Чехословачка, пред фашистичка Германија да започне со плановите за напад. На 18. Јули 1938 година бил уапсен од чешката полиција за шпионажа и бил веднаш притворен. Шиндлер бил пуштен како политички затвореник со условите на Договорот од Минхен, документ со кој до ден денеска Судетската област е отсечена од Чешка и присоединета кон Германија. Шиндлер поднел барање за членство во Фашистичката парија и бил прифатен следната година. Шиндлер бил унапреден во втор на чело на неговиот оддел во службата ,,Абвер” и во јануари 1939 година бил пратен заедно со неговата жена во Острава, во близина на чешко-полската граница. Работел како шпион кога Хитлер го освоил и другиот дел на Чехословачка. Емили му помагала со документацијата, ги обработувала и ги криела тајните документи. Тој и неговите 25 агенти успевале да соберат информации за воените активности на Полска и за железничката линија бидејќи постојано деловно патувале во Полска. Неговиот оддел еднаш имал задача да го надгледува и да дознае информации за железничката линија и за тунелот во Јаблунковскиот премин. Германската армија го освоила преминот на први септември 1939 година без никави проблеми. Шиндлер продолжил да работи за ,,Абвер” се до 1940 година, кога бил пратен во Турција за да истражува за можно поткупување кај офицерите од Абвер кои работеле во тамошната германската амбасада.

Втора Светска Војна[уреди]

Емалија[уреди]

Шиндлер за првпат пристигнал во Краков во октомври 1939 година во служба на ,,Абвер” и следниот месец купил стан. Емили се грижела за станот во Острава и го посетувала Шиндлер во Краков најмалку еднаш неделно. Во ноември 1939 година го повикал внатрешниот архитект Мила Феферберг за да му го уреди станот. Нејзиниот син ,Леополд Феферберг, наскоро станал еден од неговите врски за тргување во црниот пазар. Тие ќе останат доживотни пријатели. Тој ноември, Шиндлер го запознал Исак Штерн, сметководителот на еден од неговите пријатели од ,,Абвер”. По инвазијата на Полска, на полските Евреи им биле одземени нивните недвижнини, сопствености, работни канцеларии, домови, и нивните граѓански права. Шиндлер му го покажал на Штерн билансот на состојба на една компанија што тој размислувал да ја купи, фабрика за емајлирани садови наречена Рекорд ООД и поседувана од здружение на еврејски бизнисмени кои пријавиле банкрот порано истата година. Штерн го посоветувал наместо да ја води компанијата како ополномоштен под заштита на Haupttreuhandstelle Ost, тој треба да го купи или изнајми бинзисот бидејќи тоа ќе му даде повеќе слобода од фашистичките диктатори и слободата да вработи повеќе Евреи. Со помош на финансирањето од неколку еврејски инвеститори, Шиндлер на 13. ноември 1939 година потпишал неформален договор за закуп на фабриката и го официјализирал договорот на 15. јануари 1940 година. Ја преименувал во Германска фабрика за емајлирање на садови или ГФЕ (гер. Deutsche Emaillewaren-Fabrik) и наскоро станала позната како Емалија. Најпрво вработил седум еврејски работници и 250 нееврејски полјаци. За време на најдобрите денови, фабриката имала вработено 1.750 работници, од кои илјадници биле Евреи. Шиндлеровата соработка со Абвер, неговите врски во Вермахтот и неговиот Инспекторат за вооружени сили, му овозможиле да склучи договори за производство на емајлирани садови за готвење за потребите на војската. Овие врски подоцна ќе му помогнат и да ги заштити своите вработени од депортација и смрт. Со текот на времето, Шиндлер бил приморан да му дава на фашистичките офицери се поголеми мита и луксузни подароци кои само се купувале на црниот пазар, со цел да ги заштити работниците. Самиот Шиндлер живеел раскошен живот и имал вонбрачни афери со неговата секретарка, Викторија Клоновска, и со Ева Киш која била трговец стручен во емајлирање и работела во фабриката. Емили Шиндлер го посетувала редовно, за на крај во 1941 година да се пресели кај него во Краков. Шиндлер првично бил заинтересиран за потенцијалот на бизнисот за правење на пари и вработувал Евреи бидејќи биле поевтини од Полјаците( платите биле одредени според режимот на владејачките фашисти). Подоцна ќе ги брани Евреите без оглед на цената. Статусот на неговата фабрика како клучен фактор во напредокот на војната ќе му помогне да ги заштите своите работници. Секојпат кога на Шиндлеровите Евреи им се заканувала депортација, тој измислувал изговори за нивно ослободување. Тој тврдел дека и жените, и децата, дури и лицата со недостатоци се потребни механичари и металски работници. Во една прилика, тајната полиција ,,Гестапо” го посетила Шиндлер и побарала да и се предаде една фамилија која имала лажни документи. Три часа подоцна, Шиндлер рекол: ,, двајцата пијани луѓе на Гестапо нишајќи се ја напуштија мојата канцеларија, без нивните затвореници и без компримитирачките документи што ги бараа”. На 1. август 1940 година, управникот Ханс Франк издал налог кој гласел дека сите Евреи од Краков мораат да го напуштат градот во рок од две недели. Само на оние кои имаат работа која е директно поврзана со воениот напредок на Германија ќе им биде дозволено да останат. Од околу 80. 000 Евреи кои живееле во Краков, во 1941 година останале само 15.000. Овие Евреи биле присилени да ја напуштат нивната традиционална населба ,,Казимеж” и да се преселат во ограденото Краковско гето, сместено во индустриската област Подгуже. Работниците на Шиндлер секој ден оделе пешки од гетото до фабриката и обратно.

Плашов[уреди]

Есента 1941 година, фашистите започнале да ги иселуваат Евреите од гетото. Повеќето од нив биле пратени и убиени во концентрациониот логор ,, Белзец”. На 13. март 1943 година гетото било уништено и оние кои сé уште биле способни за работа биле пратени во концентрациониот логор ,,Плашов”. Илјадници Евреи прогласени неспособни за работа биле пратени во логорите и таму убиени. Стотици други биле убиени на улиците кога фашистите го чистеле гетото. Шиндлер, благодарение на своите врски во Вермахт, знаел за плановите на фашистите и им дозволил на своите вработени да преноќат во фабриката со цел да ги спаси. Тој бил сведок на уништувањето на гетото и бил стаписан. Тогаш Шиндлер го сменил мислењето за фашистите. Решил да спаси колку што може повеќе Евреи и да ја напушти Германија. Концентрациониот логор Плашов бил отворен во март 1943 година, на местото каде што порано се наоѓале две гробишта на улицата ,,Јерозилимска”, околу 2.5 км од фабриката на Шиндлер. На чело на логорот бил Гауптштурмфирерот на ШШ, Амон Гет, брутален садист кој стрелал случајни затвореници на кампот од неговиот балкон. Затворениците од Плашов постојано стравувале за нивниот живот. Емили Шиндлер го нарекувала Гет ,,најподлиот човек кој некогаш сум го запознала.” Првично планот на Гет бил сите фабрики, вклучувајќи ја и фабриката на Шиндлер, да се префрлат внатре во логорот. Сепак, Шиндлер, со помош на малку дипломатија, малку ласкање, и малку поткупување, не само што успеал да го убеди Гет да ја остави фабриката на истото место, туку и успеал да го убеди да му дозволи да догради потлогор каде што ќе живеат неговите работници и 450 Евреи од околните фабрики. Тие не биле во опасност од случајно погубување, биле најадени и згрижени, и дури им било дозволено да извршуваат верски обреди. Шиндлер бил двапати уапсен поради сомнеж за активности на црниот пазар и еднаш поради прекршување на законот Нуремберг со тоа што бакнал Еврејка, дело забрането преку Актот за раса и раселување. На првото апсење, кое се случило на крајот на 1941 година, останал притворен една ноќ. Неговата секретарка средила тој да биде пуштен на слобода преку влијателните врски кои ги имал во фашистичката партија. Второто апсење кое се случило на 29. април 1942 година било поради тоа што тој бакнал една Еврејка на образот за време на неговата роденденска забава во фабриката. Останал пет дена во затвор се додека не го ослободиле неговите пријатели од партијата. Третото апсење се случило во 1944 година поради тоа што бил обвинет за активности на црниот пазар и поради поткупување на Гет и на многу други видни личности со цел да ја подобри ситуацијата на еврејските работници. Бил притворен цела недела и потоа пуштен. Гет бил уапсен на 13. септември 1944 година заради поткупување и злоупотреба на моќ, и ова апсење било дел од истрагата што се спроведувала против Гет. Гет никогаш не бил осуден за овие обвинувања, но бил обесен поради воено злосторство на 13. септември 1946 година. Во 1943 година Шиндлер, преку членовите на еврејскиот отпор, бил исконтактиран од страна на еден ционистички водач од Будимпешта. Шиндлер таму патувал неколку пати за да поднесе извештај за фашистичкото малтретирање на Евреите. Преку Шиндлер, Еврејската Агенција за Израел пратила финансиска помош која требала да му биде предадена на еврејското подземје.

Брунлиц[уреди]

Како што се приближувала Црвената Армија во јули 1944 година, одредот Шуцштафел започнал да ги затвора најисточните логори и да ги евакуира преостанатите затвореници во западен правец накај Аушвиц и Грос-Розен. Личниот секретар на Гет, Мечислав Пемпер, го предупредил Шиндлер за намерите на нацистите да ги затворат сите фабрики кои не се директно поврзани со воените напори, вклучувајќи и ја фабриката на Шиндлер за емајлирани садови. Пемпер го советувал Шиндлер да се префрли од изработување на садови за готвење во изработување на противтенковски гранати ако сака да ги спаси животите на еврејските работници. Преку поткуп и хеговата моќ на убедување, Шиндлер ги убедил Гет и службениците во Берлин да му дозволат да ја префрли фабриката и работниците во Брунлиц, во Судетската област, и со тоа ги спасил Евреите од сигурна смрт во гасните комори. Пемпер составил и искуцал листа со имиња на 1.200 Евреи, 1000 работници на Шиндлер и 200 работници од текстилната фабрика на Јулиус Матрич. На 15. октомври 1944 година, возот со 700 мажи од Шиндлеровата листа бил испратен во концентрациониот логор Грос-Розен, каде што останале околу една недела пред да бидат препратени во Брунлиц. 300 жени од листата биле пратени во Аушвиц, кадешто биле во непосредна опасност од тоа да бидат пратени во гасните комори. Врските и подмитувањата на Шиндлер не му помогнале да ги ослободи. Потоа тој ја испратил својата секретарка, Хилда Албрехт, со мито како стока од црниот пазар, храна, и дијаманти, за на крај да ги испратат работниците од Аушвиц накај Брунлиц. Освен работниците, Шиндлер пренел и 250 вагони полни со машинерија и суровини до новата локација на фабриката. Само неколку артериски гранати се прозведени во фабриката. Кога службениците од Министерството на вооружени сили се заинтересирале за ниското производство на фабриката, Шиндлер купил изработени прозводи на црниот пазар и ги претставил како свои. Животните добра обезбедени од ШШ биле недоволни за потребите на работниците, па затоа Шиндлер го минувал сето свое време во Краков, обезбедувајќи храна и други суровини. Неговата жена останала во Брунлиц кадешто обезбедувала додатни суровини и се грижела за здравјето и основните потреби на работниците. Шиндлер исто така го испланирал пренесувањето на околу 3.000 Еврејки од Аушвиц до малите текстилни фабрики во Судетската област. Во јануари 1945 година, воз со 250 Евреи кои биле одбиени како работници во рудникот Голешау во Полска, пристигнале во Брунлиц. Затворените товарни вагони биле замрзнати кога пристигнале, па Емили Шиндлер чекала додека инжинер од фабриката не дошол за да ги отвори вратите со лемилица. Дванаесет луѓе биле мртви, а остатокот биле премногу болни или слаби за работа. Емили ги однела преживеаните во фабриката и се грижела за нив во импровизирана болница се до крајот на војната. Црвената Армија се приближувала, а Шиндлер продолжил да ги подмитува офицерите на ШШ за да го спречи колежот на работниците. На 7. мај 1945 година, тој и неговите работници се собрале во фабриката за да слушаат како британскиот премиер Винстон Черчил ја објавува капитулацијата на Германија.

По војната[уреди]

Како член на нацистичката партија и на службата за разузнавање ,,Абвер”, Шиндлер бил во опасност од тоа да биде уапсен како воен криминалец. Штерн, заедно со другите работници, подготвиле изјава со која Шиндлер можел да им докаже на американците дека е заслужен за спасувањето на илјадници Евреи. Исто така добил прстен кој го направиле од златниот заб и кој бил изваден од устата на Симон Јерет. На прстенот било испишано ,, Оној кој спасува еден живот, го спасува целиот свет”. За да не биде заробен од Русите, Шиндлер и неговата жена тргнале во западен правец, во автомобил од брендот Хорх, наводно во придружба од неколку Германски војници во бегство. Позади нив возел камион во кој се наоѓале љубовницата на Шиндлер, Марта, неколку еврејски работници, и занаетчиски стоки од црниот пазар. Автомобилот Хорх бил запленет од Руските трупи во градот Бадвајс, кој веќе бил ослободен од Русите. Оскар и Емили не успеале да го пронајдат дијамантот кој Шиндлер го скрил под седиштето. Патот го продолжиле со воз и одејќи пешки се додека не стигнале до Американските редови во градот Ленора, и оттаму отпатувале во Пасау, кадешто еден американско-еврејски офицер организирал тие да отпатуваат со воз до Швајцарија. Тие есента, 1945 година, се преселиле во Баварија, Германија. При крајот на војната, Шиндлер веќе го потрошил сето свое богатство на мита, и залихи храна за работниците, купени на црниот пазар. Сиромашен, на кратко се преселил во Регенбург, а потоа во Минхен, но немал успех во повојна Германија. Живеел од финансиската помош од страна на еврејските организации. Во 1948 тој побарал надоместок за неговите трошоци за време на војната од американско-еврејскиот комитет за дистрибуција и добил 15.000$. Тој проценил дека за време на војната потрошил повеќе од $1.056,000 за изградба на логор, поткупувања, стока од црниот пазар, храна. Шиндлер во 1949 година емигрирал во Аргентина кадешто одгледувал кокошки па потоа нутрија, мало животинче кое се одгледува заради неговото крзно. Кога бизнисот пропаднал тој ја оставил жена му и се вратил во Германија кадешто имал неколку неуспешни обиди за бизнис, вклучувајќи и фабрика за цемент. Банкнотирал во 1963 година и следната година доживеал срцев удар, поради што бил еден месец хоспитализиран. Шиндлер останал во контакт со Евреите кои ги сретнал за време на војната, како Штерн и Феферберг, и преживувал од донациите испратени од Шиндлеровите Евреи. Пошинал на 9. октомври 1974 година и е закопан во Ерусалим на Сионската гора, и е единствениот член на нацистичката партија на кој му е доделена оваа почит. Во 1963 година тој бил прогласен за Праведниот меѓу Нациите, почесна награда која им се доделува на луѓето кои не се припадници на еврејската религија но кои имаат значајна улога во спасувањето на животите на Евреите за време на Холокаустот. Тој исто така го примил и Орденот за заслуги на Федерална Република Германија.

Наследство[уреди]

Филмови и книга Во 1951 година, Полдек Феферберг му пристапил на режисерот Фриц Ланг и го замолил да размисли за снимање на филм за делата на Шиндлер. Исто така и во 1964 година, по иницијатива на Феферберг, Шинлдер добил аванс од $20.000 од страна на Метро-Голдвин-Мајер за можен филм насловен ,,До Последниот Час”. Филмот никогаш не бил сниман, а Шиндлер веднаш ги потрошил парите кои ги примил од МГM. Во 1980 година, додека се враќал накај дома од филмскиот фестивал во Европа , австралијанскиот автор Томас Кенели случајно го посетил дуќанот за патни торби на Феферберг во Беверли Хилс. Феферберг ја искористил шансата и му ја раскажал приказната за Оскар Шиндлер. Тој му дал неколку копии од некои материјали што ги имал архивирано. Кенели наскоро одлучил да напише книга базирана на приказната за Шиндлер. По долго истражување и многу интервјуа со оние Шиндлерови Евреи кои сé уште биле живи, во 1982 година тој го издал историскиот роман ,,Шиндлеровата Арка”. Стивен Спилберг во 1993 година ја адаптирал книгата во филмот ,,Шиндлеровата Листа”. Спилберг ги добил правата за филмот во 1983 година, но бидејќи не се чувствувал емоционално и професионално спремен да се соочи со проектот, му ги понудил правата на неколку режисери. Но, откако го прочитал сценариото кое било напишано од Стивен Зеилиан за режисерот Мартин Скорцезе, тој решил да му го предаде филмот ,,’Рт на стравот” во замена за биографијата на Шиндлер. Во филмот, ликот на Ицак Штерн е мешавина од Штерн, Банкиер, и Пемпер. Лијам Нисон беше номиниран за оскар за најдобра машка улога за неговата интерпретација на Оскар Шиндлер. Филмот освои седум оскари, вклучувајќи го и оскарот за најдобар филм. Режисерот Џон Блер во 1983 година го снимил британскиот документарен филм насловен како ,,Шиндлер: Неговата приказна раскажана од самите луѓе кои ги спасил”, a во 1998 година ,,Оскар Шиндлер: Човекот позади листата”.

Куферот на Шиндлер[уреди]

Во 1997 година во станот на Ами и Хајнрих Штир во Хилдесхајм бил пронајден куферот на Шиндлер кој содржел историски фотографии и документи. Шиндлер престојувал кај нив неколку дена пред неговата смрт. Синот на парот, Крис, го однел куферот во Штутгард кадешто детално се испитале документите од страна на д-р Волфганг Боргман, уредникот за наука на списанието Stuttgarter Zeitung. Бронгман напишал серија од седум статии кои биле објавувани во списанието од 16 до 26 октомври 1999 година и накрај биле издадени во книга наречена ,,Куферот на Шиндлер: Извештај за животот на еден спасител”. Документите и куферот се испратени во музејот на холокаустот во Јад Вашем,Израел.


Извори[уреди]


Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

eng:Oscar Schidler mk:Оскар Шиндлер