Луизијана (колонија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
  Територијата на САД (во 1803.)
  Територијата Луизијана која САД ја купиле од Франција.
  Територија која се приклучила на САД по купувањето на Луизијана.
  Територија под контрола на Шпанија.
  Територија под контрола на Велика Британија.

Луизијана била административна област во Нова Франција во 17. и 18. век. Областа била именувана во чест на кралот Луј XIV од францускиот истражувач Рене-Робер Кавелие де ла Сал, и се протегала од устието на Мисисипи на југ, до изворот на реката и до Големите езера на север, и од Апалачките планини на исток до Карпестите планини на запад. Практично, територијата Луизијана го опфаќала целото сливно подрачје на реката Мисисипи.

Оваа огромна територија во 1803. година Наполеон ја продал на САД за 23.213.568 УСД.

Денес на територијата на Луизијана се наоѓаат, во целост или делумно, 15 сојузни држави на САД и две провинции од Канада.