Димо Н. Димчев

Од Википедија — слободната енциклопедија

Димо Н. Димчев (влашки Dina Cuvata) — македонски поет, раскажувач и преведувач од влашки јазик.

Животопис[уреди | уреди извор]

Димо Димчев е роден во с. Доброшани, Штипско на 9 јули 1952 година. Завршил Економски факултет во Скопје. Работи во Македонското радио. Член на ДПМ од 1992 година. Автор е на книгите: Клукајдрвецу море клукајдрвецу (влашки народни песни, 1985), Смртен крик (поезија, 1989), Света надеж (поезија, 1990), Колевка (раскази, 1990), Влашки буквар (1994), Мила е мама(поезија за деца, 1996), Гордиот овчарски син (поезија за деца, 1999)[1],[2].

На влашки ги превел: Бели мугри од Кочо Рацин (1989), Библијата (2004), Бисера од Константин Миладинов (1994), Македонски монолог од Гане Тодоровски (1995), Света литургија на Св. Јован Златоуст (1995), и др.

Наводи[уреди | уреди извор]