Проект Менхетен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Менхетен проектот резултира со создавање на првата атомска бомба, и за првпат во историјата нуклеарна детонација, 16 јули, 1945.

Проектот Менхетен бил заеднички проект на САД, Обединетото Кралство и Канада кој имал за цел развој на нуклеарно оружје (атомска бомба) за време на Втората светска војна.

Историја[уреди]

Во 1939 година американските научници го натерале претседателот Френклин Рузвелт да направи програма за истражување на потенцијалната воена примена на физијата и биле одвоени 6.000 долари. До 1942 проектот бил кодиран како Менхетен, по местото на Колумбискиот универзитет, каде што било направено почетното истражување. Истражувањето, исто така, се вршело и на Универзитетот во Калифорнија и на Универзитетот во Чикаго. Во 1943 година била основана лабораторија за конструирање на бомбата во Лос Аламос, Ново Мексико, и бил составен тим од научници на чело со Ј.Роберт Опенхајмер. Производството, исто така, се извршило и во Оук Риџ, Тенеси, и Ханфорд, Вашингтон. Првата бомба била пробно експлодирана во Аламогордо, воздухопловна база на југ во Ново Мексико. До својот крај проектот чинел околу 2 милијарди долари (22 милијарди долари во сегашно време) и вклучил 125.000 луѓе.