Кевин Спејси

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кевин Спејси

Спејси на 22 фебруари, 2007 год.
Роден(а) Кевин Метју Фаулер
26 јули, 1959 год.
Њу Џерси, САД
Занимање актер, режисер, продуцент, сценарист
Активен период 1981–денес
Кевин на Берлинскиот фестивал, 2005 год.
Спејси на премиерата на „Враќањето на Супермен“ во Лондон, 12 јули 2006 год.

Кевин Спејси е американски актер и филмски продуцент. Роден е во Њу Џерси, а израснал во Калифорнија. Актерската кариера ја започнал во раните 80-ти години на минатиот век, а со јавна популарност се здобил во наредната декада. Добитник е и на две награди Оскар, и тоа за најдобар актер во споредна улога за филмот Дежурни виновници (1996) и за најдобра главна ролја во култното остварување Американска убавина (1999).[1]

Биографија[уреди]

Кевин Спејси е роден на 26 јули, 1959 год. во Саут Оринџ, Њу Џерси. Тој е најмалиот од трите деца на Томас и Кетрин Фаулер. Татко му често ги менувал работните места, па така целото семејство било принудено постојано да се сели од едно место на друго. Додока посетувал средно учичиште, Кевин бил редовно повикуван да толкува некоја од улогите во школските приредби. Училиштето го завршил во 1977 год. а истата година го присвоил и презимето Спејси, моминско презиме на неговата мајка. По матурата, Спејси си ја пробал среќата во стенд ап комедијата, како комичар во некои клубови. Интересна била и неговата наместена насмевка, по која го паметеле за време на настапите, и која денес е негово облежје. По убедување од еден негов соученик од факултет, се решил да глуми во ТВ драматаЏулијард“, но оттаму дал отказ по две години.

Првите улоги[уреди]

Во 1982 год. се случило неговото актерско деби во филмот „Духови“, под режисерската палка на Лив Улман. Неговата појава била забележана за време на кастингот за филмот „Вистинско нешто“. Иако не ја добил улогата, оставил позитивен впечаток врз Мајк Николс, со кого подоцна и ќе соработува. Во наредните години, Николс му доделил помали улоги на Спејси во неговите филмови „Љубовна болка“ и „Работлива девојка“. Овде имал прилика да глуми заедно со филмски легенди како Џек Николсон, Мерил Стрип, Харисон Форд и Мелани Грифитс, и со тоа да стекне поголемо искуство. Временскиот интервал 1987-1992 го искористил за подигнување на личниот рејтинг појавувајќи се во телевизиски серии и во театарот. Во 1994 год. го снимил своето продуцентско деби, насловено како „Пливање со ајкулите“.

Следната година добил поголема доверба од режисерите, со тоа што ја играл улогата на Роџер Кинг во филмот „Дежурни виновници“ за која и го освоил неговиот прв Оскар. Истата година, заедно со Бред Пит и Морган Фримен биле соработници во крими-трилерот „Седум“, каде Спејси ја толкувал ролјата на серискиот убиец Џон Доу. Во 1997 год. Кевин за првпат се нашол во режисерското столче, и тоа во филмот „Албино алигатор“. Со „Доверливо од ЛА“ дефинитивно си го пробил пат кон добивање поголеми улоги во претстојните филмови.

Успехот со Американска убавина[уреди]

Кога се случила проекцијата на „Американска убавина“ низ кино-салите ширум светот, Кевин Спејси нагло ја зголемил својата популарност во Холивуд. И критиката и публиката биле едногласни дека еден таков уметнички перформанс е вистинска реткост, такво умешно претставување на средовечниот американски човек е врвно достигнување. За толкување на ликот на главниот протагонист Лестер Бурхам пристигнале дузина признанија и награди на сметка на Кевин. Интересно, за време на победничкиот говор при церемонијата на доделување Оскари, Спејси му ја посветил наградата на неговиот ментор Џек Лемон. Со наградата за најдобро актерско остварување, тој е само шестиот артист на кого му пошло од рака да ги собере наградите за споредна и главна машка улога од холивудските глумци. Филмот бил прикажан и на многу интернационални филмски фестивали, и секаде предизвикувал бура од одушевување.

На 5 октомври 1999 год. му била направена голема почест на Спејси со тоа што Холивуд му оддал сопствена ѕвезда на патеката на славните. На таа пригода присуствувале Џек Лемон, Едвард Нортон, Френсис Фишер и гордата мајка Кетрин Фаулер. Во наредните три години снимил исто толку филмови. По 2002 год. се посветил на правење кусометражни филмови, кои за изненадување привлекле огромно внимание. Што се однесува на останатите активности, заедно со американскиот екс-претседател Бил Клинтон ја посетиле Африка, каде учествувале во хуманитарна акција. Во Лондон помогнал околу организација на големиот концерт на Елтон Џон. 2003 год. немал некои поголеми филмски проекти, а тогаш и се преселил во Лондон, каде станал директор на старото театарско здание „The Old Vic“. Со договор се обврзал да остане на директорското место се до 2015 год.

Подоцнежната кариера[уреди]

Неговата нова функција не го оддалечила од филмското платно. Во 2004 год. излегол биографскиот филм на пејачот Боби Дерин, под името „Преку морето“. Пет години му биле потребни на Спејси за да ја реализира замислата за овој мјузикл, за кој доби Златен Глобус и Греми номинација за најдобра филмска музика. Овој филм и го посветил на својата неодамна почината мајка. Во исто време одиграл и неколку улоги во Лондонскиот театар, меѓу кои највпечатлива била таа на кралот Ричард II во драмата на Шекспир. Во 2006 год. се пријавил на кастингот за најновиот филм за Супермен, на кој му била доделана ролјата на главниот непријател на Супермен, Лекс Лутор.

Позначаен филм во 2008 год. му бил „Пребројување“, каде главната улога ја споделил со Лоренс Фишбурн. Со ова филмско остварување заработил уште еден Златен Глобус, како и Еми награда за најдобар актер. Во периодот кој следел, Кевин не се појавува во некоја голема улога, туку прифаќал само во помали ролји. На 3 ноември 2010 год. бил промовиран во Командант на почесниот ред на Велика Британија, медал кој му бил врачен од принцот Чарлс на церемонија во кралската резиденција, по повод неговите големи заслуги за англискиот театар. Спејси исто така има и своја фондација за поддршка на млади и надежни актери, сценаристи и режисери, именувана по драгиот негов ментор Џек Лемон.

Во февруари 2011 год. Спејси на прес-конференција со новинарите ги открил неговите идни планови. Имал намера да организира патувачки театар низ источните азиски земји со актерите од неговата фондација. Поради позитивната реакција на публиката за драмата на Шекспир, Ричард III, актерската екипа на чело со Спејси направила мала турнеја низ јужна Европа и далечно азиските земји. Моментално Спејси нема театарска улога поради најновиот филм на Сем Мендес, во кој повторно ќе соработува со режисерот на безвременската приказна „Американска убавина“.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: