Супермен

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Супермен
250x450px
Publication information
Издавач DC Comics
Прво појавување Action Comics #1
(јуни 1938)
Создаден од Џери Сигел и Џо Шустер
In-story information
Alter ego Кал-Ел и Кларк Кент
Потекло Криптон
Припадност The Daily Planet
Justice League
Legion of Super-Heroes
Team Superman
Black Lantern Corps
White Lantern Corps
Партнерство Бетмен

Супермен (англиски: Superman) е фиктивен лик, стрип-јунак и суперхерој, светски признаен како културна икона.[1][2][3][4] Создаден од американскиот писател Џери Сигел и артистот Џо Шустер во 1932, ликот во 1938 е продаден на Detective Comics, Inc. (подоцна DC Comics). За првпат се појавува во Action Comics #1 (Јуни, 1938), а веднаш потоа се појавува и во различни радио и телевизиски серии, филмови, стрипови во весници и видео игри. Поради огромниот постигнат успех, Супермен отвора пат да се создаде посебен жанр за суперхерои и да се воспостави примат во американските стрипови.[1] Неговиот изглед, има иконски и широко препознатлив статус: костум во сина, црвена и жолта боја, надополнет со наметка, со стилизиран „S“ симбол на градите.[5][6][7] Симбол кој, до денес, важи за заштитен знак на овој стрип-јунак.[8]

Оригиналната приказна за Супермен почнува со неговото раѓање на фиктивната планета Криптон, каде е именуван Кал-Ел. Кратко пред нејзиното уништување, во моментот на неговото раѓање, неговиот татко Џор-Ел го испраќа на земјата, како единствен начин за спас. Пронајден е од еден фармер и неговата жена. Одгледан и израснат како Кларк Кент, од рана возраст почнува да ги покажува своите натприродни способности, кои поради своите високи морални вредности, решава да ги користи за доброто на човештвото. Помалку е познат како „големиот син извидник“,[9] Супермен е познат и како „Челичниот човек“, „Човекот на утрешнината“ и „Последниот син од Криптон“. Како Кларк Кент, меѓу обичните луѓе Супермен живее како новинар во фиктивниот град Метрополис, работејќи за дневниот весник Дејли планет (англиски: Daily Planet) (Daily Star во пораните приказни). Во редакцијата работи со Лоис Лејн, убава репотерка која е главен љубовен интерес на Кент.

DC Comics постепено ги развива и дополнува споредните ликови, моќите и замките. Минатото на Супермен е променето за да се создадат авантурите на Супербој, но и други преживеаници од Криптон се приклучени, вклучувајќи ги Супергрл и Крипто. Поради тоа, Супермен е лиценциран и досега адаптиран во неколку различни медиуми, од радио до телевизија и филм, веројатно најзабележително е толкувањето на Кристофер Рив во двата филма на Ричард Донер Супермен од 1978, и продолжението Супермен II од 1981, кои се имаат здобиено со критичко одобрување и важат за најуспешни долгометражно филмови на Warner Bros. за тоа време. Како и да е, другите две продолженија, Супермен III и Супермен IV: Потрага по мир, не го доживуваат истиот успех на кино благајните. Филмот Супермен се враќа беше објавен во 2006, кој иако релативно неуспешен во САД, во меѓународните кино благајни поминува подобро од очекуваното.[10] Потврдено е дека нов филм за Супермен е во подготовка, со Хенри Кавил како Супермен. Седум децении по појавувањето на Супермен, ликот неколкупати е преобработен и променет.

Значајна промена се случува во 1986, кога Џон Берн го темелно го преобработува ликот, намалувајќи ги моќите на Супермен и отсранувајќи неколку ликови, потег кој го привлече вниманието на медиумите. DC Comics повторно привлекува внимание за време на деведесетите со Смртта на Супермен, каде ликот е убиен (но подоцна вратен во живот).

Отсекогаш Супермен ги фасцинира школарците. Културни теоричари и критичари имаат спроведено истражувања околу влијанието кое ликот го има извршена врз САД и воопшто целиот свет. Умберто Еко ги има истакнато митските квалитети на ликот во раните шеесетти, а Лери Нивен внимателно има проучувано како би влијаела една сексуална врска помеѓу Супермен и Лоис Лејн на самиот лик.[11] Сопствеништвото на ликот отсекогаш било предмет на расправа, како што Сигел и Шустер двапати имаат поднесено тужби за правно сопствеништво. Авторските права сè уште се спорно прашање, така што мали промени во истите им овозможува на сопругата на Сигел и неговата ќерка да поседуваат дел од авторските права, потег кој компанијата Warner Bros. сè уште го расправа.

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Daniels (1998), p. 11.
  2. Holt, Douglas B. (2004). „How Brands Become Icons: The Principles of Cultural Branding“. Boston: Harvard Business School Press. стр. 1. ISBN 1578517745. 
  3. Koehler, Derek J., Harvey, Nigel. (eds.), уред (2004). „Blackwell Handbook of Judgment and Decision Making“. Blackwell. стр. 519. ISBN 1405107464. 
  4. Dinerstein, Joel (2003). „Swinging the machine: Modernity, technology, and African American culture between the wars“. University of Massachusetts Press. стр. 81. ISBN 1558493832. 
  5. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име TCS18.
  6. Wallace, Daniel; Bryan Singer (2006). „The Art of Superman Returns“. Chronicle Books. стр. 22. ISBN 0811853446. 
  7. Designing Man of Steel’s costume“, „Manila Standard“, Philippines News, 21 јули 2006 (конс. 3 септември 2008). Archived September 3, 2008.
  8. Gormly, Kellie B.. „Briefs: Blige concert cancelled“, „Pittsburgh Tribune-Review“, 28 јуни 2006 (конс. 3 септември 2008). [Archived http://www.webcitation.org/5aYbcuH9Z] on September 3, 2008.
  9. McCollum, Charlie. „Times change, but Superman endures as an American cultural icon“, The Mercury News, 26 јуни 2006, стр. 4C LifeStyle.
  10. Epstein, Daniel Robert (30 јули 2006). „4:11 with Bryan Singer“. Newsarama. http://forum.newsarama.com/showthread.php?t=78755. конс. 30 јануари 2007.  Archived September 9, 2009.
  11. Niven, Larry (1971). „Man of Steel, Woman of Kleenex“. „All the Myriad Ways“. Larry Niven. архивирано од оригиналот на 14 јуни 2010. http://www.webcitation.org/5qVCr9NkN. конс. 14 јуни 2010.