Морган Фримен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Морган Фримен

Freeman in 2006.
Роден(а) јуни 1 1937 (1937-06-01) (76 г.)
Memphis, Tennessee
Алма матер Jackson State University
Занимање Actor, director, narrator
Активен период 1964–present
Сопружник Jeanette Adair Bradshaw (1967–79)
Myrna Colley-Lee (1984–2010)

Морган Фримен е американски глумец, режисер, авијатичар и раскажувач. Тој е номиниран за Оскар за неговите изведби во филмовите Street Smart, Driving Missy Daisy, The Shawshank Redemption и Invictius и истиот го добил во 2005тата година за изведбата во филмот ,,Девојка од милион долари”. Исто така има добиено Златен Глобус и Награда од Здружението на филмски актери. Тој се има појавено во голем број популарни филмови меѓу кои и во Unforgiven, Glory, Seven, Deep Impact, The Sum of All Fears, Bruce Almighty, Batman Begins, March of the Penguins, The Bucket List, Wanted, The Dark Knight и RED.

Младоста на Морган Фримен[уреди]

Морган Фримен е роден во Мемфис (Memphis) во сојузната држава Тенеси(Tennessee,) , син на Мајме Една (Mayme Edna) која била учителка и Морган Потерфилд Фримен(Morgan Porterfield Freeman) кој бил бербер и умрел на 27 aрпил 1961 година од цироза. Тој има 3 постари браќа и сестри. Како бебе тој бил испратен кај неговата баба (мајка на неговиот татко) во Чарлстон, Мисисипи. Неговото семејство често се селело за време на неговото детство живеејќи во градовите Гринвуд, Мисисипи(Greenwood, Mississippi), Гери-Индијана (Gary, Indiana) и конечно во Чикаго, Илиноис (Chicago, Illinois). Тој го имал неговото актерско деби на девет годишна возраст глумејќи ја главната улога во една школска претстава. Подоцна се школувал во средното училиште Broad Street кое подоцна било именувано Threadgill и станало основно училиште . На дванаесетгодишна возраст тој победил на државен натпревар за драма и додека сеуште бил во средното училиште ,,Broad Street” настапувал на радио емисија во Нешвил, Тенеси (Nashville, Tennessee). Во 1995 година матурирал во средното училиште Broad School но ја одбил делумната стипендија за драма од Jackson државниот универзитетот Џексон и ја прифатил работата како механичар во воздухопловните сили на Соединетите Американски Држави. Тој се преселил во Лос Анџелес во раните шеесетти години на минатиот век како службеник за превод во школата за високо образование во Лос Анџелес. За време на овој период исто така живеел и во Њу Јорк работејќи како танчер на светскиот саем во 1964 година и во Сан Франциско каде што бил член на музичката театарска група Opera Ring. Морган Фримен исто така глумел и во турнејски театарски ансамбл на кој ја изведувал претставата The Royal Hunt of the Sun, а исто така се појавил и во филмот The Pаwnbroker во 1965 година. Го остварил своето деби надвор од Бродвеј во 1967 година една година пред да дебитира на сцената на Бродвеј во 1968-та година во црната верзија на Hello Dolly во која исто така глумеле Перл Бејли (Pearl Bailey) и Каб Каловеј (Cab Calloway).

Кариера[уреди]

Актерска кариера[уреди]

Иако неговото прво кредитирано филмско појавување било во 1971-та година во филмот Who Says I Can’t Ride a Rainbow? , тој прво станал познат во американските медиуми преку улогите во сапунската опера Another World и детската серија The Electric Company емитуванa од јавниот сервис за емитување (PBS), подоцна изјавувајќи дека требал порано да ги напушти истите улоги. На почетокот на раните осумдесетти години на минатиот век тој почнал на глуми истакнати споредни улоги во многу долгометражни филмови стекнувајќи репутација на мудри, татковски ликови. Како што се стекнувал со слава почнал да ги добива големите улоги во 1989 година како ,,возачот Хоук (Hoke)” во филмот Driving Missy Daisy и улогата на ,,наредник мајор Равлинс (Rawlins)” во филмот Glory. Во 1994 година ја глуми улогата на осуденикот Ред во акламираниот филм The Shawshank Redemption. Истата година бил дел од жирито на 44-тиот Интернационален Берлински Филмски Фестивал. Исто така има глумено и во филмовите како што се Робин Худ : Крал на крадците, Unforgiven, Seven и Deep Impact. Во 1997 година заедно со Лори МекКрери (Lori McCreary) ја основал филмската продукција Revelations Entertainment и сестринската компнија за онлајн дистрибуција ClickStar. Фримен исто така бил домаќин на каналот Our Space на компанијата ClickStar со специјални изработени филмски клипови во кој ја споделувал својата љубов кон науката особено за истражувања во вселената и аеронаутиката. По три филмски претходни номинации како номинација за споредна улога во филмот Street Smart, номинација за главна улога во филмот Driving Miss Daisy и номинација за улогата во филмот the Shawshank Redemption конечно ја добил наградата за Оскар за споредна улога за неговата изведба во филмот ,,Девојка од милион долари” на 77-мите награди за Оскар. Тој е познат по својот карактеристичен глас со што често се појавува и во улога на раскажувач. Само во 2005 година се појавува како раскажувач во два филма, War of The Worlds и докуметарниот филм кој е добитник на оскар March of the Penguins.

Фримен се појавува во улогата на Бог во филмот ,,Семоќниот Брус” и неговото продолжение ,,Семоќниот Еван” како и во улогата на Луциус Фокс во критикуваниот комерцијален успех, филмот ,,Бетмен почнува” како и неговото продолжение во 2008 година ,,Темниот витез”. Исто така се појавил и во филмот на Роб Рејнер (Rob Reiner) во 2007 година ,,The Bucket List” заедно со Џек Николсон (Jack Nicholson). Заедно со Кристофер Ваелкен (Christopher Walken) и Вилијам Х. Мејси (William H. Macy) глумел во филмот ,,The Maiden Heist” кој бил дирекно пуштен во видео продажба поради финансиските проблеми на компанијата за дистрибуирање. Во 2008 година Фримен се вратил на Бродвеј за да соработува со Френцис МекДорманд (Frances McDormand ) и Питер Галахер (Peter Gallagher) за ограничена обврска во претставата на Клифорд Одест (Clifford Odets), ,,Тhe Country Girl” режирана од Мајк Николс (Mike Nichols). Исто така имал во план да направи филм базиран на животот на Нелсон Mендела (Nelson Mandela ). На почеток се обидувал да ја добие автобиографијата на Мендела именувана како Long Walk to Freedom ,,Долгиот пат до слободата” која била адаптирана во завршенo сценарио, но не била финализирана. Во 2007 година ги откупил филмските права за сеуште не издадената книга од Џон Карлин (John Carlin) која била објавена во 2008 година именувана како “Играјќи со непријателот: Нелсон Мендела и Играта која направи нација”. Клинт Иствуд го режирал биографскиот филм за Нелсон Мендела именуван како Invictus во кој Морган Фримен ја играл улогата на Мендела додека Мет Дејмонд ја играл улогата на капитен на рагби тим Франсоа Пајнар (Francois Pienaar). Во октомври 2010 година Фримен одиграл улога заедно со Брус Вилис (Bruce Willis) во филмот Red. Последниот проект на Фримен е филмот режиран од Дени Де Вито (Danny DeVito ), Шарлот Дојл (Charlotte Doyle) во кој ќе глуми и ирскиот глумец Пирс Броснан (Pierce Brosnan) и е закажан за снимање на почетокот на 2012 година.


Други ангажмани[уреди]

Во јули 2009 година Фримен бил еден од презентерите на концертот 46664 (славејќи го роденденот на Нелсон Мендела) во салата на ,,Radio City Music Hall” во Њу Јорк. Фримен бил првиот американец кој забележал резултат на екстремната 19та голф дупка во одморалиштето Legend Golf & Safari Resort.

На 65 годишна возраст тој се здобил со приватна лиценца за пилот. Тој поседува или поседувал три приватни летала вклучувајќи и Cessna Citation 501 млазен авион и Cessna 414 авион со два мотора. Во 2007 година купил приватен млазен авион за долги релации од типот Emivest SJ30 кој му бил доставен во декември 2009 година. Има дозвола да ги вози сите од споменатите авиони. На 4ти јануари 2010 година Фримен го заменил Валтер Крнкајт (Walter Cronkite) како воведен глас во вечерните вести на продукциската куќа CBS во кој главен спикер е Кејти Курик (Katie Couric). CBS ја означува потребата за конзистентност во најавувањата на обичните вести како и за специјалните извештаи како главна причина за промената. Од 2010 година тој е домаќин и раскажувач наратор на телевизиското шоу Through The Wormhole на телевизиската куќа Discovery Channel. Исто така ќе има и улога на првата песна во вториот албум на пејачот B.o.B (Боби Реј Симонс Помладиот) насловен како Strange Slouds. Во септември 2011 година Фримен ја играл улогата на судијата Давид Бојс (David Boies), заедно со Џон Литгоу (John Lithgow) во Бродвеј дебито на драмата на Дустин Ленс Блек (Dustin Lance Black') насловена како “8” – театарска интерпретација на федералното судење кое ја поништи забраната од предлогот 8 на Калифорнија за брак од ист пол. Изведбата била одржана во театарот Јуџин Онил (Eugene O'Neill) во Њу Јорк за собирање на пари за Американската фондација за еднакви права.

Приватен живот[уреди]

Фамилија[уреди]

Фримен бил оженет со Џенет Адаир Бредшо (Jeanette Adair Bradshaw) од 22 октомври 1967 година па се до 1979 година. Потоа се оженил со Мирна Коли-Ли (Myrna Colley-Lee) на 16 јуни 1984 годниа. Се разделиле во декември 2007 година. Адвокатот на Фримен кој е исто така и негов бизнис партнет, Бил Лукет (Bill Luckett), во август 2008 година изјавил дека Морган Фримен и неговата жена се во процес на развод. На 15 ти септември 2010 година нивниот развод бил во завршна фаза во Мисисипи. Ја посвоил ќерката од својата прва жена и заедно имале и четврто дете. Во 2008 година во телевизиската серија ,,African American Lives 2” е откриено дека пра пра предците на Фримен биле робови кои мигрирале од Северна Каролина во Мисисипи. Фримен открил дека неговиот пра пра дедо кој бил белец живеел заедно и бил закопан покрај неговата афро-американска пра пра баба кои не можеле легално да се венчаат во тоа време во јужните делови на САД.

Имот[уреди]

Морган Фримен живее во Чарлстон, Мисисипи (Charleston, Mississippi) и во градот Њу Јорк. Тој е косопственик и управува со Мадиди (Madidi), добар вечерен ресторан како и со блуз клубот Ground Zero. Двата локали се наоѓаат во Кларксдејл, Мисисипи (Clarksdale, Mississippi)

Сообраќајна несреќа[уреди]

Морган Фримен бил поврден во автомобилска сообраќајна несреќа близу Рулвил, Мисисипи (Ruleville, Mississippi,) ноќта на 3ти август 2008 година. Возилото со кое патувал, Нисан Максима (Nissan Maxima) произведено во 1997 година излетало од патот и се превртело неколку пати. Тој заедно со сопатничката Демарис Мејер (Demaris Meyer) биле спасени од возилото употребувајќи ја хидрауличната направа ,,вилици на животот”(Jaws of Life). Фримен бил пренесен со медицински хелихоптер во Регионалниот медицински центар во градот Мемфис (Memphis). Полицијата не сметала дека причина за несреќата бил алкохолот. Фримен бил присебен по несреќата при што направил шега дека фоторепортер го сликал на местото на несреќата. При несреќата го скршил неговото рамо, рака и лакт и имал операција на 5ти август 2008 година. Докторите го оперилале четири часа со цел да го поправат оштетувањето на нервите во неговото рамо и рака. Во емисијата Пирс Морган вечерва (Piers Morgan Tonight) која се емитува на телевизијата Си Ен Ен (CNN), Фримен изјавил дека е леворак но не може да ги мрда прстите на неговата лева рака. Тој носи ракавица која е под компресија со цел да не му се згрутчи крвта поради тоа што не може да ги мрда прстите. Неговиот публицист најавил дека се очекува негово целосно заздравување. Мејер неговата сопатничка го тужела за небрежност тврдејќи дека пиел алкохол истата вечер во која се случила несреќата.

Верувања[уреди]

На интервју на телевизиската куќа Си Ен Ен (CNN) Фримен го одбил тврдењето дека е ,,човек на Бога” , кажувајќи дека ,,прашањето на вербата е се она во што всушност верувате. Голем дел од тоа што се дискутира во науката го прифаќаме врз основа на верба, поставуваме теорија и се додека таа теорија не е побиена, ние веруваме дека таа е точна".


Активизам[уреди]

Добротворна работа[уреди]

Во 2004 година Морган Фримен заедно со некои други луѓе го основал Фондот за помош на Гренада со цел да им помогне на луѓето кои биле погодени од ураганот Иван на островот Гренада. Фондот за помош на Гренада е организација која се залага да обезбеди спремни ресурси за луѓето кои живеат во предели погодени од ураган или големи бури. Фримен работел и како раскажувач на мали клипови за глобални организации како што е ,,Една Земја” чии цели вклучуваат зголемување на свеста од природни непогоди. Бил раскажувач во клипот “Зошто сме тука” кој може да се види на официјалната интернет страна на ,,Една Земја”. Тој има донирано пари за Хиподромот во Мисисипи во градот Старквил, Мисисипи (Starkville, Mississippi). Хиподромот е дел од Државниот универзитет на Мисисипи. Фримен има неколку коњи за кои се грижи. Коментари во однос на расата

Фримен јавно го критикувал прославувањето на месецот на Црнечката историја и не учествува во настани поврзани со овој кажувајќи: “Не сакам месец на црнечката историја. Црнечката историја е и Американска историја”. Тој кажува дека единствен начин да се сопре расизмот е да се престане да се зборува за тоа и забележува дека не постои Месец на белата историја. Тој на едно интервју во емисијата 60 минути со Мајк Валac (Mike Wallace) изјавува: ,,Ќе престанам да те викам бел човек и ќе те замолам да престанеш да ме викаш црн човек”. Фримен го поддржувал предлогот, кој пропаднал, за измена на државното знаме на Мисисипи кое го содржи борбеното знаме на Конфедерацијата.

Политика[уреди]

Mорган Фримен ја поддржувал кандидатурата на претседатлеските избори во 2008 година на Барак Обама иако изјавувал дека нема да се придружи на кампањата. Тој раскажувал на настанот ,,Халата на претседателите” заедно со Барак Обама чија фигура била додадена во изложбата. ,,Халата на претседателите” била повторно отворена на 4ти јули 2009 година во Дизни Ворлд ( Walt Disney World Resort ) во Орландо, Флорида. Фримен му се придружил на претседателот на Соединетите Американски Држави, Бил Клинтон, претседателот на комитетот за обложување на Соединетите Американски Држави, Сунил Џулати (Sunil Gulati) и играчот од средниот ред на екипата USMNT, Лендон Донован ( Landon Donovan ) во средата на 1 декември 2010 година во Цирих за финалната презентација на комитетот за обложување на Соединетите Американски Држави, до ФИФА за светското првенство во фудбал во 2022 година. Морган Фримен отворено покажал негодување во септември 2011 година во емисијата ,,Пирс Морган вечерва” (Piers Morgan Tonight) која се емитува на телевизијата Си Ен Ен (CNN), кога тој го обвинил движењето ,,Tee Party” за расизам. Тој изјавил дека движењето ,,Tee Party” користи ,,политика, јавно искажана, која треба да направи се со цел Обама да добие само еден мандат. Што подразбира тоа, што означува тоа? По ѓаволите со земјата. Ќе направиме се што е потребно овој црн човек да го извадиме од тука”. Пирс Морган возврати со следната изјава: ,,Но дали тоа значи дека е расизам?.. Нели ви го кажале тоа за кој било демократ? “. Фримен возвратил ,,Тоа е расистички.... (подемот со движењето,,Tee Party”) ја покажува слабата и мрачната страна на Америка. Ние треба да бидеме подобри од тоа. И навистина сме. Затоа сите луѓе беа во солзи кога Обама беше избран за претседател. Погледнете што сме – тоа е Америка. Потоа тоа се смени, бидејќи овие луѓе се појавија од никаде, исто како кога допираш каллива вода”. Фримен беше критикуван за неговите коментари, црниот републикански кандидат Херман Кејн изјави дека коментарите биле ограничени како и тоа дека повеќето од тие кои го критикуваат движењето ,,Tee Party” воопшто не ни биле на состанок на тоа движење. И актерот Адам Болдвин изјави ,,Проблемот е во содржината на карактерот и политиката на Обама а не од која раса припаѓа тој”.

Почести[уреди]

На 28 октомври 2006 година Морган Фримен бил почестен на првите оддржаани награди-Награди за најдобрите во Џексонс Мисисипи (Jackson, Mississippi) со признанието за животно дело за неговата работа на големото платно. Тој добил почесна диплома за доктор на науки за Уметност и литература од државниот уноверзитет Делта за време на започнувањето на школската година на 13 мај 2006 година. Во 2008 година фамилијарната историја на Морган Фримен била опишана на јавниот сервис за емитување (PBS) во емсијата Американски Африкански живот 2. ДНК тестот покажал дека тој е потомец на народите Сонгаи (Songhai) и Туарег (Tuareg ) кои потекнуваат од државата Нигер.

Филмографија[уреди]

Филм[уреди]

Година Наслов Улога Забелешки
1964 Кршач на пиуни (The Pawnbroker) Човек на улица Некредитирана улога
1966 Човекот наречен Адам (A Man Called Adam) непозната Некредитирана улога
1968 Каде беше ти кога се изгаснаа светлата?(Where Were You When the Lights Went Out?) Grand Central Commuter Некредитирана улога
1980 (Брубакер) Brubaker Волтер(Walter)
1981 Сведок (Eyewitness) Заменикот Блек (Lieutenant Black)
1984 Учители(Teachers) Ал Луис (Al Lewis)
1984 Хари и синот(Harry & Son) Симановски (Siemanowski)
1985 Мари (Marie) Чарлс Траугбер (Charles Traughber)
1985 Тоа беше тогаш.. Ова е сега (That Was Then... This Is Now) Чарли Вудс (Charlie Woods)
1987 (Street Smart) Брзиот Блек (Fast Black) -Независна Спирит награда за најдобра машка споредна улога
1988 Чист и трезен (Clean and Sober) Крег (Craig)
1989 Слава (Glory) Наредник Мајор Џон Ролинс(Sgt. Maj. John Rawlins) -Номиниран од Чикашкото здружение на филмски критичари за најдобра машка споредна улога.
1989 Возејќи ја госпоѓица Дејзи (Driving Miss Daisy) Хоук Колбурн (Hoke Colburn) -Четириесеттиот Берлински филмски фестивал- Сребрена Мечка за најдобра заедничка изведба(заедно до Џесика Тенди-Jessica Tandy)

-Награда Златен Глобус за најдобар актер-Мјузикл или комедија -Награда од здружението од Канзас на филмски критичари за најдобар актер. -Награда од националниот одбор на критичари за најдобар актер. -Номинација за Оскар за најдобар актер

1989 Потпри се на мене (Lean on Me) Директорот Џо Кларк (Principal Joe Clark)
1989 Згоодниот Џони (Johnny Handsome) Наредник А.З Дроунс (Lt. A.Z. Drones)
1990 The Bonfire of the Vanities Судијата Леонард Вајт(Judge Leonard White)
1990 Граѓанска војна (The Civil War) Гласот на Фредерик Даглас (Voice of Frederick Douglass)
1991 Робин Худ: Принцот на крадците (Robin Hood: Prince of Thieves) Азим (Azeem) Номинација на МТВ наградите за филм за најдобро дуо (заедно со Кевин Костнер)
1992 Непростено (Unforgiven) Нед Логан (Ned Logan)
1992 The Power of One Грин Плит (Geel Piet)
1993 Bopha! Неговото режисерско деби
1994 Бегство од затворот Шошенк (The Shawshank Redemption) Елси Бој “Ред ” Рединг, наратор (Ellis Boyd "Red" Redding, Narrator)

-Награда ,,Chlotrudis” за најдобар актер (поврзан со Валанс Шон (Wallace Shawn) за Vanya on 42nd Street) -Номинација за Оскар за најдобар актер -Номинација од Чикашкото здружение на филмски критичари за најдобра машка споредна улога. -Номинација за Златен Глобус за најдобар актер-Драма. -Номинација за награда од здружението на филмски актери за најдобар актер во главна улога

1995 Смртоносен вирус (Outbreak) Бригаден генерал Били Форд (Brig. Gen. Billy Ford)
1995 Седум (Seven) Детективот поручник Вилијам Сомерсет (Detective Lt. William Somerset) -Empire награда за најдобар актер.

-Награда од Лондонското здружение на филмски критичари за најдобар актер на годината. -Номинација од Чикашкото здружение на филмски критичари за најдобра машка улога. -Номинација на МТВ наградите за филм за најдобро дуо(заедно со Бред Пит) -Номинација за Saturn наградата за најдобар актер.

1996 Верижна реакција (Chain Reaction) Пол Шенон (Paul Shannon)
1996 Мол фландерс (Moll Flanders) Хибл (Hibble)
1996 Патување во вселената (Cosmic Voyage) Наратор
1997 Пријателство (Amistad) Теодор Џодсон (Theodore Joadson)
1997 Бакни ги девојките (Kiss The Girls) Докторот Алекс Крос (Dr. Alex Cross)
1997 Долгиот пат до дома (The Long Way Home) Раскажувач
1998 Длабок удар (Deep Impact) Претседателот Том Бек (President Tom Beck)
1998 Тежок дожд (Hard Rain) Џим (Jim)
2000 Медицинската сестра Бети (Nurse Betty) Чарли Квин (Charlie Quinn) -Номинација за наградите Satellite за најдобра машка споредна улога-Мјузикл или Комедија
2000 Под сомнение (Under Suspicion) Виктор Бензет (Victor Benezet)
2001 Along Came a Spider Доктор Алекс Крос (Dr. Alex Cross)
2002 Збирот на сите стравови (The Sum of All Fears) Директорот на централната разузнавачка служба на САД Вилијам Кабот ( DCI William Cabot)
2002 Злочин во високите кругови (High Crimes) Чарли Гримс (Charlie Grimes)
2003 Семоќниот Брус (Bruce Almighty) Бог (God)
2003 Фаќач на сонови(Dreamcatcher) Абрахам Куртис ( Abraham Curtis)
2003 Неодговорност (Levity) Свештеникот Мајлс Еванс (Pastor Miles Evans)
2003 Војна за дрога (Drug War) Наредник Рединг (Lt. Redding)
2004 Девојка од милион долари (Million Dollar Baby) Еди “ѓелезното парче”ДурписEddie "Scrap Iron" Dupris -Награда за Оскар за најдобар актер

-Италијанска онлајн филмска награда за најдобар спореден актер. НААСП Награда за одлична изведба за споредна улога во кинематографијата -Награда од здружението на филмските актери за инзворедна изведба од машки актер во споредна улога. -Награда од здружението од Ванкувер на филмски критичари за најдобар актер. -Номинација од сеопфатното здружение на филмски критичари за најдобра споредна улога.. -Номиниран за Награда Black Reel за најдобра споредна улога Номиниран – од страна на Здружението за критика Dallas-Fort Worth Film Critics за награда за најдобра споредна улога -Номинација за Златен Глобус за најдобра спореден улога од здружението на филмските актери за -Номинација од здружението на филмските актери за изворедна изведба на улогата во филм.

2004 Гонењето на претседателот (The Hunting of the President) Раскажувач Ограничено издание
2004 Големиот одскок (The Big Bounce) Валтер Крувз (Walter Crewes)
2005 Незавршен живот (An Unfinished Life) Мич Бредли (Mitch Bradley)
2005 Војна на световите (War of the Worlds) Раскажувач
2005 Маршот на пингвините (March of the Penguins) Раскажувач
2005 Бетмен почнува (Batman Begins) Луциус Фокс (Lucius Fox)
2005 Несопирливиот (Unleashed) Сем (Sam)
2006 Единицата Едисон (Edison Force) Ешфорд (Ashford)
2006 Договорот (The Contract) Френк Карден(Frank Carden)
2006 Среќниот број Cлевин (Lucky Number Slevin) Главнот (The Boss)
2006 10 предмети или помалку (10 Items or Less) Самиот тој
2007 Еван семоќниот (Evan Almighty) Бог (God)
2007 Гозба од љубов (Feast of Love) Хeри Стефенсон (Harry Stephenson)
2007 Исчезната (Gone, Baby, Gone) Џек Дојл (Jack Doyle)
2007 Листа пред умирање (The Bucket List) Картер Чејмберс (Carter Chambers) Исто така и раскажувач
2008 Баран (Wanted) Слоун(Sloan)
2008 Љубовниот гуру (The Love Guru) Раскажувач
2008 Темниот витез (The Dark Knight) Луциус Фокс (Lucius Fox) -Номинација од сеопфатното здружение на филмски критичари за најдобра изведба.
2009 Матурска забава во Мисисипи ( Prom Night in Mississippi) Самиот тој Ограничено издание
2009 Дебели како крадци (Thick as Thieves) Кеитх Рипли (Keith Ripley)
2009 Првата кражба (The Maiden Heist) Чарли (Charlie)
2009 Непобедливиот (Invictus) Нелсон Мандела (Nelson Mandela)

-НААСП Награда за извонреден актер во кинематографијата -Награда на националниот одбор на критичари за најдобар актер(Нерешено со Џорџ Клуни-George Clooney кој играл во филмот Горе во воздухот-Up in the Air) -Номинација за Оскар за најдобар актер. -Номинација од сеопфатното здружение на филмски критичари за најдобар актер. -Номиниран од страна на Здружението на филмски критичари Dallas-Fort Worth Film Critics за награда за најдобар актер -Награда од Денверското здружение на филмски критичари за најдобар актер. -Номинација за Златен Глобус за најдобар актер-Драма -Награда од Хјустонското здружение на филмски критичари за најдобар актер. -Номинација од здружението на филмските актери за инзворедна изведба на машки актер во водечка улога. -Номиниран од Здружението на филмски критичари St.Louis Gateway за најдобар актер -Номинација од Вашингтонското здружение на филмски критичари за најдобар актер.

2010 Црвено (RED) Џо (Joe)
2011 Роден за во дивината 3Д(Born to Be Wild 3D) Раскажувач
2011 Конан варваринот(Conan the Barbarian) Раскажувач
2011 Приказна за делфини(Dolphin Tale) Доктор Камерон МекКарти(Dr. Cameron McCarthy)
2012 Подемот на темниот витез(The Dark Knight Rises) Луциус Фокс(Lucius Fox) Пост продукција
2012 Вистинската исповед на Шарлот Дојл(The True Confessions of Charlotte Doyle) Захариа(Zachariah) Во продукција
2012 Лето кај кучето на Дејв(Summer at Dog Dave's) Пред продукција
2013 Заборав(Oblivion) Се снима



Телевизија[уреди]

Година Наслов Улога Забелешки
1971–1977 Електричната компанија(The Electric Company) Лесен Читач, Диџеј Мел Моундс,Дракула,Винсент вампирот од зеленчук(Easy Reader, DJ Mel Mounds, Dracula, Vincent the Vegetable Vampire) Телевизиска серија
1978 Грмењето на громот,слушни го мојот плач(Roll of Thunder, Hear My Cry) Чичко Хамер(Uncle Hammer) Направена за телевизија
1981 Надежта на Рајан(Ryan's Hope) Водачот Марфо(Cicero Murphy) ТВ серија(различни епизоди)
1981 Приказната на Марва Колинс(The Marva Collins Story) Кларенс Колинс(Clarence Collins) Направена за телевизија
1982–1984 Друг свет(Another World) Рој Брингам(Roy Bingham) ТВ серија(различни епизоди)
1985 Зона на самракот(The Twilight Zone) Тони(Tony) ТВ серија (епизодата “Изборот на дилерот")
1986 Место за одмор(Resting Place) Лутер Џонсон(Luther Johnson) Направена за телевизија
1987 Борба за животот(Fight For Life) Доктор Шерард(Dr. Sherard) Направена за телевизија
2008 Smithsonian Channel's Sound Revolution Самиот тој(домаќин) Телевизиска серија,домаќин на серијата
2008 Stephen Fry in America Самиот тој ТВ серија, се појавува во 3 епизоди
2010 Извештајот на Колберт(The Colbert Report) Самиот тој Интервју
2010 Дневното шоу(The Daily Show) Самиот тој Интервју
2010 Преку црвоточината со Морган Фримен(Through the Wormhole with Morgan Freeman) Самиот тој(домаќин) ТВ серија,домаќин на серијата
2010 Живо во сабота навечер(Saturday Night Live) Самиот тој What Up With That
2011 Љубопитност(Curiosity) Самиот тој Во епизодата(Има ли паралелен универзум?)


Надворешни врски[уреди]