Доверливо од ЛА (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Доверливо од ЛА (англиски: LA Confidential) е филм од 1997 година базиран на истоимениот роман на Џејмс Елрој од 1990 година, а трет од циклусот романи ЛА Четврт. И филмот и романот раскажуваат приказна за група полицајци од Лос Анџелес во 1950-тите и полициската корупција во судир со гламурот на Холивуд. Филмската адаптација била продуцирана и режирана од Кертис Хенсон кој учествува и во изработката на сценариото во соработка со Брајан Хелгеланд. Во тоа време, Гај Пирс и Расел Кроу биле релативно непознати актери во Северна Америка и еден од покровителите на филмот, Арнон Милкан, бил загрижен за отсуството на ѕвезди во главните рољи. И покрај тоа, тој го поддржал изборот на Хенсон што му дало сигурност на режисерот да им пријде на Ким Бесингер), Дени ДеВито и Кевин Спејси. Кога Хенсон му го дал сценариото на Спејси, му порачал да мисли на Дин Мартинкога ќе ја толкува улогата.

Севкупно, филмот има добра критика, имајќи 98% „сертификувани“ свежи рејтинзи на Ротен Томејтос, од кои 59 од 60 осврти се позитивни. Филмот бил номиниран за девет оскари а добил два - Бесингер за актерка во споредна улога и Хелгеланд и Хенсон за најдобро адаптирано сценарио.

Синопсис[уреди]

Во ерата на сјајот, гламурот, жестината и црнилата на Лос Анџелес од 1950-тите, три полицајци од градот се зафатени во мешавина на корупција, секс, лаги и убиство после масовно убивање во клубот „Ноќна утка“. Приказната во суштина испреплетува организиран криминал, политичка корупција, хероин, порнографија, проституција, жолт печат, институционален расизам, пластични операции и Холивуд. Насловот на романот е поврзан со озлогласениот скандалски магазин од тоа време „Доверливо“, претставен во фиктивниот свет како Ш'ш-Ш'ш (анг. Hush-Hush).