Хунзи

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Хунзи и Калаши
Naslovna stranica so Hunzi.jpg
Насловна страница со слика на Хунзи од 90 години со народни носии на книга за нивниот долг живот
Вкупно население
87.000 Хунзи
Региони со значително население
Знаме на Пакистан Пакистан Знаме на Индија Индија
Јазик

Бурушаски јазик

Религија

Ислам, историски Шаманизам[1]

Хунзите (исто така наречени Бурушо (Буруши) и Хунзакути) се народ кој живее во Хунза, северен Пакистан и во Индија. Не постои официјален консензус за нивното етничко потекло, но според недоволно проучени тврдења тие имаат „македонска крв“ и се потомци на античките Македонци[2][3], па затоа самите и од Македонците се сметани како дел од македонскиот народ[4][5]. Хунзите се претежно муслимани, но во историјата практикувале Шаманизам. Го зборуваат бурушаскиот јазик кој е изолиран јазик, т.е. несроден на ниеден друг јазик. Постојат околу 300 говорници на овој јазик и живеат во Шринагар, Индија.

Хунзите и воопшто, регионот Хунза, ја има највисоката стапка на писменост во Пакистан. Хунза е голема туристичка атракција во Пакистан, и многу Пакистанци и странски туристи доаѓаат за да го уживаат живописниот пејзаж и за да го посетат овој древен народ. Овој реон е многу современ на секој план и е многу напреден за азиски стандарди.

Исто така, во 2001 година е преведена студијата „Основни бурушаски етимологии, индоевропските и палеобалканските афинитети на бурушаскиот јазик“ од Илија Чашуле, напишана на англиски јазик во 1998 година. Студијата обработува 80 бурушаски збора со нагласено евро-индиско потекло. 64 збора, односно 80 отсто од приложените во дадената студија своето етимолошко (фонетско и семантичко) потекло го имаат во античкиот македонски јазик, од тоа повеќето од половината наполно идентични и неизменети денеска се во активна употреба на територијата на Македонија.

[уреди] Поврзано

[уреди] Надворешни врски

[уреди] Наводи

  1. http://www.highbeam.com/doc/1G1-15474302.html
  2. [1] Би-Би-Си „Во чекорите на Алексндар Велики“
  3. http://www.youtube.com/watch?v=yJj5FHosjYw&feature=related
  4. Посетата на кралот и кралицата на Хунзите и нивна средба со премиерот Груевски
  5. Делегација на Хунзите во Македонија - при посетата на кралот и кралицата на Хунза во Скопје, тие се изјасниле дека Бурушите се Македонци и дека Македонија е нивна татковина.
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици