Старомакедонски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Старомакедонски јазик
Зборуван во: Античка Македонија
Исчезнување: Кон III в. пр. Хр.
Јазично семејство: Индоевропско
 Старомакедонски јазик
Јазични кодови
ISO 639-1: нема
ISO 639-2: -
ISO 639-3: xmk

Старомакедонскиот или античкиот македонски јазик е јазикот на античките Македонци. На овој палеобалкански јазик зборувало населението во Античка Македонија, во текот на Ι милениум пр. Хр.. Веројатно, неговата употреба била претежно концентрирана во внатрешните региони, подалеку од брегот.

Сознанијата за овој јазик се многу скудни, бидејќи не постојат сочувани текстови, неспорно напишани на него, макар што, од античките извори е собран еден корпус автентични македонски зборови, главно од натписи врз монети, и од лексиконот на Хесихиј Александриски (5. век), кој содржи околу 700 зборови и имиња.

Карактеристики[уреди]

Како што рековме, многу малку се знае за овој јазик. Тоа што се знае е изведено само од зборовите кои ги имаме. Тука можеме да видиме гласовни преломувања карактеристични за праиндоевропскиот јазик (ПИЕ), напишани како β, γ, δ за разлика од сите грчки дијалекти кај кои се нечујни, сведени на φ, χ, θ.

  • Македонскиот збор δανός дáнос (смрт, од праиндоевропскиот (ПИЕ) *dhenh2- 'напуштање'), споредено со обичниот грчки збор θάνατος тáнатос
  • Македонскиот збор ἀβροῦτες аброутес или ἀβροῦϜες аброувес за разлика од обичниот грчки збор ὀφρῦς офрус или 'веѓи'
  • Македонскиот збор Βερενίκη Вереникē за разлика од обичниот грчки збор Φερενίκη Ференикē, 'победоносен'
  • ἄδραια адраја ('bright weather'), за разлика од обичниот грчки збор αἰθρία аитриа, од ПИЕ *h2aidh-
  • βάσκιοι бáскиои ('називи'), од ПИЕ *bhasko
  • Според Хдт. 7.73 (ц. 440 п.н.е.), македонците велеле дека григијците биле наречени Бригои пред да мигрираат од Тракија во Анадолија (околу 1200 п.н.е.).
  • μάγειρος мáгеирос ('месар') бил позајмен од дорскиот во атичкиот. Виторе Писани вели дека овој збор е од првобитно македонско потекло, кој изгледал вака: μάχαιρα мáхаира ('нож', <ПИЕ *magh-, 'борење')

Истиот третман може да се види во другите палеобалкански јазици, како на пр. фригискиот бекос ('леб'), илирскиот багарон ('топол'), но атичкиот φώγω фōгō ('пече'), сите од ПИЕ *bheh3g-. Бидејќи сите ови јазици ни се познати преку грчката азбука, која нема знаци за гласовни аспирации, не се знае дали деаспирацијата навистина се случила, или β, δ, γ биле земени како најблиските букви за изразување на гласовните аспирати.

Доколку γοτάν готáн ('прасе') е сродно на *gwou ('стока'), тогаш ова индицира на лабиоверларите биле или недопрени, или се споиле со веларите, за разлика од грчкиот третман (атички βοῦς боус). Меѓутоа вакви деривати, не се непознати во грчките дијалекти; споредете го дорскиот (спартански) збор γλεπ- глеп- за обичен грчки βλεπ- блеп-, како и за дорски γλάχων глáchōn and јонски γλήχων глēхōн од обичен грчки βλήχων блēхōн.[1]

Ред примери укажуваат на тоа дека веларните со време станале безгласни, особено при почетокот на зборовите: κάναδοι кáнадои, 'челуст' (<ПИЕ *genu-); κόμβους кóмбус, 'катници' (<ПИЕ *gombh-); во рамките на зборовите: ἀρκόν аркóн (атички ἀργός аргóс); македонскиот топоним Акесаменаи, од пиеријанското име Акесаменос (ако Akesa- се изведе од грчкиот збор агасомаи, агамаи, „вчудоневидува“; споредете го тракиското име Агасаменос).

Видете исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Albrecht von Blumenthal, Hesychstudien, Stuttgart, 1930, 21.